Пошо темава е за купи/продај тука ќе пишам и ќе побарам ваш совет
.
Пред година дена купив од Мими Музика - Скопје(преваранти живи) Roadhouse Deluxe Strat Made in Mexico со ПРЕМИУМ ТЕКСАС СПЕШЛ магнети(најбитниот момент од гитарата), пред некое време бриџ магнетот почна да заебава т.е магнетот не дава бас тонови никакви. Ја однесов кај Гино гитарата и коа ја отвори рече дека жичките на бриџот се прелемувани, и дека тоа не е оригиналниот фабрички лем и ми посочи дека у Мими пред да ги продаваат гитарите ги отвараат деме сетап им прават и гледаат да не им фали нешто. Го опраи некако магнетот све беше ок, кога по една недела пак ми се деси истото и се решив си купив 3 нови, и ги сменив, само што го извадов капачето од бриџ магнетот не само што видов дека не е тексас спешл како другите два, туку и видов дека е лепен со супер лепак и дека е премотувана намотката.
Еве го bridge магнетот и намотката чкарт што сами ја мотале изглеа.
А еве го middle магнетот што е оригиналниот тексас спешл(по намoтката се приметува се прелива виолетово-плава)
Ова го постирам како предупредување ако сте решиле да купите нешто од таму, да си размислите два пати.
Е сеа не знам што да правам пошо се официјални дистрибутери на Фендер за Македонија и Албанија дали да им ги пратам сликиве на надлежните у Фендер со се сериски број декларација што ми дадоа за автентичност и гаранција па они да се испитаат?