- Член од
- 13 октомври 2007
- Мислења
- 3.175
- Поени од реакции
- 434
Новинарска екипа на весникот Дневник претпладнето е вратена од бугарските гранични власти на преминот кај струмичко Ново Село со што и било оневозможено да известува од „Семакедонската средба“ организирана од ОМО Илинден Пирин во градот Мелник.
- Не прашаа каде одиме. Им рековме дека одиме во Мелник да известуваме од „Семакедонската средба“. Откако ни ги земаа пасошите се вратија и ни дадоа да потпишеме документ во кој стои дека сме одбиени за влез затоа што не се знаело со каква цел патуваме за Бугарија. Побаравме објаснување од граничарите, зошто не смееме да влеземе во Бугарија, по што кратко ни одговорија дека не сме можеле да ги убедиме да не пуштат, вели Ивана Костовска новинар од Дневник.
Претходно Амбасадата на Бугарија во Скопје писмено го одби барањето на ТВ Сонце да присуствува на истиот настан без да наведе причини за одбивањето.
Амбасадата во петокот усно го одби писменото барање и на ТВ Канал 5 да се дозволи влез во Бугарија со образложение дека било испратено предоцна и не можело да стигне одговорот на време.
- Канал 5 во петокот побара од Амбасадата на Бугарија во Скопје да ги достави процедурите врз основа на кои нашата екипа може да влезе во Бугарија за снимање во Мелник. Најпрво преку електронска пошта ни беше побарано да ги наведеме имињата на членовите на екипата, возилото со кое ќе патуваме, сериски број и видот на опремата со која ќе снимаме. Откако тоа го направивме, подоцна усно ни беше соопштено дека е доцна да се процесуира барањето до Софија и да се добие навремено одговор, вели Горан Момироски, уредник во Канал 5.
На одлуката на бугарските власти најостро реагираше и Здружението на новинари на Македонија. Во обид да го расветли случајот, ЗНМ преку Асоцијацијата на европски новинари - Бугарија се обиде да побара одговор и од официјалните власти во Софија на прашањето зошто ТВ Сонце не доби дозвола да снима на бугарска територија. Бугарските новинари прашањето го поставиле до портпаролот на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, но по неколкудневен молк оттаму биле препратени да бараат одговор од Амбасадата во Скопје.
Загриженост за целиот случај изрази и Асоцијацијата на европски новинари од Бугарија.
“Како новинари за нас е важно да знаеме дали е вообичаена практика бугарските амбасади низ светот да одбиваат барања на странски медиуми да снимаат во Бугарија или се работи за изолиран случај? На пример, дали бугарската амбасада во Лондон би го одбила барањето на Би Би Си, ако овој медиум има намера да сними сличен филм како оној за Могилино, кој ќе ја претстави земјата во неповолна светлина?”, стои во соопштението на бугарското новинарско здружение.
Асоцијацијата на европски новинари од Бугарија ги повикува бугарските институции да не ги одбиваат, туку напротив, да соработуваат со сите новинари без разлика на нивната националност и медиумот од кој доаѓаат, а на истото ги повикуваат и македонските институции.
“Убедени сме дека единствениот пат за развој на европски добрососедски односи е оној на кој и двете земји ќе се ангажираат со максимална отвореност и почитување на принципите пропишани во нивните национални, како и во европското законодавство”, се додава во соопштението.
ЗНМ, апелираше и до македонските институции да се заинтересираат за целиот случај и да побараат по официјални канали бугарските власти да ја напуштат ваквата политика на нетолеранција кон македонските медиуми во иднина. /www.kanal5.com.mk
Диктатурата на дело =Европска Болварија