Гоч
33 1/3 rpm
- Член од
- 17 мај 2009
- Мислења
- 1.417
- Поени од реакции
- 47
И кое е решението? Ако не, да ја распуштиме полицијата и да немаме полиција во земјава? Да ги казниме и добрите полицајци? Добрите алфаши? Добрите тигри? Да ги казниме и сите оние кои запленуваат дрога, се борат против криминал? Нема општество без корупција и без идиоти во секој сегмент. Но, има и добри луѓе кои добро си ја работат работата, и јас од почит према таквите, не се ни осмелувам да ја осудам целата полиција. А овој пример на полицаец и сите такви како него, се согласувам дека не им е место во полиција. Дека од погрешни причини се примени на работа.
Решението е ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИ. И морални и реални. Морални - шефот на единиците да си даде оставка веднаш, министерката да функционира во оставка додека не се направи целосна истрага. Реални - да се направи детална анализа на составот на тие единици, да се утврди во која функција бил тој таму (обезбедување, приватно) и ако е по должност да сноси одговорност и тој кој го организирал настанот.