Ништо нема... ги памтам сите генерации од 93 наваму, ова е очај. Од федерација, преку селекторон, до играчите... не било полошо. Ама прв пат е толку лошо што само федерацијата и селекторот се доволен фактор да не се оди на стадион. Јас сум еден од тие кои редовно ја гледаа репрезентацијата, и на пријателски и во квалификации, иако не сум од Скопје, а сега и да сум во Скопје, и на овој убав стадион што го добивме, не ми се оди... Не верував дека ќе дојде до таму.
Да не се разбереме погрешно: јас би ја гледал репрезентацијата и да е послаба од ова, но со саглам организација, саглам селектор и со желба кај играчите да играат и да се надигруваат до крај. Да играат за својата публика и за себе, а не да запнуваат како луди со Англија и да се одмараат со Ерменија... без разлика со кој се игра, да се даде се од себе.
Жална вистина е дека имаме морони во организација кои немаат ни К од Капацитет да создадат услови за некаков успех...
Тоа ми беше мислата, дека има потенцијал у нив, но нема желба за игра кога играат за Македонија. Од „најдобрите“ кај нас, пр. Новески кој игра одлично за Мајнц а за репрезентација го мрзи да покрие играч, па се до оние новите кои се појавуваат у репрезентација играат една утакмица асално, прават трансфер и после го дрват. Моментално сите се такви, исклучок можеби е само Тричковски, кој е
единствен што у овој циклус игра на ниво. Но да, заради идиотот кој ни е на клупа и мафијашот у фотеља се повеќе у репрезентацијата се појавуваат играчи „со врски“. Моралот (ако воопшто го има) е паднат на нула, и секој доаѓа у репрезентација колку да се појави.
Сега е се загубено, мислам дека овие и евентуално наредните квалификации ќе имамве најголеми шанси за пласман на ЕП/СП, со асална дисциплина и со луѓе кои правилно ќе ја вршат работата. Ете, споредив со Ерменија, тие имаат никаков тим, но добра организација, играчите се желни за играње за својата држава, ние барем сме индивидуално подбри од нив. Но самово ова што споредувам со Ерменија а не со Словенија, Хрватска, Грција... говори до кај пропаднавме.
Ја уште сум на ставот дека треба да се вмеша и државата у ова, или да се направи бојкот, па макар и нека не дисквалификуваат како Босна. Моментално немаме ама баш
ништо да загубиме освен по некоја местена утакмица. Да се почне од нула и да се вложи на долгорочен план, тоа единствената надеж.