Една од полошите варијати моментално е да орочиш пари во банка. Покарј тоа ште земаш камата значајно под официјалната стапка на инфлација (таа секогаш треба да се зема како апсолутен минимум), т.е имаш негативен реален принос на парите, имаш валутен ризик згора на тоа. Денарот е на најниски камати што некогаш бил, трговскиот дефицит е тука, и останува уште молба кон печалбарите да пратат повеќе дознаки оти маф ни е планот со денарот. Со еврото пак работата е уште покритичина (кај нас барем владата не е задолжена над точката на невраќање)... Мастришкиот договор што го направи еврото возможно пропишува максимален владин долг на секоја евро членка од 60% и максимален дефицит од 3%. Денес мастришкиот договор е тоалетна хартија.. Просекот задолженост на европска унија е 86% од БДП.. Протугалија, Грција, Ирска се на нивоа на задолженост кога историски не се случило некој со толкав долг да го исплати. Додека пак Франција, Германија, Шпанија, Италија, Белгија, Британија се на ниво на задолженост над 90% од историски толку задолжените нации не го вратиле дологт... Америка секако е тука се нејзиниот долг најголем во историјата на човештвото така да доларот е out of question..
Понатаму не е само валутниот ризик туку и counter-party ризикот... Ако Грција банкротира, што значи тоа за Дојче Банк со изложеност кон грчкиот долг? Што ако цел свет почни да банкротира (на таква траекторија е )??? Што значи тоа за Социете Женерал и за македонските банки кои бај д веј повеќето од еврата им се во европски банки ? Должничката криза е апсолутно црвено светло за вложување пари во банка оти банките се најголеми кредитори на банкротираните должници. (Запамтете банките имаат силен ливериџ, многу малку загуби може да ги однесат во паника банкрот.)
И згора на се негативни реални каматни стапки ???? За што би инвестирал воопшто ? За да губиш 3-4% годишно во куповна сила ? Подобро потроши ги сега парите, чист ќар си така.
Инаку реалните каматни стапки се основна детерминанта на цените на скапоцените метали. Имено во вакви услови кога приносите се негативни, штедачите се вртат кон благородните метали кои обезбедуваат 0% камата ама и зачувуваат куповна моќ. Штом реалните каматни стапки станат позитивни, металите можи да се намалат на цена и луѓето повторно да почнат да штедат во банки, обрзници итн.
А да, можиш да орочиш швајцарски франци ама тие се прилично безкаматни. Стабилноста пред се.
Со твоите 1.000 евра во ова време ќе биди чудо да не изгубиш.