И јас сакам да не верувам, ама се повеќе ме боцка таа мисла. Детето со ВМРО симболи на него, го утепал Тигар кој го обезбедувал местото каде што ВМРО слави победа? Малку е повеќе од апсурдно. Не знам што да мислам. Не знам кого имаме во специјалциве. Мене алфите ме малтретираа зашто во 5 ипол сабајле сум го шетала кучето на 200 метри од дома без лична карта. На моја среќа, не се идентификуваа како полицајци, па беа пријавени од мене и санкционирани. Инаку, не еднаш досаѓале на некој што врска со животот нема, а не пак криминалец некаков да биде. Сепак, што направил овој Даниел, а што тигарот, допрва ќе дознаеме. Што и да направил Даниел, тигарот требало да го фати (зошто овој бегал) и да го приведе, а не да го мавне од земја. Иако не верувам дека намерно бил убиен, сепак е, и тигарот мора да одговара за тоа што го направил.