Томсасо, со сета почит кон тебе.... сепак споредба со хеџ фондови!?.... мислам дека се шегуваш, или пак се преценуваш. Сепак си ти незавршен студент на економски, а брокерите и мешетарите во хеџ фондовите се прави професионалци - ајкули и баракуди во светот на финансиите....
Услови под кои би прифатил да преговарам со тебе се:
* провизија за тебе 15% од нето профитот,
* твое учество во оснивачкиот влог на затворениот ИФ од најмалку 20%.... не од други инвеститори, туку лично твој. За да превземеш и ти помал дел од ризикот
, значи 10,000 Евра твое учество, 40,000 мое.
И најбитно во сето ова е да ме убедиш во следното: Кој овдека се бави со овој бизнис, колку успешно го прави тоа? Можеби не ги знам сите успешни.... Овдека знам дека егзистираат неколку отворени инвестициски фонда. Илирика, КБ публикум, КД груп, Иново Статус..... има два-три приватни многу богати фондови, едниот го отвори СЕАФ, го менаџираше Оливер Костуранов, еден од најдобрите менаџери во РМ, сега е ми се чини во бордот на Телекомот. Да ги оставиме на страна овие приватни, да ги анализираме оние отворените. Најголемите два со потекло од Словенија, со голема традиција и успешно работење... знаеме какви резултати имаат овие овдека отворени пред 4-5 години. Особено Илирика бележи загуби од некаде 40-45%... особено во последниве 7-8 месеци или година дена! Со сите нивни искусни брокери, кои скоро деценија успешно мешетарат, шпекулираат на берзи од Камчатка до Лисабон... од Тера дел Фуего до Хелсинки..... Е сега ти ме убедуваш дека би бил поуспешен од нив, и дека би можел да отствариш годишен профит од цца 30% бруто!? Едноставно прашање имам момче, зошто овие гиганти немаат ни блиску 30? Доколку би имале барем 20%, нивните фондови своите нето вредности би ги дуплирале! А тие не се 50-60,000 Еур, туку тежат по 700-800,000 Евра! Значи нивниот мотив да го зголемат фондот е очигледен! Зошто не го прават тоа? Зошто тие не се успешни? Зошто не играат на пазарот на племенити метали, на кинеската валута, на бразилските био-горива....
Можеби некаде има такви во МК што јас не ги знам!? Ако има такви ќе ги посочиш. Знаеме луѓе што се успешни во најразлични бизниси, но знаеме ли некој што е успешен во овој бизнис? Знаеш, некој што сака да влезе во некој бизнис, треба да има целосни информации.... пример: Ако некој ми понуди да влезам во транспортниот бизнис, ОК има многу што пропаднале во овој, но многу се повеќе оние кои почнале со еден сега имаат 2-3-5 шлепери.... значи познато ми е тоа дека има некој што е успешен во тој бизнис.... и тн. Прашање:
Кој е успешен овдека во инвестирање на светските пазари: ФОРЕКС, акции, племенити метали, енергетика.... и тн. Има ли такви?