Менструација

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Јас ќе кажам само кетонал :cuc:

Кафетин менструал ич не ми помага, воопшто.
Кога пиев еднаш мислев дека ќе умрам од болки. После тоа си земав златно кетоналче и помина.
Прејаки апчиња се. Штетни се за организмот. Знам, знам.
Но јас не можам од болки да умирам.
Просечно на една менструација по 3 кетоналчиња од најслабите од 50грама. На 6 саати си зимам по едно, обично веднаш штом осетам минимални болки. Се случувало и да се трудам да ми поминат без кетонал и сум плачела од болка и на крај пак ќе се напијам, па чекам саат време јаките болки да ми стивнат ааааах.
Баш еве сега сум издрогирана со кетонали. Малку се смешкам повеќе али добро е :icon_lol: од утре како нова ќе сум.

Сакам во овие моменти да сум машко, сакаааааам :smir:

Ako sakas moze da se smename :pipi:
 
Мислам дека болките во текот на месечниот циклус имаат и врска со гените, можеби не кај сите али прашајте ги мајките дали и они имале менструални болки, ако да ништо чудно и вие ако имате.

Јас на пример немам, ептен ретко некогаш и баш ја прашав мајка ми и ми кажа дека и она никогаш немала.

А инаку сум читала има некои чаеви што помагаат, па ако не сакате да се труете со апчиња купете некоја книга за тоа има интересни информации кои би требало да се корисни:)
 
Мислам дека болките во текот на месечниот циклус имаат и врска со гените, можеби не кај сите али прашајте ги мајките дали и они имале менструални болки, ако да ништо чудно и вие ако имате.


Точно е ова. Имам зборено со мајка ми за оваа работа. Исто како и неа и јас имам неподносливо болни менстуации. Без апче неможам да издржам. Последниов пат кога добив, не се напив апче и прво почнав да повраќам, а после се онесвестив и завршив на доктор :uvo:
Ги мразам тие 5 дена и тогаш сто пати си помислувам зошто не сум машко :(
 
Ме боли стомакот 1 ден пред да добијам, имам чувство дека во стомакот ми течат поточиња, многу чудно чувство. Немам некои тешки болки но неколку пати ме болеше стомакот, и тоа многу, неподносливо. Тогаш мајка ми ми даде парацетамол, и престанаа за некое време.
 
Ах, да му се пликнам јас на тој женски живот... секој месец болки.
Поарно да боли отколку да расти :pos2:
море нека расти, па барем ќе знам дека барем 9 месеци ке сум раат :vozbud:

Шала настрана, неам толку силни болки, така само еден ден ме држи, може и без апче да се помине. Мене ме нервира шо сум нервозна како бесно куче, шо на сите им врескам без веза, шо си неам сила ни лаптопот да го кренам, па уште и БОЛИ!!!

Море од кога ке си родам деца, одам на лекар и ке барам чаре повеќе да не ми иде таа месечна рата... Ах Ева, Ева... кој те тераше тоа јаболко да го береш... сега сите да плаќаме за тебе :pos2:
 
Абе боли ама ако нека боли така осеќам дека сум жива:icon_lol:, колку повеќе боли тоа поарно.
 
аман бе сте се разжалиле како трагедија да е... :tapp:

ќе се научите кога ви доаѓа и оп едно апче кетопрофен е најдобро, ако не може да најдете тогаш ибупрофен. и проблемот е решен. и нема шо да се плашите безбедни се овие апчиња
 
аман бе сте се разжалиле како трагедија да е... :tapp:

ќе се научите кога ви доаѓа и оп едно апче кетопрофен е најдобро, ако не може да најдете тогаш ибупрофен. и проблемот е решен. и нема шо да се плашите безбедни се овие апчиња


Ти осетено имаш како е?
 
абе добро е што ви иди ако не ви дојди тогаш е лошото :)
женски ве жалам вие си знаете како вие :toe:
 
аман бе сте се разжалиле како трагедија да е... :tapp:

ќе се научите кога ви доаѓа и оп едно апче кетопрофен е најдобро, ако не може да најдете тогаш ибупрофен. и проблемот е решен. и нема шо да се плашите безбедни се овие апчиња
за мене искрено сите апчиња колку што помагаат, толку и одмагаат...
да станам на крај зависна од нив? И од најмала болка веднаш да ги пијам? Ноу веј.
Како и да е поминаја 5 години од кога прв пат добив и сеуште не ми е регулирано како што треба:toe:
 
Мене најчесто ми трае 5-6 дена... Ама преку лето и повеќе ... :toe:
 
Немам проблем со менструалните болки ама во секој случај мој совет е да не си пијат секакви лекови и при минимални болки бидејки самиот организам станува зависен и отпорен на лекарствата и следниот пат едноставно не се бори да ја победи болката туку ке бара апче .....а ако не можеш да издржиш е тогаш веке ке се напиеш сигурно нема да се надминуваш себеси.
 
Имам јаки болки особено првиот ден.Без 2 ибупрофена не минам а понекогаш и инекции паѓаат.За расположението немам многу промени,единствено 2-3 дена пред периодот сум малце пораздразлива....
 
Ретко осеќам болки, али коа иам добиено сум ептен нервозна..инаку при болка користам Caffetin, обично по 2 наеднаш и бајаги помага:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom