Ти гледаш црвено, јас гледам црвено. Дали го гледаме истото нешто?

  • Креатор на темата Peaceful Anger
  • Време на започнување
P

Peaceful Anger

Гостин
Ти гледаш црвено, јас гледам црвено (или било која боја). Дали го гледаме истото нешто?

Па... што мислите? И од филозофска и од научна гледна точка?

Незнам дали имало ваква тема, ако имало слободно фрлајте у канта :)
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522

мислиш конкретно на боите дали сите ги гледаме исто или ова е само така кажано а се однесува на прењдмети објекти и слично?
 
Мислам на бои а со тоа на се. Дали ги гледаме сите исто боите? Ја тоа шо го викам плаво за тебе може е некоја друга боја и го викаш жолто или зелено или нз, дали на пр. сите црвеното го гледаме исто?
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Мислам на бои а со тоа на се. Дали ги гледаме сите исто боите? Ја тоа шо го викам плаво за тебе може е некоја друга боја и го викаш жолто или зелено или нз, дали на пр. сите црвеното го гледаме исто?
многу добро прашање. искрено сум размислувал мноогу пати на оваа тема.. јас онаа боја која ја нарекувам сина пример можеби ти таа истата боја ја нарекуваш плава. според мене темните бои може да бидат едни но според тебе можеби други се тие. но сепак одговорот на ова прешање тешко некој да го најде бидејки сите гледаме со своите очи а неможе со туѓите..
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Исправен под маса ќе ме собереше кога прв пат ми текна на ова прашање ;P - интересно прашање нели :)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Ти гледаш црвено, јас гледам црвено (или било која боја). Дали го гледаме истото нешто?

Па... што мислите? И од филозофска и од научна гледна точка?

Незнам дали имало ваква тема, ако имало слободно фрлајте у канта :)
Па, ако некој од јас и ти имаме некоја болест под која имаме проблем со разликување на боите - не.
Ако јас имам далтонизам (како најпозната болест) најверојатно ќе гледам зелено :)

Инаку вака - не, перцепцијата на нештата е различна. Бојата која јас и ти би ја гледале би била црвена, но различна нијанса на црвено.
Замисли човек што е во висина на раст на џуџе, или дете од две-три години, и некој што е висок 2+ метри. Самата светлина што паѓа на објектот е различна, од различен агол го гледате истото нешто. Од различно место итн.
Формата и бојата на објектите е иста за секој, нијансите се различни и што е многу побитно - личното доживување за нештата е различно.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
905
Дека сите гледаме исто, а дека нијансите се различни тоа е научно докажано. Долго време се знае за структурата на окото (отворете учебник по биологија) и начинот на кои се креира сликата во мозокот.
Е сега, што се однесува до нијансите (посветло/потемно) тука сите се разликуваме во зависност од бојата на нашите очи. Оние со посветли очи (плави/зелени) имаат поголема осетливост на светлина. Дека тоа е навистина така, забележете ги боите на очите на луѓето што живеат во северните земји како на пример во скандинавските земји, за разлика од нас медитеранците кои имаме најчесто темни очи. Во овие летни денови тие што имаат темни очи немаат многу мака од Сонцето и силните боли и сјаеви, ама прашајте ги тие со светли очи...
 
Red Cat

The thinker
Член од
28 мај 2011
Мислења
18
Поени од реакции
9

Точно е ова, јас имам сини очи и многу повеќе ми смета светлината отколку на другарка ми која има кафени очи. Мислам дека за нијансите на боите на сите ни е јасно дека сите не ги гледаме исто. Многу поинтересно е разгледувањето на мислењето на луѓе од различни култури, и различни општества за една тема.
 
Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Во овие летни денови тие што имаат темни очи немаат многу мака од Сонцето и силните боли и сјаеви, ама прашајте ги тие со светли очи...
Потврдувам, туку и самиот човек мислам дека со различно око гледа различни нијанси на иста боја... бар јас гледам различни нијанси. Ова највеќе се приметува на зелена боја :)
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Мислам на бои а со тоа на се. Дали ги гледаме сите исто боите? Ја тоа шо го викам плаво за тебе може е некоја друга боја и го викаш жолто или зелено или нз, дали на пр. сите црвеното го гледаме исто?
Ние ги гледаме истите бои, но она што е различно е толкувањето. Едноставно се се случува по примената информација, значи гледаме во едно исто, но не мислиме за тоа исто, исто...
 
lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
56
Дека сите гледаме исто, а дека нијансите се различни тоа е научно докажано. Долго време се знае за структурата на окото (отворете учебник по биологија) и начинот на кои се креира сликата во мозокот.
Е сега, што се однесува до нијансите (посветло/потемно) тука сите се разликуваме во зависност од бојата на нашите очи. Оние со посветли очи (плави/зелени) имаат поголема осетливост на светлина. Дека тоа е навистина така, забележете ги боите на очите на луѓето што живеат во северните земји како на пример во скандинавските земји, за разлика од нас медитеранците кои имаме најчесто темни очи. Во овие летни денови тие што имаат темни очи немаат многу мака од Сонцето и силните боли и сјаеви, ама прашајте ги тие со светли очи...
што е право, право е. Таквите ко нас имаат проблем со светлината. Во нормални услови мислам дека сите исто ги гледаме боите и нијансите на боите
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Мислам на бои а со тоа на се. Дали ги гледаме сите исто боите? Ја тоа шо го викам плаво за тебе може е некоја друга боја и го викаш жолто или зелено или нз, дали на пр. сите црвеното го гледаме исто?
Ааааааааа ти имаш читано забранета литература нешто :sneaky:.....
--- надополнето: Jun 1, 2011 10:33 AM ---
Ај не гледаме исто нешто туку од мали нозе не учат која нинајнса на боја се нарекува со каков поим или збор, така да за едни кафеното може да биде црвено затоа што цел живот на кафената нијанса што ја гледа му викаат дека е црвена, и бидејќи гледа само со сопствените очи со туѓи не може, реалноста за него е дека кафената боја е црвена иако е кафена.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ах на ова нешто мислев како мал па ми текна пак на истово пред некое време.

Демек мене порано ми кажале дека небото е синооооо...Е сеа нивното гледање на небото е бојата со број 1, на пример, додека јас ја гледам само број 4, на пример. И сега зашто моите така ме научиле, за мене тоа е сино а и за нив е сино, зашто и нивните постари така ги научиле иако пак за нив небото е со број 12. И сега кога ќе ги спознаеме сите основни бои во природата, именувани од родителите и постарите, ние веќе си имаме формирано палета на бои кои се веќе номенклатуирани и ги разликуваме новите предмети со имињата на боите кои ни се веќе кажани порано.

Е вака мислев порано....
 
Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Аман бе се запнавте за боите ко само за то да е. Океј перцепцијата за работите ни е различна без разлика дали се работи за бои па осетливоста на светлина има улога, за мирис па носот на некој му е поголем. То и не е многу тешко да се одреди и да се означи и прифати нештото како такво.

За мене филозофијата е малце поинаква. Шо е со другите по, апстрактни ете работи? Чувствата, мислите, желбите? Дали можи да се клај дефиниција на некое чувство па ако некој не ги исполнува тие "критериуми" тогаш да речиме дека тој не го осеќа то? Клише - љубовта. Тешко дека сите осеќат едно исто (а и да е така good luck proving it). Ама дали то значи дека ако некој вели дека чувствува љубов а и јас велам дека чувствувам љубов ама оти јас немам "пеперутки во стомако" како него, оп стоп не се важи, не е то љубов? Тие таквите дефинирања ми се малку, да се изразам софистицирано, глупи. За вакви работи најтешко можи да се "одреди" дали го "гледаме" истото нешто.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ах на ова нешто мислев како мал па ми текна пак на истово пред некое време.

Демек мене порано ми кажале дека небото е синооооо...Е сеа нивното гледање на небото е бојата со број 1, на пример, додека јас ја гледам само број 4, на пример. И сега зашто моите така ме научиле, за мене тоа е сино а и за нив е сино, зашто и нивните постари така ги научиле иако пак за нив небото е со број 12. И сега кога ќе ги спознаеме сите основни бои во природата, именувани од родителите и постарите, ние веќе си имаме формирано палета на бои кои се веќе номенклатуирани и ги разликуваме новите предмети со имињата на боите кои ни се веќе кажани порано.

Е вака мислев порано....
Така ама ако немало збор или поим за бојата сина или за небо, и дали воопшто небото и бојата негова постои па се имаат наречено со збор или поим, или првин е поимот па потоа небото и бојата негова се имаат моделирано во нашата свест како физичко нешто.

И дали мислењето дека си мислел така порано влијае врз мислењето поинаку да мислиш денес, или немало никакво влијание, што е твое размислување а што научено нешто или собрано по пат.?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom