UEFA Champions League Final : F.C.Barcelona - Manchester United F.C.

  • Креатор на темата Креатор на темата Vilanova
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи во финалето во ЛШ ?

  • Барселона

    Гласови: 111 49,8%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 112 50,2%

  • Вкупно гласачи
    223
Едвај чекам да почне мечов. Реално гледано ова е најголемото финале во последниве неколку години зашто и двата тима се на врвот и се среќаваат во финалето. Нема некои тимови како порано што успевале да се протнат во финалето иако "појаки" тимови од нив требало да се пласираат таму. Се разбира дека ќе навивам за Јунајтед, иако можеби и заслужено сите ја фаворизираат Барса. Јаки се, не велам не, ама старкана секогаш има по некој скрииен трик што ќе ги изненади сите. Најсреќен би бил кога Чичарите би го дал решавачкиот гол. Цел свет може да му се клања на Фергусон после зашто за 5-6 милиони доби играч кој што ова лето би вредел најмалку 30 :)
 
mou.jpg


:icon_lol:
 
Не сум за Барса но во финалево ќе бидам исклучиво ради тоа што низ градов многу пропалици и ропаци сретнувам што се за Манју. Реално тоа е тим што има ретко нормални навивачи.

а ти се сметаш за нормален?
 
Не чека дефинитивно најинтересниот и најважниот меч сезонава.Кој и да победи нема да биде незаслужено бидејќи и двата тима имаа одлична сезона,и двата тима играат супер фудбал.
Имаме дуел на титаните на светскиот фудбал,ќе гледаме жестока битка,тактички надмудрувања...ќе гледаме се што треба за да неутралните фанови бидат задоволни од оваа финале.

И Барселона и Манчестер имаат тренери кои на психички план знаат како да ги подготват своите играчи,во тактичкиот дел предност има стариот лисец Сер Алекс Фергусон,но Барса поседува подобри индивидуалци,но тоа не значи дека Барса нема да игра тимска игра.И двата тима ќе се обидат да ја имаат контролата на топката повеќе во своите нозе бидејќи знаат дека ако топката ја контролира спротивниот тим тогаш тоа може да биде многу опасно за тимот кој нема да има контрола на топката,така да мислам дека Барса нема да биде толку доминантна во поседот на топката како што беше во досегашните натпревари.

Нас ни останува да уживаме вечерва,иако ќе има многу стресови за навивачите на двата клуба но сепак овој натпревар мора да го гледаме и да уживаме,и без разлика кој ќе биде победникот се надевам дека ќе си честитаме едниот на другиот,и нема да се замараме со свршувањето на фановите на другите екипи кои ја мразат едната или другата екипа.
 
Дечки подгответе се за вечер..грицки,мицки,пивце и уживајте во фудбалската претстава кој ќе ни ја приредат најдобрите екипи за оваа сезона и похрабрата и порешителната екипа нека победи....
 
Мал офтопик, за тие што се бунеа зошто ВДС е во тимот на сезоната, еве еден податок да ве просветли. :helou:

Valdes has been the 16th best keeper in the CL this season. Conceded 8 goals. Made 16 saves, with a 66.7% success rate.

Van der Sar has been the best keeper in the CL this season. Conceded 3 goals. Made 34 saves, with a 91.9% success rate.

Прво проверете па правете се стручњаци. :salut:
 
Како фан на двете екипи, може да дадам една релативно објективна проценка на играчите и редовите.

Мала предност кај голманите му давам на Ван Дер Сар, бидејќи поретко прави киксеви, а и мислам дека подобро би се снашол при евентуални пенали.

Во одбраната 2те екипи имаат одлични стопери (едни од најдобрите во светот), а мала предност за бековите на Барселона, пред се поради помалото искуство на Рафаел/Фабио и одличниот Дани Алвес. Во воздушните дуели предноста сепак е на страната на Рио и Видич.

Средниот ред несомнено е главната предност на Барселона, технички Манчестер не може да се носи и веројатно со Флечер/Керик/Парк, Ферги ќе се обиде што е можно повеќе да ги неутрализира Чави и Иниеста. Секако главна опасност на Јунајтед може да бидат брзите крила, особено ако се знае дека одбраната на Барса која често е високо поставена и не е премногу брза.

Во нападот Меси е главната причина за предноста на Барселона, а од друга страна Руни може да направи некој индивидуален потег.

Како и да е се надевам на убав фудбал и коректен натпревар, да нема толку глума од играчите на Барса како против Реал, и да нема толку прекршоци од Манчестер. Мислам дека ќе гледаме коректен натпревар и ќе се обидат екипите фудбалски да дојдат до трофејот.
 
Мал офтопик, за тие што се бунеа зошто ВДС е во тимот на сезоната, еве еден податок да ве просветли. :helou:

Valdes has been the 16th best keeper in the CL this season. Conceded 8 goals. Made 16 saves, with a 66.7% success rate.

Van der Sar has been the best keeper in the CL this season. Conceded 3 goals. Made 34 saves, with a 91.9% success rate.

Прво проверете па правете се стручњаци. :salut:
извади ја и статистиката со Касиљас те молам
 
извади ја и статистиката со Касиљас те молам

Што да ја вадам статистиката со Касиљас коа глеаш дека ВДС има најдобар процент на одбранети топки, секако дека Касиљас би бил под него. Што значи вечер ќе има судар меѓу најдобриот голман сезонава во ЛШ против еден од полошите.
И да се разбереме, не влагам во дискусии дека општо ВДС е подобар од Касиљас, туку дека сезонава ВДС е најдобриот во ЛШ.
 
Велат дека Господ е најсреќен кога играат неговите деца.

Со среќа и на двете екипи
 
Барса ке тепа. Меси е Меси, за другите се наоѓа решеније.
 
Дечки подгответе се за вечер..грицки,мицки,пивце и уживајте во фудбалската претстава кој ќе ни ја приредат најдобрите екипи за оваа сезона и похрабрата и порешителната екипа нека победи....
Јас и палома си земам кога игра Барса зошто многу емоционално ги доживувам моментите кога се жалат од повреди... душички...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom