Ти гледаш црвено, јас гледам црвено. Дали го гледаме истото нешто?

  • Креатор на темата Peaceful Anger
  • Време на започнување
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Ти гледаш црвено, јас гледам црвено (или било која боја). Дали го гледаме истото нешто?
Па... што мислите? И од филозофска и од научна гледна точка?
Да, го гледаме истото нешто, во океанот на други работи.
Ствар на "договор" е, и сите сме фино подесени во однос на она што сега го гледаме како "црвено".
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Ти гледаш црвено, јас гледам црвено (или било која боја). Дали го гледаме истото нешто?

Па... што мислите? И од филозофска и од научна гледна точка?

Незнам дали имало ваква тема, ако имало слободно фрлајте у канта :)
За боите, сите ги гледаме исто. Освен далтонисти, полудалтонисти и други болести... Значи ако ти глеаш црвено и јас ќе глеам црвено, али може у некоја друга нијанса. Појди од тоа дека со нашите две очи гледаме различно. Сум пробувала, стварно со едното око гледам малце посветло од со другото... Тоа е неприметна разлика ама ако се обидеш да се сконцентрираш ќе видиш.
А ако темава беше наменета за животни ситуации, односно боите се метафора, тогаш секако дека на мој проблем јас ти ти би гледале различно, или ако и јас и ти имаме сосема идентичен проблем, не е можно сите околности да ни се исти, а со тоа и се менува погледот на ситуацијата... Влијае и претходното искуство, интелигенција, моментална емоционална состојба, мотивација.... И ред други фактори.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Ти гледаш црвено, јас гледам црвено (или било која боја). Дали го гледаме истото нешто?

Па... што мислите? И од филозофска и од научна гледна точка?

Незнам дали имало ваква тема, ако имало слободно фрлајте у канта :)
Ааа да многу пати сам сум си го поставувал ова прашање дали сите гледаме исто иако тврдиме дека за некој работи нашите видувања се усогласуваат.Добра тема иначе да те пофалам ;)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Една универзална реална перцепција на бои мислам дека нема. Бидејки ако за мене ова количево на аватарот што ми е е црвено, и јас го гледам со одредена нијанса, јачина сенка и тн. а некој друг може исто за него поимот да значи црвено, но да гледа по накај според моите очи лилаково, нели доколку би можел да му влезам во паметот и да гледам што тој гледа но со мои очи и моја перцепција.
Некој трет оваа нијанса би ја гледал како розева според моето око, ама според неговото таа нијанса претставува црвена.
Значи секој си има различна перцепција на бои, а поимот за боите односно името на боите останува исто.
Исто е и со чувствата кога гледаме одредени бои. Знаете дека секоја боја ни буди одредени чувства а тие се различни кај секој од нас.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ти гледаш црвено, јас гледам црвено (или било која боја). Дали го гледаме истото нешто?
Има светло црвено, темно црвено и црвено металик. Јас моментално гледам у црвено металик.
Ти?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Сенките и позадините играат голема улога во различната интерпретација на боите.
Сликата не е само производ од светлината која ја примаат очите. Докажано е дека процесорот(мозокот) - може да не излаже со неговиот Фотошоп.



(преземено од Test your brain - NatGeo)
Горниот дел изгледа потемен од долниот. Сепак ако ја покриеме со прст средината на квадратите.. ќе сватиме дека тие се во иста боја.
Ефектот е резултат на мозкот и неговата грижа за полесно забележување на рабови, разлики, бои, 3Д објекти.. итн итн
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328

Многу добар документарец.
Небото им е црно, водата бела, ама нијанси од зелена разликуваат до најмала разлика.
Ескимите познато е дека имаат единаест збора за бело, разликуваат единаесет “нијанси“ на бела.
Како го научиш “истренираш“ мозокот такви бои ќе распознаваш.
Ако по природа си оптимист сите бои ќе ги гледаш во посветла нијанса, ако си песимист се ќе ти иде накај црно, ако си хај се ќе ти “светка“ (металик :) ) .
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Сенките и позадините играат голема улога во различната интерпретација на боите.
Сликата не е само производ од светлината која ја примаат очите. Докажано е дека процесорот(мозокот) - може да не излаже со неговиот Фотошоп.



(преземено од Test your brain - NatGeo)
Горниот дел изгледа потемен од долниот. Сепак ако ја покриеме со прст средината на квадратите.. ќе сватиме дека тие се во иста боја.
Ефектот е резултат на мозкот и неговата грижа за полесно забележување на рабови, разлики, бои, 3Д објекти.. итн итн
Инаку ако убаво се загледаш ке забележиш дека уствари нијансата е иста само во средината во горната фигура има темна боја на работ а во долната фигура има светла металик:) боја и затоа игледа како да е потемен горниот а не е, загледај се убаво негде понастрана и ке ја забележиш промената која е само во средина без да ставаш прст
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Добро, озбилно темава е за боите?
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.409
Поени од реакции
4.781
Интересно е кога ќе оди човек да прегледа доптрија па со тоа стакленцата,ајде ова ајде она....на крај ќе си отидеш збунет и секогаш со нејасна слика за светот околу себе:D
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Добро, озбилно темава е за боите?
Зошто да не е озбилна?
Ако ти си родена и научена дека одредената боја што ја гледаш е црвена - црвена ќе ја викаш “таа“ боја - а како изгледа во мозокот никој не знае.
Може на некој му изгледа ко зелена али пошто од раѓање е учен дека таа боја е црвена - црвена е за него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom