Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Да прашам ако имаш полагано за кола (Б Категорија) доколку сакаш да полагаш за мотор полагаш и градска или само тестови за мотор?Или и двете?
 
Јас пак! :)
Значи на определена километража ми се дешава(и на плин и на бензин) моторот чудно да брмчи, да чади повеќе од вообичаено, да нема доволно снага, и да гасне кога е загреан моторот. Значи возам 1000км океј и после тоа некој 100-200км ова се дешава, а не знам што точно му е, а и овие мајсториве се страшна работа, па чекам после некое време и само се оправува. Али преку такво ми е веќе дојдено...ебати југото!
Хелппп! :)
 
Смени филтер, уље, смени диктон на глава додека не ти зарибал моторот, наштелувај вентили и фурај.
Тоа е, шумадинац :cool:
 
Дали со полирање се средува ова со полирање?

Image1302.jpg
???? Да знам дали да тргам пари на страна :ROFLMAO:
 
не.... со фарбање.... а до фарбање треба и подготовки некои и така.. полир паста не помага....
 
Смени филтер, уље, смени диктон на глава додека не ти зарибал моторот, наштелувај вентили и фурај.
Тоа е, шумадинац :cool:

Снемав се денес, и истото е пак! :) Значи како да трокира кога возам... :/ И свеќици сменав, вентилите беа ок наштелувани, клиповите ги проверив ок се... Изгледа до моторот нешто ќе да е.
Со време да си набавам нов мотор ....:(
 
Здраво другари! Имам проблем :) Opel Vectra B 2.0 DTI 2000 год, колата скоро ја зедов и до сега беше се супер. Меѓутоа сега се појави проблем со системот за ладење. Се случуваше да го покачи нивото на водата во казанчето кога се вози на отворен пат. Имаше изгорено мал дихтунг на термостатот. Тоа се среди, но сега на отворено качува висока температура. Највероватно станува збор за запушени келии на ладникот за вода. Ќе ве замолам ако знае некој да ми каже, или да се распраша низ Скопје колку пари е ладникот за Opel Vectra B 2.0 DTI. Посебно да се обрне внимание за DTI, бидејѓи мене во Гевгелија ми дадоа ладник нов за 80 евра ама за DI. Ќе ве замолам да ме информирате што е можно побргу. Благодарам ;)
 
Треба да си сто посто сигурен дека е до ладилникот, провери си да немаш мајонез на капачето на казанчето за вода, и на шипката за улје ако има тогаш има смешено вода и улје и циркулацијата е намалена и мам запушено келии, доколку се чисти проби со некоја течност за прочистување на ладилникот, некој имаше спомнато во претходните постови како алтернатива за чистење со есенција 70%! Проби така па потоа менувај! Поздрав
 
хаха, мајонез а?... Нема другар знам на што мислиш, но не е тоа, проверено е и сменето дихтунг на глава, се беше во ред и со стариот. Што значи 100% е сигурно дека нема помешано вода (антифриз) и улје.
 
Снемав се денес, и истото е пак! :) Значи како да трокира кога возам... :/ И свеќици сменав, вентилите беа ок наштелувани, клиповите ги проверив ок се... Изгледа до моторот нешто ќе да е.
Со време да си набавам нов мотор ....:(

Значи ништо не е толку комплицирано да се открие што е работата.

Како ти е компресијата?
 
Замена за држач на прозор плус работна рака - 6900 денари во Кадис. Па да му ебам матер, не е држачот од злато правен!

Имам Кордоба од 2000та и ужасни искуства со Кадис сервисот, прескапи, а сепак неквалитетни. Радиото го средував кај нив, пак рикна, централната ја средував, пак прави проблеми....

Знае ли некој каде има друг сервис што работи и со СЕАТ, се надевам поефтин и поквалитетен од овие...
Јас за друг не знам, знам за усраниов КА-ДИС кој е и увозник на SEAT за Македонија. Истото и мене ми се случуваше со Леонот и за тоа го продадов. Кожа од грб ми дереа за менување сијаличка на пример. Да биде бељата поголема, уште и акомулаторот еднаш ми го дигнаа кога ја однесов колата на сервис кај нив, ми го заменија со издуван. Ми идеше да им фрлам бомба, да им се насерам у тоа Ка-Дисот!
 
Мене Корун од форум ми препорача сервисер во Кисела Вода, за истото што ми бараа во Кадис 6900, овде ќе потрошам 1200 (и тоа со менување сајли). Уште чекам да му стигнат деловите, ама ќе пишам баш дали е добар од прва рака. :)

Кога ми се скрши внатрешната квака, ми бараа 100 евра за цел механизам да се сменел. И не ја сменив, за едно лиено железо јас да давам 100 евра, па не е од злато правено.
 
Јас имам електромоторче од механизам од некој сеат незнам од кој е дека во гаража го најдов ако му треба на некој нека пише ќе се договориме
 
Значи ништо не е толку комплицирано да се открие што е работата.

Како ти е компресијата?
Ако ти кажам нешто за компресија ќе те излажам....
Вака ... значи според мене како да влегува/пропушта воздух некој клип во моторот, и се осеќа тоа трокирање....пошто моторот има снага, али како воздух да има во горивото, или во моторот, чури али не како од плин или бензин туку како нешто друго, се осеќа при секаква вожња...препорачајте некој, да го види моторот што како, пошто 2 мајстори различно кажуваат. Еве утре сум слободен цел ден, па кажете кај да го носам југото тука во Скопје па да знам на што сум. :/ Или некој тука од форумов ако се разбира во тоа слободно нека пише да го ѕирне ова чудово...стварно не знам што да правам :/
П.С
Али како што читам по некој форуми српски можно е ова поради мала компресија или некој вентил....а овие мајсториве не се ни осудија да проверат точно тоа вентилите само кажаа ааа во ред се....ццц
Мислам дека 10 пати едит на постов му направив :)
 
Епа друже, моторот ти е за ремонт, едно освежување треба да се направи на кариките.
Зошто ти го викам ова?
Затоа што како што кажа самиот откако ќе се загрее моторот колата започнува да трокира, да губи моќ и да испушта чад.
Едноставна е логиката. Металот (цилиндрите) се шират, некоја карика не ти е како што треба, не прави соодветна компресија, почнуваат некои работи да се мешаат, итн итн.

101% ти гарантирам дека кариките ти се во прашање. Не е нешто скапо (барем не за Југо) тоа да се среди, само што одзема време.
Таман кога ќе се отвори ќе се средат и вентили нели, ќе се смениш летечи лагери,...

Ако измериш компресија (може тоа во секоја работилница да ти го направат, 2 минути работа) ќе го откријат проблемот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom