Roland Garros, 17 may - 05 june, 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Честитки до фановите на Надал (y)
Искрено се надевам дека ќе го имаме истото финале и на Вимблдон, но да заврши со победа на Роже :)
--- надополнето: Jun 5, 2011 5:23 PM ---
П.С Гледате ли каков џентлементски однос имаат еден спрема друг! Браво!
Они и приватно се доста добри пријатели.
 
Честитки до фановите на Надал (y)
Искрено се надевам дека ќе го имаме истото финале и на Вимблдон, но да заврши со победа на Роже :)
--- надополнето: Jun 5, 2011 5:23 PM ---

Они и приватно се доста добри пријатели.

Знам. :) Поентата ми е дека нивниот однос е проткаен со почит и затоа и нивните меѓусебни дуели имаат посебен шмек. Нема суета, нема гордост, само излагање на теренот и давање се од себе, па кој победи победи...
 
Знам. :) Поентата ми е дека нивниот однос е проткаен со почит и затоа и нивните меѓусебни дуели имаат посебен шмек. Нема суета, нема гордост, само излагање на теренот и давање се од себе, па кој победи победи...
Токму така, затоа и посакувам да гледаме барем уште неколку финалиња помеѓу нив двајца. Како што спомена вистински џентлмени на теренот и надвор од него, спортисти за пример, легенди чии мечеви ќе ги паметиме и на кои секогаш ќе се сеќаваме како дел од веројатно најдобрите години на тенисот :)
 
Ај само да ве замолам ако најдете слика како го гризе пехарот одма да ја ставите тука! :)
 
Честитики до Надал и неговите фанови.....следно Квинс па одиме на Вимблдон :)
 
Wow ! Не можам да најдам зборови за да го опишам ова финале... Уште еднаш Wow ! Браво ! Секоја чест за двајцата ! Ете гледате зошто сакам да играат двајцата барем уште некоја година, во финалињата на било кој од Мастерсите... Едноствано Новак ниту има ѕвезда ниту став за шампион.. Кара врни, кога губи, нема стил нема ништо.. За разлика од Федерер... Прав господин ! Џентлмен ! Секоја му чест.. Тука се гледа големината и шампионското во себе.. Браво за Роџер ! Браво за Рафаел !

Сум презадоволен, и тоа можеби и најдоброто финале кое сум го гледал до сега, нормално после Вимболдон 2009та.... Супер ! За впечатоци ќе пишам покасно, бидејќи уште немам зумирано статистики и триста глупости...

Поздрав до фановите на Рафаел Надал и оние на Федерер и оние кои се чувствуваат така ! :)
 
Ај само да ве замолам ако најдете слика како го гризе пехарот одма да ја ставите тука! :)

Rafael+Nadal+2011+French+Open+Day+Fifteen+X8DOc4vg1DBl.jpg


Rafael+Nadal+2011+French+Open+Day+Fifteen+4nVaF2I3n4Vl.jpg


Rafael+Nadal+2011+French+Open+Day+Fifteen+kYjAdJrd3LLl.jpg


Rafael+Nadal+2011+French+Open+Day+Fifteen+k5Xj3Zig2-0l.jpg


Бирај :)
 
Јас убаво кажав, добра партија тенис гледавме, не знам зашто ми се бунеше псајсајд :p
Браво Надал кис4е, топ4е си, позз
 
Честитки за Надал.. Многу поинтересно ќе беше ако Федерер го освоеше првиот сет.. Не смееше да пркоцка предност од 5:2.. Во вториот и третиот исто така нијанси одлучија, последниот веќе целосно припадна на Надал.. Тоа е тоа, Надал почна со мали проблеми, но затоа заврши феноменално.. Уште еднаш да кажам, мака ми е што Хјуит се повреди и го откажа учеството пред натпреварот од првото коло.. Мислам дека имаше добра шанса да дојде до 1/4 финале и до дуел со Ноле.. Како и да е, здравје до Вимблдон..
 
Хјуит ти е тип на тенисер, кој секогаш може да изненади... Но, тој ти е како На Ли во женскиот тенис.. Имаше многу шанси за успех порано, но кариерата на На Ли, замина надолу поради серија повреди и операции на колена, рака и сл... Имено, Хјуит е тип на тенисер многу сличен како Сафин... Исклучително мислење имам за него,

Иначе завршен коментар, пред да ја оставиме темата во минатото е дека се на се, видовме фантастичен Роланд Гарос, кој ако ништо повеќе, даде неизвесност и добар, висок квалитет на тенис... Исто благодарност до сите кои учествуваа во дискусијата директно или индиректно и за донесување на истата на многу високо ниво,

На Ли за прв пат и Рафаел Надал по 6ти пат, се освојувачи на годинешното отворено Француско првенство во тенис....

Уживајте во Мастерсот во Квинс, па се читаме кон средината на јуни за Вимболдон.

Поздрав од мене
 
Значи не знам зошто толку се расправате. Овие двајца тенисери се врхунски, значи и двајцата посебни на свој начин и уживање е да се следи нивното ривалство кое е проткаено со тотален фер плеј. Е сега наместо и вие да се угледате на нив двајца и да ги почитувате и двајцата без разлика кој за кого навива, вие си ги мерите чиј коњ е поголем. Големи и легендарни се и двајцата. Јас навивам за Надал комплетно, ама не може да се занемари елеганцијата на Федерер. Исто како што навивачите на Федерер не можат да ја занемарат страста, брзината и вулканот наречен Надал.

П.С На mute го ставив мечот, ако нешто у живот ме нервира кога гледам натпревари, тоа се пристрасни коментари. Ај кога игра Ѓоковиќ ги сфаќам српскиве коментари, нивен е... ама вака многу се нервирам. Работава е депресивен кога ќе изгуби Федерер поен без да рече браво за поенот на Надал, а Надал кога ќе изгуби се радува ко да снесол јајце.

Истото го прават значи на секој меч помеѓу Федерер и Џокович (српксите коментатори), значи во полуфиналето кога играа поен за Федерер овој можеше да го освои поенот Ноле не ја зафати топката ова,она. И сега во финалето истото го прави само со Надал глупости.
Инаку одличен меч честитки за Надал, Федерер имаше своја шанса направи многу грешки и не ја искористи, но тоа е тоа.
П.С Нема потреба да се коментира за класта бидејќи тоа е нешто што Федерер го има и ќе го има, а Џокович НИТУ ГО ИМА НИТУ ЌЕ ГО ИМА !!
Поздрав се гледаме на Вимблдон;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom