Followers - следбеници или следачи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Како е правилно?

  • Вкупно гласачи
    101
Значи уште еднаш:
Кога следиш некој зашто ти се допаѓа (од било кои причини, дали му се паметни мислењата или толку глупави за да те насмеат, или можеби сакаш да го смуваш, да се запознаеш итн. :p), тоа е following, а од понуденово најблиску е следбеник.
Кога следиш некого за да го контраш цело време, да му ги побиваш мислењата или едноставно да му ги ловиш грешките, т.е. задни намери, тоа е stalking (следениот сигурно би те блокирал кога би ја имал таа опција) , или од понуденово следач.
Сега ова му доаѓа иста ситуација како со лајковите. Нема dislike затоа што се промовира само она позитивното, барем како што образложи Acid. По таа логика, многу е јасно која од овие две опции е поприфатлива - следбеник.
Епа нема логика бе, како може да си следбеник на некој што го мразиш, ти е одбивен, и слично?
Значи не зборам јас само за мислење што ќе те насмее, без разлика дали е иронично, туку следиш некого од причина што толку многу те иритира чоекот и сакаш да го омаловажиш! Е тука не сфаќам како може да се нарекува следбеник? Ептен контрадикторно
 
Абе луѓе. Прво и основно, следбеник е исто што и поддржувач. Ниту е наследник, ниту син, ниту ученик (може да биде И тоа, ама пред се' ти е поддржувач, истомисленик)
Второ: Некого може да го следиш од 2 причини: или ти се свиѓа (он или неговото мислење) или не ти се свиѓа. Ако ти се свиѓа, на некој начин си му поддржувач, следбеник, а ако не ти се свиѓа, тогаш го ловиш, тогаш си stalker т.е. следач. Трето нема, не може нешто да правиш без причина, не заебавајте. Пошто на форумов ги форсираме добрите ствари наместо лошите (затоа има like, a нема dislike), логично е да одбереме следбеник.

ПС. Ќе беше фино некој да ни каже ако случајно веќе решиле, да не се објаснуваме на темава за џабе. :cautious:

Батали контрадикторно. Ако бараме право значење, ниту следбеник, ниту следач не одговара во случајов. А друг термин Acid рече дека не прифаќаат, туку им треба најдобриот превод за follower. Одам по логика дека ги промовираме позитивните аспекти, значи ги занемаруваме ситуациите кога некој те иритира. Сфаќаш?
 
Нема потреба од нервоза. Анкетата на форумот јасно зборува за општото мислење. Acid веќе го официјализираше зборот „следач“ на профилот. ;)
 
Нема потреба од нервоза. Анкетата на форумот јасно зборува за општото мислење. Acid веќе го официјализираше зборот „следач“ на профилот. ;)
Не бе брат, воопшто нема никаква нервоза. Најпријателски и најсмирено пробував да објаснам. Стилот ми е можеби остар, ама не ме сфаќајте погрешно, i come in peace. :)
Ах, ќе ги пукам, џабе објаснував. Сепак сум за следбеник. :D
 
Батали контрадикторно. Ако бараме право значење, ниту следбеник, ниту следач не одговара во случајов. А друг термин Acid рече дека не прифаќаат, туку им треба најдобриот превод за follower. Одам по логика дека ги промовираме позитивните аспекти, значи ги занемаруваме ситуациите кога некој те иритира. Сфаќаш?
Сфакам јас многу добро, нема потреба да си вреѓаме интелигенција ако имаме различни размислувања
Инаку бесполезно е да коментираме понатака бидејќи ТАПЕТАРОТ ПЕТАР ни кажа дека е завршен муабетот во врска со ова прашање :)
 
Следбеник треба да биде. Следач како збор речиси и да го немав слушнато се до сега.
 
Нема потреба од нервоза. Анкетата на форумот јасно зборува за општото мислење. Acid веќе го официјализираше зборот „следач“ на профилот. ;)
Зборот што моментално има предност на анкетата секогаш ќе биде земен како валиден превод :ROFLMAO:

Значи, ако сакате да биде „следбеници“, ќе мора да се промени анкетата. Искрено, и јас сум повеќе за следбеници, ама штом вие мислите дека следачи е по соодветно - така нека биде :)
 
Вака сеа, follow, според мене го означува оној позитивен аспект на следењето. Значи, не прикриено и не со задни намери. Како што рече некој претходно, доколку следиш некој со лоша намера, зборот би бил stalker. Значи, ако сакаме најпрецизен превод на follower тогаш би требало да го одбереме следбеник, затоа што баш тоа е значењето што го носи follower - некој што стои зад нечии идеи, ги поддржува, го споделува мислењето, се согласува, му е приврзаник. И не, следбеник не е исто што и наследник.

abe ubo si rece Stalkeri ama koj del :)))
http://www.youtube.com/watch?v=GYxnohR76xg
 
по логично ми е СЛЕДБЕНИЦИ.. следачи и некако кога ке го слушнеш како да не е правилно македонски. значи следбенци се оние кои те следат односно те пратат. и искрено се зачудив од анкетава :)

П.С во врска со анкетава може некој да прашаме што студира на филолошки македонски па највероватно ке добиеме по соодветен одговор. што викате на ова ?
 
П.С во врска со анкетава може некој да прашаме што студира на филолошки македонски па највероватно ке добиеме по соодветен одговор. што викате на ова ?

Веќе добивте. :)
 
Има и такви што студираат на информациски технологии, па врска немаат од IT :LOL:
Не алудирам на тебе директно Вокерка, јас онака, само колку да потенцирам дека поимите кои се користат во IT светот немаат целосно исто значење со поимите кои се користат во македонскиот литературен јазик. Ако следбеници означува некаква приврзаност, тогаш тоа е поимот кој го бараме. Ама од друга страна и „следачи“ ми звучи сосема во ред и соодветно, иако некои тврдат дека до сега ваков збор „не постоел“. Збориме за луѓе кои ја следат мојата активност на форумот...

Можеби не постоел, едноставно затоа што немало потреба да постои. Едноставно, вашите професори на факултет никогаш не следеле некого на интернет форум. Зачленете ги на Кајгана. Не е страшно секогаш кога има потреба да се роди и нов збор. Бројот на зборови не е ограничен колку што знам.
 
Мислам дека кога дојдоа до состојба едно време за каиш да кажат дека панталонодржач е соодветен превод, кој потоа веднаш падна, нема да биде проблеми следбеници да се користи и со едно малку поинакво значење. :)
 
Фоллоњерс нека биде, како фискалнине сметки :D

Инаку иако мислам дека треба да биде „следбеници“, ништо страшно ако е и „следачи“. Зошто ние да не го збогатиме јазикот, мојата проф. по англиски од средно викаше дека можеби главниот проблем што македонскиот јазик не се збогатува толку е поради тоа што некои хард кор македонски лингвисти не дозволуваат некои зборови да навлезат во речникот, како на пример што е „фала“ за „благодарам“, го сметаат за сленг и како тука што е во дискусијава „следачи“, додека во англискиот секојдневно навлегуваат многу зборови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom