Добивме најдобра група од што можевме да добиеме
Баш ја посакував Германија, да им вратиме за СП во Хрватска, кога и со судии одвај не тепаа, епа сеа ќе биде подруго нема двапати да се протнат на иста врата.
Чешка го има само Јиха и Јуричек (Монпеље) другиве им се раштркани по слабите тимови, додека Шведскиве играчи играат по првенствава во Шведска и Данска и 2-3 во Германија/Шпанија.
Можеме да ги тепаме овие не се ништо посебно, имаат поголем рејтинг само заради тоа што веројатно имаат повеќе настапи на ЕП од нас (само еден настап мие имаме). Реално значи имаме големи шанси за прво место, плус со публиката, ќе се загубат противничкиве играчи како се губеле многу репрезентации во БТ.. плус рачунајте дека најверојатно сите ќе бидат навивачи, не верувам некој да седне на столче на вака важни утакмици, во салава има пекол да биде, па кој сака нека дојде
.
Сеа гледав Чешка изгубила од нашиов јужен сосед на гости, па сеа видете..
додека Шведска се јаделе со Словачка во група 4 на квалификацииве и Црна Гора ги тепале само 3 разлика дома, а на полувреме и губеле.. Германија во група 5 со Исланд има по 1 победа и 1 пораз, а изиграле и дома со Австрија нерешено.
Според горенаведеново дефинитивно ни падна најлесната група
Иначе во случај да пројдеме изгледа вкрстуваме со група А, односно
Полска, Данска, Србија и Словачка, и ова е полесната група во однос на другите две групи, па може ни се смее 1/4 финале на ЕП