- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.545
Вака сеа, follow, според мене го означува оној позитивен аспект на следењето. Значи, не прикриено и не со задни намери. Како што рече некој претходно, доколку следиш некој со лоша намера, зборот би бил stalker. Значи, ако сакаме најпрецизен превод на follower тогаш би требало да го одбереме следбеник, затоа што баш тоа е значењето што го носи follower - некој што стои зад нечии идеи, ги поддржува, го споделува мислењето, се согласува, му е приврзаник. И не, следбеник не е исто што и наследник.
Има многу логика во ова што го велиш. Сепак, можам некого да следам, иако сметам дека е комплетен идиот -- затоа што ми го разубавува денот со своите моронштини, му се чудам на умот, итн. Исто така, можам некого да следам затоа што ми е симпатичен со „кинење зелени“ или затоа што има добра смисла за хумор. Значи, ниту ги поддржувам неговите/нејзините идеи, ниту се согласувам со него/неа, ниту пак сум му/и` приврзаник. Ете затоа гласав за „следач.“