Епа нема логика бе, како може да си следбеник на некој што го мразиш, ти е одбивен, и слично?Значи уште еднаш:
Кога следиш некој зашто ти се допаѓа (од било кои причини, дали му се паметни мислењата или толку глупави за да те насмеат, или можеби сакаш да го смуваш, да се запознаеш итн. :p), тоа е following, а од понуденово најблиску е следбеник.
Кога следиш некого за да го контраш цело време, да му ги побиваш мислењата или едноставно да му ги ловиш грешките, т.е. задни намери, тоа е stalking (следениот сигурно би те блокирал кога би ја имал таа опција) , или од понуденово следач.
Сега ова му доаѓа иста ситуација како со лајковите. Нема dislike затоа што се промовира само она позитивното, барем како што образложи Acid. По таа логика, многу е јасно која од овие две опции е поприфатлива - следбеник.
Значи не зборам јас само за мислење што ќе те насмее, без разлика дали е иронично, туку следиш некого од причина што толку многу те иритира чоекот и сакаш да го омаловажиш! Е тука не сфаќам како може да се нарекува следбеник? Ептен контрадикторно