До кога христијаните ке бидат ограбувани од црквата?

  • Креатор на темата Креатор на темата МЈ23
  • Време на започнување Време на започнување
Ова требаше да е смешно !? :toe:

Има едноставен начин да се носиш со тоа. Живееме во секуларно општество, така да законски ниту еден религиозен обичај не е нужен. Во мојата куќа поп нема стапнато многу долго време. Милиони долари да имам, ниту еден цент нема да заврши во рацете на таа бесрамна багра...

Владиката Петар има телохранител. Сте слушнале за поголема срамота од тоа?
 
Ајдееее... е за ова не знаев, стварно. Бог да чува и да брани. Што ќе му е телохранител на човек кој треба да е побожен и да ја шири верата преку мир и љубов !?
Да во право си, ниту еден религиозен обичај не е нужен, ама сепак си се родил во таа вера поради некоја причина и треба да ја почитуваш поради некоја причина. Инаку, проблемот не е во религиозноста на народот и обичаите, него во тоа што некој ги искористува верата и лекомисленоста на луѓето за свои цели.
 
Ова требаше да е смешно !? :toe:

Не, туку поучно. Сигурен сум дека во Твојот живот имаш арчено бари за секакви будалаштини и бескорисни работи, и тоа по повеќе пати за една и и иста вредност, но кога треба да платиш за нештата во Црквата, кои се наплаќаат само еднаш, тога рипаш и скокаш против свештенството, небаре тоа свештенство Те пљачка цел живот.
 
И замисли, се рипа против свештенството кое е тука да ја шири Љубовта.
Напротив, треба да се плати.

Наравоучение??

Љубовта се плаќа и си има цена! :)
 
Не, туку поучно. Сигурен сум дека во Твојот живот имаш арчено бари за секакви будалаштини и бескорисни работи, и тоа по повеќе пати за една и и иста вредност, но кога треба да платиш за нештата во Црквата, кои се наплаќаат само еднаш, тога рипаш и скокаш против свештенството, небаре тоа свештенство Те пљачка цел живот.

И тоа што викаш, моите со пот заработени пари подобро да ги дадам за џипот на некој поп. Алал вера да ти е.

Бензинот рипна, сигурно и „маржата“ за крштевки, венчавки и погреби ќе рипне. Сепак такви ламји од возила голтаат бензин како вода да е.
И се додека игнорираш дека проблемот не е во давањето пари, него во тоа каде тие после завршуваат, ќе се натегаме на темава.

Кога некој од поповите ќе рече: „Еве го мојот џип, се одрекувам од него. Продадете го и направете црква или нахранете ги оние што се гладни.“ Тогаш јас лично ќе отидам и ќе му бакнам рака и ќе му ја дадам целата плата што ја имам.

пс. имам уште едно прашање, зошто се китат поповите со злато кога се знае дека Исус потекнува од сиромашно семејство кое се бави со столарство !?
 
Кога некој од поповите ќе рече: „Еве го мојот џип, се одрекувам од него. Продадете го и направете црква или нахранете ги оние што се гладни.“

А зашто очекуваш таков гест да стори некој поп, зашто тоа Ти лично не го сториш и речеш: „..Еве ја мојата кола, ја донирам/продавам, за да може да се изгради тој и тој храм или да се нахранат тие и тие социјалци...„? Или вака Ти е полесно: седиш пред монитор, мудруваш и чекаш неко нешто да стори оти Тебе така Ти се кеифнало, не?

--- надополнето ---

пс. имам уште едно прашање, зошто се китат поповите со злато кога се знае дека Исус потекнува од сиромашно семејство кое се бави со столарство !?

За зашто да не? Зашто Ти лично не станеш столар и не почнеш да јадеш леб од тој занает?
 
Не, туку поучно. Сигурен сум дека во Твојот живот имаш арчено бари за секакви будалаштини и бескорисни работи, и тоа по повеќе пати за една и и иста вредност, но кога треба да платиш за нештата во Црквата, кои се наплаќаат само еднаш, тога рипаш и скокаш против свештенството, небаре тоа свештенство Те пљачка цел живот.

Тоа свештенство пљачка цел живот. Ги пљачка сите граѓани кои ПЛАЌААТ за чатење, прскање со вода и неразбирливо рецитирање празни зборови кои не значат, ниту постигнуваат апсолутно ништо.

Поповите (сите тие!) наплаќаат за ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА за непостоечки задгробен живот во кој ниту самите тие не веруваат. Земаат пари (според фиксен ценовник) од стари и сиромашни вдовици кои немаат ИЧ, додека самите попови се возат со скапи џипови, носат пиштоли „за самоодбрана“ и имаат набилдани мајмуни како лично обезбедување!

Чуму сето тоа?

Зошто децата на владиците возат спортски коли и беснеат по кафаните секоја вечер? Од каде скапи коли, хациенди и кол-герли во семејните гнезда на владиците?

Треба да се поапси све тоа врз основа на ширење лаги и заблудување, затајување данок и финансиски малверзации!

Ја за таков закон ќе гласам со двете раце!
 
А зашто очекуваш таков гест да стори некој поп, зашто тоа Ти лично не го сториш и речеш: „..Еве ја мојата кола, ја донирам/продавам, за да може да се изгради тој и тој храм или да се нахранат тие и тие социјалци...„? Или вака Ти е полесно: седиш пред монитор, мудруваш и чекаш неко нешто да стори оти Тебе така Ти се кеифнало, не?

--- надополнето ---

За зашто да не? Зашто Ти лично не станеш столар и не почнеш да јадеш леб од тој занает?

Уау... за зошто да не !? Каков одговор. Браво. После вакво исцрпен одговор во стилот „им се може бе“, немам што повеќе да дискутирам со тебе.

Биди ми поздравен и не продавај демагогии на луѓе кои се самосвесни. ;)
 
Кога ке престанат да веруваат во неа и кога ке изградат свое ЈАС.
 
Додека исус се симне на земјата т.е засекогаш.... оло имао рофл лолз хахахахаххихихиеххехехехехе ПВН
 
имам уште едно прашање, зошто се китат поповите со злато кога се знае дека Исус потекнува од сиромашно семејство кое се бави со столарство !?

За прашањево мислам дека најдобро знае да ти одговори Чорбаџија. Тој е по златото и џиповите...
 
Биди ми поздравен и не продавај демагогии на луѓе кои се самосвесни. ;)

WOW!!!

Велиш, „самосвесни„!??? Па то е школски пример за манисфестирање гордост, една од најпогубните човекови маани и згора на све, се впушташ во делење совети што требало да чинат свештениците, а не си во состојба да ги видиш гредите во своите очи?

WOW!!!

Биди ми и Ти поздравен.

--- надополнето ---

Зошто децата на владиците возат спортски коли и беснеат по кафаните секоја вечер? Од каде скапи коли, хациенди и кол-герли во семејните гнезда на владиците?

Ајде сега, од празни зборој, прејди и на дела, па вака јавно, на форумов, посочи ги имињата и презимињата од тие свештенички деца кои тераат световни кеифови, па практично ќе можам да се распрашам и проверам колку си во право!

Ќе моеш!???
 
WOW!!!

Велиш, „самосвесни„!??? Па то е школски пример за манисфестирање гордост (!?), една од најпогубните (!?) човекови маани и згора на све, се впушташ во делење совети што требало да чинат свештениците, а не си во состојба да ги видиш гредите (!?) во своите очи?

WOW!!!

Биди ми и Ти поздравен.

:nesvest:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom