Колку имало порано и подобри теми и подобри муабети.
Еве нешто за Мито (барање -давање пари за нешто)
И нам ни е побарано,и тоа не било каде туку во владата на оваа држава.
Ќерками конкурираше таму и доби одговор во едно „цедулче“.
Пишував порано дека таа е со диплома за најдобар студент во 2005 година(УКИМ).
На цедулчето имаше жиро сметка каде требаше да уплатиме 4.000 ЕВРА,за да ја стават на некаков список,незнам точно како се викаше,демек за примање на работа.
Усмено и рекле треба 5.000 ама еве ти попуштаме,бидеиќи сме „никој и ништо“, и дека со тие пари се помага „партијата“ а не се МИТО.
НЕ дадовме и ќерками се уште е без работа,ама затоа некој полуписмени планинари се примени и тогаш и многу пати од тогаш наваму.