Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Македонија
Србија
Франција
Германија
Русија
Словачка
Чешка
Унгарија
Полска
Шведска
Данска
Норвешка
Хрватска
Шпанија
Словенија
Исланд

се сите учесници на шампионатот.
Реално ние сме меѓу најслабите, па слободно можам да кажам можеби и најслабата селекција на турнирот :)
Но сепак знаеме дека со многу публика нашите може да изненадат :D
Словачка не е нешто појака од нас,Чешка исто.Словенија не е некоја сила како што беше во моментов,со Германија која до сега не била послаба може да се игра,Русија е во пад веќе 5-6 години.Србија има 2 бомбардера само,ако ни се погоди да не ги служи шутот,а Борко и Диви да имаат свој ден може да се победат,иаку се домаќини.Унгарија е јака,појака од нас,но со Кире мислам дека ако ни се поклопи се и имаме момент на инспирација некако може и да се победи,исто и мисламл и за Исланд(наш најдобар ден,нивен најлош).Со другиве мислам дека немаме што да бараме со нив.

Иначе како идат по шешири?Да знаеме со кого можеме да се паднеме од прилика?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Прво денес и јас сум горд Македонец! Не само затоа што победивме туку поради тоа што долж квалификациите репрезентативците играа од срце и се бореа за името што го носат!! И покрај поразот од Унгарија во лоши моменти кога Кире беше повреден најдовме сили да продолжиме!!!
Покажавме дека можеме да бидеме во најдобрите 16 во Европа со можност да одиме многу понапред.
Во врска со мечот атмосферата беше фантастична посебно при крајот на првото полувреме. Се на се околу 5500-6000 гледачи! Победата беше шлаг на успехот и се надевам дека во Србија победите нема да изостанат.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.053
Поени од реакции
74.614
Според моето (субјективно :D) мислење, од овие само Хрватаска и Франција се „недопирливи“... со другиве може да се носиме ако играат со полн капацитет нашиве. :)
A Србија и Норвешка што не отворија како црква во недела?:)
Исланд освен тогаш, цело време не елиминираше од баражите, па дури и во циклусот квалификации одма после СП во хрватска, одново не победија и овде и таму...
Норвешка ја совладавме тука во последното коло али таму не маскарираа...
Србија нема шанси да ја тепаме таму, за Хрватска,Шпанија, Германија и Франција да не правам муабет. Тоа што ја совладавме Полска во Хрватска беше најголемо изненадување кое мислам дека никогаш повторно нема да се случи. Унгарија веќе ни покажа како се игра ракомет. Данска има да не растрча и 40 гола од контра да ни бапне...
Незнам на какво ниво се во моментов Словенија и Шведска, ама реално при убава атмосфера можеби можемне да се носиме со нив. Русија можеби ни е најдобар противник али би биле во ист шешир со нив, слично како и со Чесите па не би се паднале ни со двете....
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Левов го зимаа ама каде ќе игра кога Кире игра на негова позиција само за замена но тоа би било минимално,замена за Алушевски сигурно треба да е Манасков детево напредна многу и очекувам да игра понатаму он на таа позиција.
За тоа дека сме најслаба репрезентација точно е меѓу најслабите сме не заборавајте вечерва за Босна не играа можеби најдобрите играчи и не им бранеше Штербик со тие играчи и голман сигурно ќе беше тешко на СП има полесни репрезентации вака тука нема слабо на ЕП така да ќе биде секој натпревар важен и нема да има лесен меч да се надеваме со полна сала и добри навивачи ќе паѓаат и големи репрезентации како на СП во Хрватска.
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Нема врска,немој да ме зезаш.што е словенија појака од нас... Чешка,Словачка,па и од другите можеме да се носиме го докажавме тоа,сакам Норвешка да се падне,да можеме да им вратиме,за на светското,пошто можевме да ги тепаме тогаш,а и сега доста е искусна оваа наша репрезентација...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
@ Сајбер - на хартија сме меѓу најслабите да, али ти викам со поддршка нашиве знаат да се надминат. Плус ти зборам за утакмици у група, не за понатаму. За понатаму притисокот може да ги соголи нашиве, како многупати досеа...

Али бар овде можам со право да се надевам, за разлика од фудбалерине...:D

А колку играчи се пријавуваат за официјалниот состав на ЕП, 15 или повеќе !?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И на светското ако ви текнува една Данска имаше лош ден кога играа со нас ама ние не знаевме да го искористиме тоа :) кога тогаш на турнирот ќе треба да се соочиме со гигант ама и да одговориме на предизвикот. Само да се поработи на отстранување на грешките.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.053
Поени од реакции
74.614
Нема врска,немој да ме зезаш.што е словенија појака од нас... Чешка,Словачка,па и од другите можеме да се носиме го докажавме тоа,сакам Норвешка да се падне,да можеме да им вратиме,за на светското,пошто можевме да ги тепаме тогаш,а и сега доста е искусна оваа наша репрезентација...
Од што е поискусна, неуспеавме да наредни квалификациски циклуса да поминеме, притоа едниот со екипи како Турција и Литванија:oops:
Многу работи треба најпрвин да се средат во федерацијата. Кога нема да има веќе поделби тогаш ќе биде друга песна. Ете сега на еден начин раководењето со националната селекција му е дадена целосно на металург. Зошто да не го видиме и лино за селектор...
Шундовски е ограничен тренер. Дефинитивно не е човек што може чудо да направи. да бидеме реални од овие квалификации неможеме да оцениме каква е вистинската сила на нашиот состав.
Вистина е дека имаме голем квалитет, но игравме против Босна која во двата меча беше растур систем која на два пати загуби од естонија. Унгарија како што кажав ни одржа лекција....
Једино може да радува победата во Талин, пошто во минатото сите наши селекции знаеле да кикснат во најважни утакмици...
И минатиот пат не влеговме нешто убедливо, и тренерот беше истотака просечен, но ја имавме сречата и еуфоријата...
Незнам баш дали повторно би се нашле во таква ситуација:confused:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Уште еднаш секоја чест за репрезентацијата така се игра за националниот состав !!!! Овој тим тоа го покажа уште во Хрватска што значи дека ова не е случајно ова треба да биде репер за сите репрезентации !!!

Инаку во врска со ЕП во Србија. Прво треба да се знае дека од 4 групи по 4 екипи три продолжуваат во втора фаза каде се формира група. Од сите 16 екипи и 4 барабани за ждрепката во среда, Македонија очекувано се наоѓа во четвртиот со оглед на страшната конкуренција да се биде во топ 16 е страшен успех.
Е сега би рекол дека дефинитивно можеме да се носиме со Словенија, Чешка, Словачка, Русија, Норвешка, Унгарија и Исланд. Ова не значи дека со една од овие репрезентации што сигурно ќе ја добие, би триумфирале но и не значи дека и од првиот квалификант од прв или втор шешир како Шпанија, Франција Полска или Хрватска не би забележале победа. Како и да е ќе зависат многу околности но убеден сум дека имаме сили со две победи да бидеме втори но и третата позиција не би била лоша со оглед на тоа дека влегуваме и така во втора фаза (секако без бодови).
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Нема врска,немој да ме зезаш.што е словенија појака од нас... Чешка,Словачка,па и од другите можеме да се носиме го докажавме тоа,сакам Норвешка да се падне,да можеме да им вратиме,за на светското,пошто можевме да ги тепаме тогаш,а и сега доста е искусна оваа наша репрезентација...
Ок но со тие не можеме да се паднеме а и мислиш дека Чешка не е јака со еден Јиха?Норвешка и не е толку лоша се виде сега оваа година колку е јака.
п.с

 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.370
Поени од реакции
5.461
Од играта денес горе-долу сум задоволен и од целиот квалификационен циклус !!!
Покажаа дека момците играт со срце, но денес малку потфрлија но сепак е оправдано оти пред тоа се знаеше дека сме пласирани. Борко денес растур направи браво !!!
За играчкиот кадар јас искрено Манасков не би го зел на европско, мислам дека е рано уште од сега, пред него престој долга кариера каде ќе му се пружи шанса.
Сега за на европско и тоа како ќе ни требаат Левов, Георгиевски и Пецаковски, овие се врвни ракометари незнам зошто не се во репрезентација сега а предходно беа :confused:
Филип Лазаров во Пелистер стекна способности и почна да се покажува по малку...
За атмосферата незнам шо да кажам значи искрено театарска, да не беше спикерот ќе седеа цело време со тие куралата враце (n) мислам срамота е 7000 публика и сите така да дремат...
Многу ми е криво шо Битола не ги исполнува условите за да се игра тука репрезентација, а и самите репрезентативци сакаат да играт тука, знаат и дел од ракометарите кои играат во нашето првенство како се навива Битола, значи цела сала 6000 на нозе и се навива од двете трибини без престан...

На европското очекувам да бидиме во ТОП 10, на некој можи ќе му изгледа зачудувачки но на Светското во Хрватска кога можевме да ги победиме поголеми екипи од нас како Полска зошто да не можиме и тука, потребна ќе ни биде само МАКСИМАЛНА поддршка од публиката, другото останува на ракометарите...
Во групите сакам да ги избегнеме само: Франција, Германија, Данска, Шведска и Шпанија овие искрено се далеку подобри од нас, со другите можиме да се надигруваме...

ЗАТО ОДИМЕ СИТЕ СРБИЈАААА !!!!!!!!!!
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Од што е поискусна, неуспеавме да наредни квалификациски циклуса да поминеме, притоа едниот со екипи како Турција и Литванија:oops:
Многу работи треба најпрвин да се средат во федерацијата. Кога нема да има веќе поделби тогаш ќе биде друга песна. Ете сега на еден начин раководењето со националната селекција му е дадена целосно на металург. Зошто да не го видиме и лино за селектор...
Шундовски е ограничен тренер. Дефинитивно не е човек што може чудо да направи. да бидеме реални од овие квалификации неможеме да оцениме каква е вистинската сила на нашиот состав.
Вистина е дека имаме голем квалитет, но игравме против Босна која во двата меча беше растур систем која на два пати загуби од естонија. Унгарија како што кажав ни одржа лекција....
Једино може да радува победата во Талин, пошто во минатото сите наши селекции знаеле да кикснат во најважни утакмици...
И минатиот пат не влеговме нешто убедливо, и тренерот беше истотака просечен, но ја имавме сречата и еуфоријата...
Незнам баш дали повторно би се нашле во таква ситуација:confused:
Играчите се мењаат брат,тек во Вардар тек во Металург,ете Алушевски,Наумче,Златко Мојсовски,Борко,Диви.Тоа е тоа Вардар и Металург го држат ракометот во Мак,да може во иднина Червар да се донесе за тренер би било одлично,требаше и од порано он,али во иднина би можел да дојде !
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Шундовски е добар искусен тренер има искуство и од Хрватска кога му беше помошник на Темелковски. Ги познава одлично играчите беше тренер и на Металург треба да му се остави шанса за во Србија. Имаме време за анализи јас сум оптимист дека можеме да избориме историски пласман. Ќе видиме веќе во среда со кого и каде ќе играме па тогаш ќе калкулираме.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Шундовски може да остане како помошник тренер, ама како селектор никако.. истото беше и со Темелковски, како тогаш и сега Лазаров е главниот тренер, тој ги поставува играчиве само што тренерот ги менува играчите. Ама искрено не ни треба некој странец тренер, вака е подобро со 100% Македонци, дечкиве стварно се сложни, плус кога има Македонски тренер се гледа дека се е како што треба, со странец пробавме (со Вујовиќ) ама не се исплати, би било добро да имаме некој што би ни давал само совети, но само да остане на тоа..
Ми се наполни душава кога ги видов ракометариве како играат за Македонија и како се радуваа на секој даден гол, а и на крајот. Дечкиве се значи стварно големи патриоти, плус со искуството стекнато, плус 7-от играч :) , имаат квалитети за топ 12 сигурно и само нека си продолжат вака, ќе ја имаат цела подршка од Македонскиов народ.
Можеби ќе треба од следниот циклус да почнеме еден процес на подмладување на екипава, да се внесуваат пополека млади играчи затоа што овие неможат цел живот да играат. :)
Атмосферата беше добра според мене, на почетокот ако се мереше звукот (со ракоплескањето и тоа од ВИП стапчињата), сигурно ќе надминевме некој рекорд на гласност..:) после тоа на секој нивни напад се свиреше (ко да е многу важна утакмица у пм), а на наш напад нонстоп со тапанот и цела сала ист ритам фаќаше. Потоа дојдоја и брановите, па и последните 10-15 минути кога беше вистинска гордост да се биде во БТ, тоа само овде може да се доживее :). Тоа е тоа не требаше толку внимание да се посвети кон утакмицата, која буквално ништо не ни значеше, требаше да се посветиме на славењето и навивање ама кога се нема навивачка група тоа е, и плус кај има многу скопски шминкери тоа е(чест на исклучоци), а иначе спикерот ќе го биде за воџа :D
Иначе на фудбал не се чудите што имаше 30 000, а салава сеа не се наполни... 2/3 од тие заминаа само да го видат стадионот. Кажано е одамна скопјаниве не го сакаат спортот..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom