- Член од
- 7 мај 2010
- Мислења
- 10
- Поени од реакции
- 3
За рационализмот, како убиец на вечноста.
Рационализмот како камен темелник на денешното современо општество открива многу слабости и вистини за неговата несовршеност; за неговиот острастен паднат облик. Иако рационализмот, со својата примамливост, вешто ја придобива наивноста на современиот човек, сепак не се работи за дисциплина од онтолошки карактер т.е за дисциплина која ги урива бариерите на оваа падната природа.
Рационалното никогаш нема да го достигне онтолошкото, бидејќи не е совршено, како онтолошкото туку потпаѓа под природните законитости на овој свет – емпиризмот. Емпиризмот го роди рационализмот, свој нов војник, кој е длабоко решен на човекот да му го одземе правото на вечно постоење и воопшто таа вечна перцепција да ја, што е можно повеќе потисне.Нивната сродност е отров за човечката душа. Опиум за срцето. Смрт за човекот.
Сепак во рамките на овоземското, рационалното е неопходно, но во рамките на вечноста тоа е смртно, бидејќи самата природа ја наложува таа контрадикторност, со помош на природните сетилата да се осознае духовното.
Но за човекот доволно е да му се „докаже“ нешто природно со што би го негирал духовното, за да после тоа да го постави како критериум, кој патем е несовршен и не ѕирка во вечноста.
Критериумското во рационалното е како што кажавме несовршено, но не е само тоа пречка тој да биде отфрлен.
Имено неговата идеја се темели да вооспостави целосна контрола над се, се да спознае, над се да е господар. Цел свет да го претвори во марионета со која би владеел и гордо, преку неа, би ги остварувал своите острастени цели. Значи поставување на себеси над се, владеење со материјата, а не нејзино онтолошко трансформирање.
Па затоа идеата на рационализмот се темели на убивање на секоја онтолошка надеж во човекот, потчинување под нозете на владарот, а со тоа се добиваат само овоземски задоволства кои никогаш не можат да им парираат на онтолошките бидејќи нивниот животен век е кус, додека на онтолошките вечно усовршлив.
Потчинувањето под рационализмот, ќе го платиме со смрт, но ако погледнеме малце пошироко, ќе го видеме Вечниот Критериум со отворена прегратка полна со Љубов како чека на нашето ДА, со кое би ја купиле вечноста.