Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Се сложувам со тоа да се бара воведување на поголема дисциплина во полициските редови како и голема одговорност како во така и вон работното време меѓутоа распуштање никако. Граѓанинот треба да се почитува без разлика каков е, односот на секој полицаец треба да е културен пред се и последното средство да биде употреба на физичка сила доколку тоа е неопходно. Треба и таа внатрешна контрола да биде поригорозна. Меѓутоа распуштање на некоја единица -никако. Тоа со сигурност би ја влошила безбедноста по улиците!!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
ЈБГ, знам дека портпаролите се најомразени суштества, тие секој ден ги презентираат ставовите кои другата опција не може да ги смисли и го собираат гневот од сите, во долги периоди :) Но факт е дека нас не ни е докрај јасно што се случило и по ова прашање треба да престанеме да шпекулираме. Јас сакам да видам одговорност од некој повисок, хебеш одговорност од портпарол, тоа не е одговорност, тоа е колатерална штета.
Toa де, тоа сакам и Јас, одговорност од некој повисок, одговорност од министерката а не од одредени нерелевантни пиончиња ко потпаролот за кој пак ќе кажам, треба да е еден од оние кој мора да замине бидејќи е дел од хаотичното работење овие 2 дена.
Он како потпарол треба да се залага што поскоро да добие информација која е и те како важна за цела јавност, и самите се свесни дека секое дополнително одовлекување на овој случај оди на нивна штета, не може никој мене да ме убеди дека само пар луѓе ги знаеле вистинските околности 39 часа по извршувањето на убиството.

Па испаѓа Иосоно, ја и ти овде на форумов повеќе знаевме од самиот Иво Котевски што е апсурдно.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ниту еден тест не е некој релевантен показател дека некој утре нема да те удри со палица во глава.
Еве како ќе изгледа тестот во кратки црти

1.Дали ако некое лице се обидува да избега (заокружете го точниот одговор)

а) Ќе отворите оган од оружје кон него без притоа да водите грижа дали ќе повредите случаен минувач
б) Ќе го оставите да избега и онака кур ве боли, секако партиски сте вработен и нема кој да ве избрка.
в) Ќе се обидите да го уапсите и притоа ќе викнете засилување на радио
г) Ќе се упатите кон најблиската кафеана на гага пијачка
д)се од погоре

Поентата ми е треба да се бара поголема одговорност од брката министерка ако на пример оставка за да ги стегне малку масните командири по станици, а тие да ги затегнат нивните работници и да ги потсетат дека се сервис на народот, а не инструмент на партијата упс државата.
Неколку откази, состаноци секое утро и секако дека работата ќе тргне на подобро.
Лошото е што МВР не информира навремено за настанот без разлика дали од неспособност или пак намерно Јанкуловска е најодговорна и треба да се оди зошто не знае што и се случува во оставата со Бикчиња, а не во департментот
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Секој ден на протестите зборуваме за тоа како не треба да бидат политички собирите. И тоа е во ред, се сложувам. Но не е ништо политичко ако јас кажам дека власта проба ова да го сокрие. А многу луѓе на тоа се дерат батали тоа. Не е батали... Нека се знае дека Груевски проба да ја заташка работата!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.940
Поени од реакции
73.507
Провладините медиуми одма ги извртуваат изјавите нан навивачките групи демек ние немало да улествуваме во истите заради тоа што биле партиски протести. Тотално од контекст се вадат изјавите и на нас (Комити), и на ЦПБ и на ФА. Вистината е дека ние како групи НЕМА ОРГАНИЗИРАНО да одиме на вакви протести, кој сака може да си оди, таму сите сме протестанти. Само да излаат нешто ти ебам медиумите. Испративме демант како група на соопштението во кое се вели дека Комити правеле инциденти но како и секогаш никој не го објави...
http://www.komiti.org/vest-88.html
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.197
Eве зашто дотичните од горе мора да понесат одговорност, зашто заслужуваат оставка, зашто заслужуваат да ги снема од ова министерство
Тие луѓе, столбот на институцијата што треба да го обезбедува јавниот ред и мир во државава или се обиделе да прикријат што се случува или воопшто не биле свесни што им се случува. Во обата случаја постои одговорност, но треба доблест за таа да биде прифатена.
А кого тоа лажете ?

Навистина е патетичен обидот да се препише партија за оние кои бараат одговорност тука, навистина е патетичен обидот за да некој бара објаснување за тоа зашто се бара оставка а во меѓувреме на истата таа личност и се познати сите информации поврзани со овој случај, поврзани со работата на МВР.
 

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.505
Поени од реакции
2.180
Оф топик или не, бришете ме, само дајте некој нека ме дружи на Плоштад, да не дремам сам ко вистински социопат, не можам да најдам луѓе што ќе дојдат со мене натака.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.940
Поени од реакции
73.507
Оф топик или не, бришете ме, само дајте некој нека ме дружи на Плоштад, да не дремам сам ко вистински социопат, не можам да најдам луѓе што ќе дојдат со мене натака.
Иди сам ќе најдеш многу познати сигурно :)
Од трите дена што бев, два пати отидов сам, и цело време сретнувам по некој познат...
Денес неможам да идам али собирам енергија за утрешниот се надевам најголем протест. Се молам само плотрониве и медиумиве да не внесат мислење дека протестите биле пасртиски. За нив секој протест е партиски, ама овојпат мислам дека нема да успеат сда го сторат тоа што секогаш им успева.
САКАМЕ ПРАВДА!!!!!
 

firestarter

нетачен
Член од
3 април 2008
Мислења
80
Поени од реакции
6
Да се престане да се шпекулира дека припадникот на “Тигрите“бил на обезбедување на партиски собир на плоштадот.Прво истиот е припадник на обезбедување на премиерот,а каде оди премиерот оди и тој.Зашто реагирал така кон починатиот и која била причината тој си знае сам и треба да каже.Дека е партиски војник не е бидејки е професионален полицаец 12 години во ЕСЗ “Тигар“со завршено полициско училиште.Ако обезбедуваш ВИП личност од одредена партија која ја преставува државата тоа не те прави партиски војник туку професионалец и не треба да се лепат етикети кон некого кого не го познаваме,а дека има партиски војници и дека се вработуваат без никакво професионално образование има и тоа мора де се реши.Жално е што згасна млад живот и тој што го направил тоа треба да одговара пред институциите но треба и самиот граѓанин да се запраша дали и тој ги почитува законите.Сите си ги бараме правата но дали си ги знаеме и обврските
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Провладините медиуми одма ги извртуваат изјавите нан навивачките групи демек ние немало да улествуваме во истите заради тоа што биле партиски протести. Тотално од контекст се вадат изјавите и на нас (Комити), и на ЦПБ и на ФА. Вистината е дека ние како групи НЕМА ОРГАНИЗИРАНО да одиме на вакви протести, кој сака може да си оди, таму сите сме протестанти. Само да излаат нешто ти ебам медиумите. Испративме демант како група на соопштението во кое се вели дека Комити правеле инциденти но како и секогаш никој не го објави...
http://www.komiti.org/vest-88.html
Јас пак добивам впечаток дека тие што ги водат навијачките групи се под влијание на политиката и партии и дека се исполитизирани. Пример е дечкото што говореше затскриен на камери на погребот на мартин како за петок ги повикува сите навијачи на цпб на масовен протест а денес гледаме официјални соопштенија од истата група кај јанко на зид, после тоа ми кажаа дека и фамилија аеродром излегува со такво соопштение на нивната официјална страна и еве гледам и комити. Мислам дека целта е јасна да не се има огромна масовност и со притисок кон навијачите да не излегуваат на протести.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ниту еден тест не е некој релевантен показател дека некој утре нема да те удри со палица во глава.
Еве како ќе изгледа тестот во кратки црти

1.Дали ако некое лице се обидува да избега (заокружете го точниот одговор)

а) Ќе отворите оган од оружје кон него без притоа да водите грижа дали ќе повредите случаен минувач
б) Ќе го оставите да избега и онака кур ве боли, секако партиски сте вработен и нема кој да ве избрка.
в) Ќе се обидите да го уапсите и притоа ќе викнете засилување на радио
г) Ќе се упатите кон најблиската кафеана на гага пијачка
д)се од погоре

Поентата ми е треба да се бара поголема одговорност од брката министерка ако на пример оставка за да ги стегне малку масните командири по станици, а тие да ги затегнат нивните работници и да ги потсетат дека се сервис на народот, а не инструмент на партијата упс државата.
Неколку откази, состаноци секое утро и секако дека работата ќе тргне на подобро.
Лошото е што МВР не информира навремено за настанот без разлика дали од неспособност или пак намерно Јанкуловска е најодговорна и треба да се оди зошто не знае што и се случува во оставата со Бикчиња, а не во департментот
Па не би рекол дека тестовите се само од овој тип. Ако ги имаш гледано оние промотивните видеа за "Биди Тигар и бори се како Тигар" таму ќе видиш дека имаат и вежби за трпеливост, односно ситуација каде Тигрите решаваат некакви психолошки тестови а надредениот случајно им улетува на сред тест и почнува да им ја треска од земја клупата на која пишуваат. Потоа има најразлични други тестови, ко на пример во некоја рандом ситуација некој доаѓа и ги шамара ама они не смеат да вратат пошто ќе паднат. Кај Мосад конкретно имам видено дури и исценирано киднапирање на агенти на Мосад од страна на Арапи, каде агентиве понатаму реално се мачени со цел да се види дали би издале некоја доверлива информација . Она што сакам да кажам е дека Тигар се навистина елитна полицииска единица, и една таква единица не смее да си дозволи да нема такви вежби и тестови со кои се испитува колку поединецот е психички лабилен, и јас верувам дека имаат се што е потребно. Вистинското прашање е дали овие тестови стојат само на хартија или се применуваат само кога снимаат промотивни видеа, или пак се применуваат селективно, односно не се применуваат за поединци кои се членови на партии и кои се предлагаат од страна на партиите, како што се претпоставките и со убиецов. Мене никој не може да ме убеди дека обвинетиот ги поминал наведените тестови. Што се вели куче можеш да го истренираш да те слуша кога ќе му кажеш да јаде или да седи а кога не, а не па човек кога да убива а кога да не убива. Друга ствар е што убиецов најверојатно имал и полициско досие, па се поставува и второто прашање - Како е можно некој да биде Тигар а воедно и обезбедување на премиерот (што е уште едно прекршување) а да има полициско досие? И после некој ќе ме прашува зошто требало некои повисоки функции да сносат политичка одговорност.
 
Член од
6 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
25
Јас пак добивам впечаток дека тие што ги водат навијачките групи се под влијание на политиката и партии и дека се исполитизирани. Пример е дечкото што говореше затскриен на камери на погребот на мартин како за петок ги повикува сите навијачи на цпб на масовен протест а денес гледаме официјални соопштенија од истата група кај јанко на зид, после тоа ми кажаа дека и фамилија аеродром излегува со такво соопштение на нивната официјална страна и еве гледам и комити. Мислам дека целта е јасна да не се има огромна масовност и со притисок кон навијачите да не излегуваат на протести.
Го стиснале од партијата јасно е како ден. Сега дури прес конференција мораше да одржи у анфас, така му кажале. Тоа може да биде само добро. Значи нема да има потенцијално бегање од контрола на протестирачите.
Инаку кур ме заболе за медиумите и така само пензионери им веруваат. Твитер из д риал тинг. Луѓе од сите области се заангажираа за работава и тоа асално. Се објавуват стории по странски медиуми кои се милјон пати по релевантни. Твитајте.
И така А1 ќе објави пошто само они имаат твитер изгледа.
Инаку на кој му е стварно стало до ова и знае троа инглиш еве ви линк до европска комисија
http://europa.eu/europedirect/write_to_us/mailbox/index_en.htm па напишете нешто. Многу луѓе веќе го сторија ова.
ЕК можат да им мавнат по две воспитни на овиа нашиве оти се праат наудрени пошто мислат дека владеат со многу медиуми.
 

General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
Оставете го момчето да почива во мир, сите партии треба да стојат на страна од овој случај а сторителот да биде казнет согласно законот, мислам дека полицаецот сигурно не сакал да дојде до ова.
Повторувам не давајте политичка позадина на несреќниот случај, не ни време ни место ниту ќе биде.
--- надополнето: Jun 9, 2011 5:10 PM ---
Инаку се гледа дека има партиски прсти вмесано по односот на дел од учесниците кон полицијата која ги обезбедува, ја навредуваат, плукаат, и провоцираат полицијата.
За споредба во италија бев пред некое време и имаше огромен протест/штрајк и првиот човек/штрајкувач само малку ја испровоцира полицијата тогаш беше превземена акција врз цела толпа и тепањето беше страшно.
Доколку провокациите продолжат мислам дека треба полицијата да го уапси и "советува" во станица тој што има некои насилни намери.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom