Фан Клуб: Интер

Мота ако го продадат, и притоа ги држат сите гомна од срединава. Im about to :eek:.

Санчез на Интер му е потребен затоа што е добар во Италија. Има да ги растура послабите тимови во ЛШ (групна фаза), ке имаме човек плус да му асистира на Пацини, и како капак на све добиваме класа играч.

Друг ваков на Интер што му треба е Хамшик, ама барем до Јануари нема што да го бараме, после ако испаднат Наполи (а не сакам заради калчово да испаднат) може некоја зделка.

Трето, Бек.

Четврто, Нејмар. Онака сон ми е во Интер да го гледам.

Некој да не знае што ке бидне со Карја, читав на фцинтер1908.ит дека останува, ама не сум сигурен дали така бепе пишано или гугл тренслејт така го направи.

Пацини? :)
--- надополнето: May 31, 2011 11:58 PM ---
Јас искрено се надевам дека составот догодина ќе биди овај:
On paper of course:
Жулио-Агигарај-Лусио-Самуел/Ранокија-Нагатомо-Монтоливо-Мота-Снајдер-Санчез-Ето-Пацини
или вака:
Цезар
Агигарај/Занети------------Лусио/Андреоли--------Самуел/Ранокија-------Нагатомо/Киву

------------------------------Монтоливо/Камбиасо..........-------Мота/Банега-------------
--------------------------------------Снајдер/Станкович/--------------------
Санчез/Хазард-----------------------------Пацини/Милито----------------------Ето
Овие засилувања да пристигнат на Меаца и ништо друго не барам..иако скоро е невозможно двајца да дојдат од овие ама барем и јас имам право да си правам филмови како овие од другите фан клубови..

Добар е овој во црвеново на Youtube?
 
Е кој друг? Знам дека нема друг да донесат па него го пишав, реков Нејмар ми е мене сон.
 
Во случај Барса да го земат Роси, Интер МОРА да ја разгледа опцијата Бојан Кркич, не верувам дека Барса може да изнуди многу за него бидејќи не е стандарден под водството на Пеп последниве 2-3 сезони, а и последнава сезона ја изигра доста слабо, истово би го кажал и за Марсело ( во случај Коентрао да отиде во Реал ) но он ќе чини бајаги а не гледам никаква потреба тимот да се расфрла со пари за лев бек, одбраната за инвестиции летоска треба да им е на последно место освен ако не си замине Маикон.
Кркич би бил '' непланиран '' потег кој ќе изникне од страна покрај плановите на тимот за ова лето и би бил супер прилика за тимот, да дадат '' малку '' пари за млад и перспективен фудбалер, универзален напаѓач, кој во иднина може да достигне цена 3 пати поголема од неговата моментална цена на трансфер маркетот.

Тоа што ми дава оптимизам за трансфер пазаров бар по она што го пишува во медиумите е дека постои простор да се надеваме за носење на двајца играчи и во нападот и во средината, чул ме Господ, ејмин.
 
Прво би било добро да се искористи фактот што Наполи и Баерн покажуваат интерес за Пандев. Размена Лавеци - Пандев, ако дојде Санчез, за нас би била перфектна комбинација, според мене. Ова од причина што Санчез оди на позицијата на Пандев по десна страна, а добиваме офанзивен играч лево, нешто што и тоа како ни фали. (И не ми го спомнувајте нагатомо и неговата супер брзина)

Туку, дали некој ја знае вредноста на Лавеци за да знам колку сум во офсајд со математикава?
 
Треба треба, ама нема ден каде што или Пандев или неговиот агент ке речат дека не планираат да заминат од Интер.
 
Треба треба, ама нема ден каде што или Пандев или неговиот агент ке речат дека не планираат да заминат од Интер.
Јас читав нешто од неговиот агент во врска со Наполи, не ми изгледаше несреќен со таа варијанта.
 
Прво би било добро да се искористи фактот што Наполи и Баерн покажуваат интерес за Пандев. Размена Лавеци - Пандев, ако дојде Санчез, за нас би била перфектна комбинација, според мене. Ова од причина што Санчез оди на позицијата на Пандев по десна страна, а добиваме офанзивен играч лево, нешто што и тоа како ни фали. (И не ми го спомнувајте нагатомо и неговата супер брзина)

Туку, дали некој ја знае вредноста на Лавеци за да знам колку сум во офсајд со математикава?
Не бре па и ти, таман си :)
19172_313300669591_46358999591_3451591_6574833_n.jpg

Иначе, реално јас мислам дека и летово че си останиме со к.. враце. Моја претпоставка дека Поли со дружината че ги собериме, и то е... :toe:

п.с
За Меси уште сум оптимист :)
 
Туку, дали некој ја знае вредноста на Лавеци за да знам колку сум во офсајд со математикава?
Не се замарај со Лавеци, тешко дека некој од клучните играчи ќе си замине од Наполи оваа година, затоа и Мацари беше пред заминување но по состаноците со Де Лаурентис остана што значи заминување на Хамшик, Кавани, Лавеци ова лето претешко.
За цената слободно удри на претпоставки, ако Кваљарела може да си оди за 10.5 милиони евра, Лавеци 100% чини над 15, е сега поради фактот што они директно се пласираа во Лигата на Шампионите тешко дека би се ослободиле од неговите услуги за цена под 20 милиони евра, али реков, еден од условите на Мацари за да остане беше да не продаваат, туку да инвестираат..

п.с. Иначе Лавеци (старотосмајлишомавачакија)
 
Што знам, ако се пласираа во ЛШ, ваква трампа нема да им биде на некоја штета. Оној нашиот во таа втората класа на екипи игра далеку подобро, тие и онака на ура играат. А не знам, изгледа сум единствен на фан-клубов што кука за таа позиција лево, пошто ми е смачено, од Максвел наваму немаме играч кој може нешто корисно да направи. Лавеци е единствениот што ми паѓа на памет, едно време Варгас беше опција...

За смајлито им пишав, ако не ми го вратат ќе организирам протести...
 
IOsono, ги споредуваш Пандев и Лавеци? :unsure:
Лавеци им е најбоље играч на Наполи, 3 пати повреден од Кавани. Без Лавеци, Кавани е како изгубена кокошка на терен, ни 5 гола немаше да даде да го немаше Лавеци. (се виде ова кога играа без Лавеци на неколку натпревари)
Он им е новиот Марадона на Наполи. :)
За цена.. не помалце од 25м.

А и незнам што кукаш за таа позиција лево, Ето не ти чини?
 
Не тоа лево, другото лево :) (Тука ми фали гореспоменатото смајли)

Глеј: Ето и Пацини напред, среден ред Лавеци - Снајдер - Некој од деструктивците - Санчез. Тоа ми е идејата, знам дека наликува на Кварезма-Мансини-инцидентот ама мислам дека ова би било далеку појако.

Лавеци знам дека е еден од триото најкорисни во Наполи, го имам во предвид високото мислење на Наполи за Пандев како и способноста на Пандев да биде еден од главните во екипи од тој ранг. Тие играат и многу послободно во секој случај, помалку дисциплина повеќе слобода во играта. За цената не знам, затоа прашав, бидејќи имаше некој што постираше сајтови со вредноста на фудбалерите, барав точен податок, да не нагаѓаме.
 
Тешко така, многу тешко.. и Санчез и Лавеци се повеќе напаѓачи него крила за 4-4-2. Со тие играчи, ќе треба 4-2-4 да играме. Реално, не ни треба Лавеци, Ето - Пацини - Санчез е одлично, само да го купат Санчез, и после да ја средат средината со уште некој одличен играч. :)

Знам за кој сајт со вредноста на фудбалерите збориш, не чини.
Не е битно колку вредат, битно е колку коштаат, а коштаат колку што ќе каже газдата.. :)
 
Нема врска тоа дека Санчез и Лавеци се повеќе напаѓачки ориентирани.
Ако ги гледаше Наполи и Удинезе годинава ќе видеше дека посебно Лавеци многу пати,скоро секој напад се враќа назад,на своја половина за да собере топка и да тргне во напад,таков играч му треба на Интер,а не што ќе чека топка за да ја бутне во гол.
Санчез исто така,во Удинезе тој по страна ги организираше нападите,а по потреба и се префрлаше во напад.

Јас би сакал и двајцата да ги купиме,додуша за Санчез имаме повеќе шанси,ама за Лавеци мало морген,но кога ете Наполи се интересирал за Пандев не знам зошто Морати не се состане со Лаурентис и да ја договорат зделката за зимава што доаѓа,сите среќни и задоволни,бидејќи летово нема шанса да се доведе,Наполи ќе игра во ЛШ,ќе сакаат што подалеку да стигнат и да се покажат.

Составот вака би можел да биде

Цезар
талентот од Бразил,кој го сметаат за новиот Мајкон,а Интер е сериозно заинтересиран за него
Лусио
Самуел (Ранокија)
Нагамото
Лавеци
Снајдер
Мота (Монтоливо)
Санчез
Пацини
Ето
 
Со Лавеци , Снајдер , Сначез , Ето и Пацини секоја утакмица ќе примаме по 3 комада

Идеално би било Сначез и Ето по страна и Милито/Пацини центар и Снајдер позади нив

Доколку го земеме Сначез да игра по десно , нема да ни треба толку офанзивниот Маикон
 
Нема врска тоа дека Санчез и Лавеци се повеќе напаѓачки ориентирани.
Ако ги гледаше Наполи и Удинезе годинава ќе видеше дека посебно Лавеци многу пати,скоро секој напад се враќа назад,на своја половина за да собере топка и да тргне во напад,таков играч му треба на Интер,а не што ќе чека топка за да ја бутне во гол.
Санчез исто така,во Удинезе тој по страна ги организираше нападите,а по потреба и се префрлаше во напад.

Јас би сакал и двајцата да ги купиме,додуша за Санчез имаме повеќе шанси,ама за Лавеци мало морген,но кога ете Наполи се интересирал за Пандев не знам зошто Морати не се состане со Лаурентис и да ја договорат зделката за зимава што доаѓа,сите среќни и задоволни,бидејќи летово нема шанса да се доведе,Наполи ќе игра во ЛШ,ќе сакаат што подалеку да стигнат и да се покажат.

Составот вака би можел да биде

Цезар
талентот од Бразил,кој го сметаат за новиот Мајкон,а Интер е сериозно заинтересиран за него
Лусио
Самуел (Ранокија)
Нагамото
Лавеци
Снајдер
Мота (Монтоливо)
Санчез
Пацини
Ето

Точно, се враќаат да ги соберат веќе освоените топки и да тргнат во напад, ама кој ќе ги освојува топките, кој ќе се брани кога противникот ќе напаѓа? Само Мота (Монтоливо.. овој па ич не знае да се брани)?
Задачата на играчите од средина е и да помагаат у одбрана а ние со тој состав ќе немаме средина (и Снајдер го минусирам) и ќе нема кој да помага во одбраната, освен еден (Мота/Камби). Тоа што викаш ти дека се враќале да ги организираат акциите е помагање на средината, не на одбраната.

За болдот - Интер има таков играч, не му треба уште еден (Снајдер). А Лавеци го право тоа зашто Наполи го немаат Снајдер. На Интер му треба само 1 крило (Санчез) и 1 за средина што знае и да брани и да подава. Тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom