Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Браво наши, секоја чест! (y)

Сега нестрпливо чекаме да дојде среда и да видиме во која група ќе нè изберат. Ако е Ниш, мислам дека ќе врие од Македонци и навивачи за Македонија и баш ќе биде како да сме дома.

Каде и да нè одберат, се надевам дека ќе има организиран превоз за нашите навивачи, ама ако сме во Ниш, мислам дека дури и два пати дневно ќе може превозот (автобусот или што да е) да оди до таму и назад, па би било извонредно ако се соберат многу наши навивачи.

Уште еднаш, секоја чест Македонци. Заслуживме да се пласираме на Европското првенство!
 

bootboy

Skopje Bootboys!!!
Член од
29 декември 2008
Мислења
624
Поени од реакции
346
Како што слушнав убаво на преносот, ждрепката ни падна во Ниш да играме, а тоа значи инвазија и окупација на градот! :D
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.979
Поени од реакции
7.119
Како изгледаше на ТВ, бе? :)
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Како што слушнав убаво на преносот, ждрепката ни падна во Ниш да играме, а тоа значи инвазија и окупација на градот! :D
Не, туку ждрепката ќе биде во среда и посакуваме да ни падне во Ниш да играме, за да извршиме инвазија и окупација на градот ;)

Туку, нешто друго... Дали има замена за Алушовски на позицијагта десно крило? Секоја чест за човекот, растура и на близу 40-годишна возраст, но кај и да е ќе му дојде времето за заминување. Гледав и слушав дека се прават експерименти Ангеловски да игра на таа позиција, но дали ќе биде така?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Атмосферата можеше и подобро, сигурно во Србија ќе биде подобро :) Филип Лазаров растура :LOL:

Не, туку ждрепката ќе биде во среда и посакуваме да ни падне во Ниш да играме, за да извршиме инвазија и окупација на градот ;)

Туку, нешто друго... Дали има замена за Алушовски на позицијагта десно крило? Секоја чест за човекот, растура и на близу 40-годишна возраст, но кај и да е ќе му дојде времето за заминување. Гледав и слушав дека се прават експерименти Ангеловски да игра на таа позиција, но дали ќе биде така?
Нема, затоа и игра.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Макалоски беше колку толку достојна замена за Алушевски-нз зошто го нема викнато.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Не, туку ждрепката ќе биде во среда и посакуваме да ни падне во Ниш да играме, за да извршиме инвазија и окупација на градот ;)

Туку, нешто друго... Дали има замена за Алушовски на позицијагта десно крило? Секоја чест за човекот, растура и на близу 40-годишна возраст, но кај и да е ќе му дојде времето за заминување. Гледав и слушав дека се прават експерименти Ангеловски да игра на таа позиција, но дали ќе биде така?
НЕ го виде Манасков бе. :)
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Абе и Ниш да е и Нови сад да е исто е ... за оваа репрезентација и до Кина идеме ! :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.053
Поени од реакции
74.632
Да не претерам ама 70% од населението таму или се Унгарци или имаат унгарско потекло и мрзат Срби :) Еднаш кога пливав таму на еден натпревар конкурент ми беше една Србинка и цела публика ме бодреше ко светски рекорд да ќе направам :D :D :D :D :D
Претера малку со процентиве :D
Може така да се погодило тогаш :D
Само да не играме во Белград, секаде на сдруго место е прифатливо за нас.
Ако играме во Ниш, тоа е исто како во Скопје да се игра :)
Кога играше Кометал таму со Дин (мислам дека така се викаше екипата), ние бевме како домаќини. Само Комити се слушаа во салата со позната Нишка бања, топла вода...
Плус како група сме во супер врски со тамошните Мераклије...
Ниш е најракометен град во Србија, па нема да ме чуди и ако Србија игра таму...
И последниот меч со нас го играа таму...
И воглавно Србија своите поважни мечеви ги игра таму, бар така мислам....
И во Нови Сад ќе биде добро, пошто и со тамошните фанови одлично стоиме.
Таман да се спремиме за белград каде што осеќам дека нема воопшто убаво да не примат, пошто идиотчињата се гневни како сме наивале против нив на Европското за жени во МК :D
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Макалоски беше колку толку достојна замена за Алушевски-нз зошто го нема викнато.
Пензиониран е мислам.
Али ете го малиот Манасков го играат сега крило.Доста брз е и солиден може да го биде на таа позиција иако природна мислам му е бек.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
НЕ го виде Манасков бе. :)
Искрено - не го видов. Сериозно, имав некои проблеми со трасата и не видов кога го дал последниот гол.

Како и да е, се надевам дека Манасков ќе заслужи да игра на таа позиција до јануари. Но како и да е, повторно е само едно лево крило и ќе му треба и нему замена.

Ова го зборам зашто на позицијата на десно крило се Темелков, З. Мојсоски, а плус таму може да се додаде и Георгиевски, што е млад и игра во Металург и е многу талентиран (барем беше кога го гледав). Идејата ми е дека треба да има таква конкуренција и на позицијата лево крило, но, ете, таму сме дефицитарни.
 
М

Мартин`

Гостин
Не сум сигурен, ама мислам дека Манасков е бек.

Сега читам, десно крило???
Лево крило и бек игра Дејан Манасков ко што знам, зависи каде треба ..

Инаку ме интересира од оние што веќе биле пример во Хрватска што беше првенството, превоз имаше организирано од РФМ ? Зошто знам едно време и бесплатен имаше, него и да нема бесплатен не е проблем само за спиење како беше ? дека не е 1 ден .. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom