Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам од лансите тестови има и прашања од современата литература за Xари Потер ако не се лажам .. го знаевте тоа тие шо полагаа лани или ? :S

За да ги одговориш тие прашања, имаш текст во кој ти пишува се. Така да немора ти да си ги прочитал книгите, ниту пак да знаеш нешто од претходно за Хари Потер. Во текстот се си пишува. Немајте страв од тие работи, гледајте граматика убаво да си научите.
 
^Само чувството е појако ако ги имаш читано и ќе бидиш like ou maj gad Хари Потер на државна матура XD
Ама да, тие текстојте на крајот се најглупи колку да имаш загарантирани XX поени.
 
Гледам од лансите тестови има и прашања од современата литература за Xари Потер ако не се лажам .. го знаевте тоа тие шо полагаа лани или ? :S
Од литература 90% од одговорите ги имаш во извадоците. 10% Можеш да ги покриеш со општо познавање.:D

А да, кои се темите за есејот? Полагам за 10 дена, а ништо не сум информиран.:D И ќе има извештај/известување/соопштение? Фала.
 
Колку поени ми требаат за да ја положам матурата?:)
 
Колку поени ми требаат за да ја положам матурата?:)

Неможеш да калкулираш со поените за положување. Тие зависат од крајните резултати. Никаде на крај нема да ти пишува си положил со 20,30,50 или 100 поени. Така да не е ова обичен тест па ај ќе заокружам 10 точни по 2 бода = 20, ЈЕС ДВОЈКА ЌЕ ИЗВАДАМ. Жално ти е прашањево според мене.
 
Кога ќе ги одговарате прашањата на тие дебилните текстови, правете копи пејст од текстот, не додавајте свои работи затоа што тие се за ретардираните да не паднат матура. Ко писар се осеќав кога дојдоа тие на ред да ги одговарам.
Но, ПАЗЕТЕ! На тие кај текстовите од општа култура ко Хари Потер и тој за авионите што беше мислам, тие одговорите што се на заокружување, едно од нив е дебилно а другите две кај некои беа ептен слични, затоа УБАВО препрочитајте ја реченицата.

За македонски мој совет ви е текстовите да ги пишувате на крај, другото решете го па за ова да можете да се сконцентрирате најдобро зошто најмногу бодови се губат/добиваат на тоа.
 
Даваат бели листови кога ќе полагаме македонски/англиски, за прво таму да го напишеме есејот на пример, и после да го препишеме во тестот?
 
Даваат бели листови кога ќе полагаме македонски/англиски, за прво таму да го напишеме есејот на пример, и после да го препишеме во тестот?

Нц :/ Јас директно пишував а некои прво со молив па после повтараа со пенкало.
 
На нас ни советуваа прво со моливо да пишаме, па после да го повториме со пенкало. Така си е посигурно, ако згрешам нешто со пенкало, отиде...
 
А да, кои се темите за есејот? Полагам за 10 дена, а ништо не сум информиран.:D И ќе има извештај/известување/соопштение? Фала.

Есејот ќе биде поврзан со Злосторство и Казна или Чичко Горио. Значи реализам. Така зборат, демек оваа година така одлучиле, да не даваат глупи теми ко лани што ни дадоа за штурец и мравка...
 
^ За есејот можиш да се бираш меѓу реализам и слободна тема.
Злосторство и казна, Смртта на Иван Илич,Чичко Горио(измеѓу романтизам и реализам), Расказите од Чехов, е сега дали тука спаѓаат Смрт во Венеција и Судбината на човекот?( да не фали некое дело??)
А од македонскиве дела кое???
 
Смрт во Венеција не ми е некако реализам, за ова и на час дискутиравме, повеќе има романтичарски црти :) Ама не ми се верува таква мала книгичка да ви дадат за есеј.
 
^ За есејот можиш да се бираш меѓу реализам и слободна тема.
Злосторство и казна, Смртта на Иван Илич,Чичко Горио(измеѓу романтизам и реализам), Расказите од Чехов, е сега дали тука спаѓаат Смрт во Венеција и Судбината на човекот?( да не фали некое дело??)
А од македонскиве дела кое???
Јас знам дека од реализам ке го има светскиот за есеј пишење (освен слободната тема) и најверојатно ке бидат Достоевски , Балзак , Толстој .
Чехов нема да го има , барем според мене , пошто од него не се учи ништо конкретно . Избор раскази има само. За шо ке пишиш?
А Смрт во Венеција и Судбината на човекот нема да ги има , најверојатно оти и воопшто не се во програмата за матура. :)
 
Што ќе пишувате бе за Смрт во Венеција!? Освен хомосексуална тема, друго нешто нема... Тоа за матура не е!
 
Има некој да ми прати нешто вежби глупости, за правопис, фонологија итн. ? Ми требаат многу ај ако има некој нека пише :) фала, и успат дали некој знае нешто повеќе за тоа што се збори, да можеш да аплицираш на повеќе факултети истовремено ?
--- надополнето: Jun 2, 2011 3:34 PM ---
Колку поени ми требаат за да ја положам матурата?:)
Нема такво нешто, се оди со систем : „колку петки, толку кеца“. скалата се одредува според најдобрата писмена... така нешто, ни јас не сфатив убаво :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom