Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
И кое е решението? Ако не, да ја распуштиме полицијата и да немаме полиција во земјава? Да ги казниме и добрите полицајци? Добрите алфаши? Добрите тигри? Да ги казниме и сите оние кои запленуваат дрога, се борат против криминал? Нема општество без корупција и без идиоти во секој сегмент. Но, има и добри луѓе кои добро си ја работат работата, и јас од почит према таквите, не се ни осмелувам да ја осудам целата полиција. А овој пример на полицаец и сите такви како него, се согласувам дека не им е место во полиција. Дека од погрешни причини се примени на работа.
Решението е ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИ. И морални и реални. Морални - шефот на единиците да си даде оставка веднаш, министерката да функционира во оставка додека не се направи целосна истрага. Реални - да се направи детална анализа на составот на тие единици, да се утврди во која функција бил тој таму (обезбедување, приватно) и ако е по должност да сноси одговорност и тој кој го организирал настанот.
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
@ZOTE Доколку сакаат да ја изманипулираат јавноста тоа ќе го направат на многу покомплексен начин. По неговото јавно ''затворање'' и осудување на 16 години затвор, тој човек 2 дена по пристигнувањето ќе добие нов идентитет, ново место за живеење и ќе биде пријавен како да ја одлежува казната. Холивуд на страна, наше е да го изразиме својот револт, да покажеме дека нема место за насилство во нашава држава и дека нема место за ескивирање од проблеми. Сите сме одговорни еднакво пред закон. Тоа е пораката што треба да ја испратиме преку протестот.

И не е воопшто вкусно да се политизира проблемов, поради тоа што истиов нема никаква врска со политиката.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Поентата ми беше на повиците за санкции кон сите алфи или тигри...или што се во случајов незнам точно.
Санкцијата треба да ја сноси оној што го направил тој злочин, но негледам зошто сите кој носат идентична униформа по автоматизам треба да бидат казнети.
Го мешаш гневот кој сите го осеќаат према наведените припадници на “специјални“ единици и кривична одговорност.

И кое е решението? Ако не, да ја распуштиме полицијата и да немаме полиција во земјава? Да ги казниме и добрите полицајци? Добрите алфаши? Добрите тигри? Да ги казниме и сите оние кои запленуваат дрога, се борат против криминал? Нема општество без корупција и без идиоти во секој сегмент. Но, има и добри луѓе кои добро си ја работат работата, и јас од почит према таквите, не се ни осмелувам да ја осудам целата полиција. А овој пример на полицаец и сите такви како него, се согласувам дека не им е место во полиција. Дека од погрешни причини се примени на работа.
Решението?
Сосема едноставно, преземање на одговорност секој за себе, за своите постапки и дела.
Никако рентање манијаци и психопати за создавање илузија на безбедност.
Тоа е круг од кој нема надвор.
Самореплицирачки е, како вирус. Секако му треба и жртва.
Што повеќе закони и контрола, тоа повеќе убиства и криминал. Секаде е така, така било и ќе биде. Универзален закон.
Или илузија за безбедност и робување на ретарди “со овластувања„ или слобода и одговорност.
Трето нема.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Од ова понеинтелигентно не можеш да склопиш реченица гарант, тешко дека би се надминала, од една страна поназад поради твојата неинформираност те просветлив како стојат нештата, па откако увиде дека, цитирам '' можеби не ги познавам полициските техники '' се дрзна да речеш '' ама знам нешто што ти не знаеш, дека оваа држава има закон '' ...

Епа драга, ај да те допросветлам, гледам првото делумно запали, одиме ...
Точно, оваа држава, ко и секоја друга држава има закон и тоа е нешто кое и на детенце од прво одделение му е јасно, затоа премногу неинтелигентно звучеше она од погоре, јас знам нешто што ти не знаеш а тоа е дека земјава има Закон ( wtf бре ?! ), а претходно ти држам лекции како треба да постапува лице вработено во МВР токму по тие закони за кои ти тврдиш дека ти биле познати ( колку контрадикторно од твоја страна со оглед на твоето непознавање на полициската виктимизација ) а мене не ми биле познати.

Нејсе тоа, не е битно, незнам зашто,,,,,,,,,,,,.
И сега, што правиме, откако јас волку небитна за оваа земја признавам дека не сум била информирана околу пресовите на надлежните? Што правиме што сум се обидела неемотивно да го сфатам убиството (жал ми е, не сум емотивна ниту за лични проблеми)? Што правиме што се обидувам да бидам објективна, и само поради тоа не се ни обидувам да гледам ТВ за да ги слушам срањата на А1 и Сител?

И откако ете, јас си го признав тоа, што правиме? Ќе ја расформираме полицијата? Ќе забраниме да постои полиција? Ќе ги линчуваме сите полицајци? Што ќе правиме? Јас би сакала да го дочека исходот од обвинението кон момчето, и ако овој полицаец случајно добие казна за ,,убиство од небрежност,, тек тогаш ќе излезам и ќе протестирам и ќе палам и ќе кршам. Ама сега? Не гледам причина да протестирам, ниту мирно.

Никаде не е розево. Во ниту една земја.

Јас само имам разбирање дека оваа земја е долго долго време држена во заложништво, и тој што е на власт прави обиди тоа да се промени, а кој работи тој и греши. Грешка можеби е формирањето на ваква единица, и уште поголема грешка што било кој добил работа таму.

Но, познавам и добри полицајци, посветени на работата, познавам полицајци кои умреа за ти мирно да спиеш, познавам полицајци кои секојдневно си го ризикуваат животот за да се расправаат со секакви криминалци.

Затоа не можам да ја обвинам целата полиција, и не можам да ја осудам целата полиција.

За сите вакви говеда, како овој тигар, најстрога казна. За да им се исчисти образот на оние кои чесно и посветено си ја работат работата.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Решението е ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИ. И морални и реални. Морални - шефот на единиците да си даде оставка веднаш, министерката да функционира во оставка додека не се направи целосна истрага. Реални - да се направи детална анализа на составот на тие единици, да се утврди во која функција бил тој таму (обезбедување, приватно) и ако е по должност да сноси одговорност и тој кој го организирал настанот.
Тоа во некоја утописка држава, во Македонијава наша тешко.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Тоа во некоја утописка држава, во Македонијава наша тешко.
Епа тогаш што. Ќе излеземе да повикаме малку да ни помине, и после од петок ќе размислуваме за други "поважни" работи (нова влада, дали бензинот ќе поскапи, дали Вардар ќе го спасат од втора лига...)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
Го мешаш гневот кој сите го осеќаат према наведените припадници на “специјални“ единици и кривична одговорност.

Решението?
Сосема едноставно, преземање на одговорност секој за себе, за своите постапки и дела.
Никако рентање манијаци и психопати за создавање илузија на безбедност.
Тоа е круг од кој нема надвор.
Самореплицирачки е, како вирус. Секако му треба и жртва.
Или илузија за безбедност и робување на ретарди “со овластувања„ или слобода и одговорност.
Трето нема.
Ете гледаш, дали некаде јас реков дека не треба да се преземе одговорност СЕКОЈ ЗА СЕБЕ?
ДА ТРЕБА, и треба да се донесе највисока можна казна за дотичниот, и сличните со слични досиеа.
Но не можеме да ја обвинуваме цела полиција. Не можеме. Како што не можеме ова момче да го правиме светец. Реалноста не е таква. Ниту џандаров имал право да го удри кога овој веќе не се опирал, ниту па овој смеел да бега од полиција. Сигурна сум дека на тигарот не му била намерата да го убие, но го убил, и мора да си ја сноси одговорноста САМ ЗА СЕБЕ. А не цела полиција за него!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Го мешаш гневот кој сите го осеќаат према наведените припадници на “специјални“ единици и кривична одговорност.
Можеби, не ја следам дискусијата од почеток, само коментирав на повиците за групно санкционирање на сите кој ја носат таа униформа.
Според мене секој треба да одговара за своите сопствени постапки, не се должни колегите на тој полицаец да сносат одговорност за нешто кое тој го сторил.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Епа тогаш што. Ќе излеземе да повикаме малку да ни помине, и после од петок ќе размислуваме за други "поважни" работи (нова влада, дали бензинот ќе поскапи, дали Вардар ќе го спасат од втора лига...)
Тоа и ќе се случи верувај, ова многу брзо ќе се заборави и тоа е лошо.
 
S

smexy

Гостин
Утопијата ја оневозможуваат робови,љубители на чмароотечение...
Не може од земјата да изрти роза ако вие упорно седите врз местото каде што е засадена.
Мрднете со гзот,и активирајте вијугите.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Многу ме интересира дали Бубу би ги бранела вака жестоко полициските специјалци,доколку по некоја случајност,во 5 часот наутро додека го шета кучето, ја сопрат и проценат дека таа, со нејзините подочњаци, бушава коса и распар тренерки, претставува закана за нивната безбедност, па ја измлатат а мртво(бидејки нели според Бубу специјалците имаат право да тепаат кога така ќе проценат)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Многу ме интересира дали Бубу би ги бранела вака жестоко полициските специјалци,доколку по некоја случајност,во 5 часот наутро додека го шета кучето, ја сопрат и проценат дека таа, со нејзините подочњаци, бушава коса и распар тренерки, претставува закана за нивната безбедност, па ја измлатат а мртво(бидејки нели според Бубу специјалците имаат право да тепаат кога така ќе проценат)
Тука се поставува прашање и дали ако кучето им за'ржи на полицајците, тоа може да го сметаат како давање отпор.
Патем, што сорта е кучето за да имаме појасна претстава, нели, да не зборуваме без факти?
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Сега ја гледате последицата од амбасадата на Кале - ние сме како Бахреин. Ако утре има протести можат и со снајпери да убиваат луѓе, нема ниту некој да дознае нешто ниту пак некој ќе биде одговорен.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Утопијата ја оневозможуваат робови,љубители на чмароотечение...
Не може од земјата да изрти роза ако вие упорно седите врз местото каде што е засадена.
Мрднете со гзот,и активирајте вијугите.
Ма не, само сум реален. Целосна фундаментална промена околу едно убиство на 23 годишен цивил?? Нема шанси, види ги Египет, им требаше 30 години угнетувања и убивања и апсења на секој против за да им текне да променат нешто.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom