Групни и масовни попусти

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Возраст
35
Групни попусти со Grouper и Kolektiva

Релативно нова работа кај нас, колективно купување со големи попусти.
Попластично објаснето на линков

На групер веќе недела две има зделка секој ден, колектива почнаа вчера и тие на почеток имаат ефтина зделка од 10ден
http://mk.kolektiva.net/ Работат на ист принцип.

Дали искористивте вие некоја ваква понуда?
Дали ви се допаѓаат понудите?
Дали имате искуство со некоја ваква компанија од странство?
Јас лично се уште немам начекано некоја добра понуда, првата на групер ја утнав иначе добра беше, топло чоколадо во некој кафич за10 ден :)
 
Колектива постои во повеќе држави. Вчера видов дека ја ставиле првата понуда, чаша греано вино за 10 денари па си купив еден литар :icon_lol: Добро е што може да се искористат купоните во наредните 60 дена, па кога ќе одам во Скопје со друштво, ќе си седнеме на греано вино во Cafe-Cafe бидејќи имам купено 4 чаши :toe:
 
Се прашувам дали ќе дојди моментот групен секс да се договара преку вакво срање...

Ако сакам да купам нешто, ќе го купам. Не ми требаат организации, групирање или незнам шо.
 
Се прашувам дали ќе дојди моментот групен секс да се договара преку вакво срање...

Ако сакам да купам нешто, ќе го купам. Не ми требаат организации, групирање или незнам шо.

Зш да не купиш нешто со повеќе од 50% попуст ако ти треба?
 
Ајде Македонски скептици и песимисти, одамна немате "уништено" некоја убава идеја, Македонче ќе плати 100 ден за вино бе, зашто 10 кога може 100?

Село остаје село. :helou:
 
Ајде Македонски скептици и песимисти, одамна немате "уништено" некоја убава идеја, Македонче ќе плати 100 ден за вино бе, зашто 10 кога може 100?

Село остаје село. :helou:
Ако сакам такво вино сам ќе си го направам дома, и шанкерот со попустот нема да ми плукне во него само тоа е лоша страна.
 
Така, само не прифаќај нова идеја за жива глава! Не е страната само за греаното вино, прочитајте што е поентата пред да мрчите без никаква поента и цел.
 
Купивме купонче во едно кафанче кило ребра печени во фурна и 4 кригли за 225 денари
 
Се прашувам дали ќе дојди моментот групен секс да се договара преку вакво срање...

Ако сакам да купам нешто, ќе го купам. Не ми требаат организации, групирање или незнам шо.

Има таков сервис во Хрватска што се вика „Grupnjak“ и моментално имаат некаква наградна игра со лајкови на Фејс и кој ќе има најмногу ќе оди за Париз... Види ја само сликата на почетна :)
Код:
http://www.facebook.com/grupnjak

А на сликите што треба да ги објават членовите треба да пишува „I ja volim Grupnjak“ :icon_lol:
 
Зш да не купиш нешто со повеќе од 50% попуст ако ти треба?
Прилично сум сигурен дека она шо ти треба нема да го продаваат... ќе даваат на попуст глупости што заостануваат по рафтовите и никој не сака да ги купи, па ќе чистат место, во најголем дел од случаите.

Има таков сервис во Хрватска што се вика „Grupnjak“ и моментално имаат некаква наградна игра со лајкови на Фејс и кој ќе има најмногу ќе оди за Париз... Види ја само сликата на почетна :)
Ноу комент...

Купивме купонче во едно кафанче кило ребра печени во фурна и 4 кригли за 225 денари
Е ова веќе е нешто друго... вакви работи ми се бендисуваат, сам ќе ги платам тие 225 денари посекако толку ќе изејам, а екипата е стално тука за дружба :)

Ајде Македонски скептици и песимисти, одамна немате "уништено" некоја убава идеја, Македонче ќе плати 100 ден за вино бе, зашто 10 кога може 100?

Село остаје село. :helou:
Контраудар: сиромав плаќа два пати. Слободно со уште 19 твои истомисленици оди да си купиш некоја електроника (пример лап-топ или телевизор) која што дремела 2 годии во магацин... можи ќе ви организираат заедно чукање на главата по 2 - 3 месеци.
 
Купивме купонче во едно кафанче кило ребра печени во фурна и 4 кригли за 225 денари

Кажуј порано вакви работи... ребра и пивоо.. :zlo:

Инаку идејата на ваквите сајтови е за поздрав. Ем кафичот/кафаната/ или било што друго се пуни со гости, ем гостите со попуст си плаќаат. Не може секој да си дозволи (во случајов ќе го земам како пример) варено вино од 100 денари, ама за 10 мислам дека може секој. Така да само напред, што повеќе нека ги има и што повеќе различни понуди нека имаат. ;)
 
Е ова веќе е нешто друго... вакви работи ми се бендисуваат, сам ќе ги платам тие 225 денари посекако толку ќе изејам, а екипата е стално тука за дружба :)

Вака ефтино ќе ја частиш екипата

Кажуј порано вакви работи... ребра и пивоо.. :zlo:

Инаку идејата на ваквите сајтови е за поздрав. Ем кафичот/кафаната/ или било што друго се пуни со гости, ем гостите со попуст си плаќаат. Не може секој да си дозволи (во случајов ќе го земам како пример) варено вино од 100 денари, ама за 10 мислам дека може секој. Така да само напред, што повеќе нека ги има и што повеќе различни понуди нека имаат. ;)

Му стигна на другар понуда од Групер, го најдовме кафанчето на мапа, испадна преку улица дека е па си викаме ајде зошто да не :)
Инаку само 4 кригли толку би те коштале ребрата гратис :)

За студенти ептен погодено :)
 
Вака ефтино ќе ја частиш екипата
Moре две ќе купам, едно е малку :)

A иди таман, 450 денари, по 90 денари на чоек... за две кригли и пола кило ребра, охохо мераци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom