- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Mi trgna denes da ti gi citiram postovite...Ставрогин, доколку внимателно си ја читал Бесови, Достоевски го окарактеризира како крајно негативен лик, како еден од "бесовите" кои ја морат Русија во деветнаесетиот век, нихилисти, целосно отуѓени од својот народ и вера, без морален компас, водени од идеи и -изми, некритички трансплантирани од западот и несмасно имитирани.
А во Карамазови, како контратежа на Иван, го имаш Аљоша, огласен како јунакот на романот од страна на самиот Достоевски, Аљоша кој е олицетворение на простодушната, наивна верба која го карактеризира типичниот Русин кој Достоевски го идеализира.
Достоевски не е само апологет на духовноста, туку остар напаѓач на позитивизмот и рационализмот и впрочем сите -изми кои ја цепкаат реалноста, во преден план носејќи еден или друг нејзин аспект. Тој е делумно инсипириран од Соловјов, руски поет и философ кој зборува за концептот на "соборност" кој означува единство, односно некој вид на холистички пристап кон гледањето на светот кој тежнее да ги обедини спротивните концепти во идејата за Бог. Фак, само што почнав да го читам типот, не е баш прост, али кога ќе го укопчам ко што треба, I'll get back to you.
Фала на одговорот, у секој случај. Достоевски ми е омилен автор и уживам да дрндам за него.
Delata na Dostoevski se polifoni, odnosno sekoj od negovite junaci stapuva na scena i go kazuva ona sto go misli. Dostoevski ne zavzema strani vo negovite romani, iako zavzema strani vo negovite dnevnici, koi se mnogu poloso literaturno delo vo odnos na negovite romani. Mnogu komentatori na Dostoevski smetaat deka tokmu Ivan Karamazov i Nikolaj Vselovodovic Stavrogin se onie likovi so koi Dostoevski najmnogu se postovetuval, i koi gi izrazuvaat negovite najdlaboki sogleduvanja za zivotot i religijata. Ova zaradi intenzitetot so koi se prikaznani tie likovi, posebno Ivan Karamazov, koj licno za mene pretstavuva najvazniot knizeven lik bilo koga stvoren. Od druga strana, Aljosa i Zosima deluvaat nekako neubedlivo i bledo, eden Ruski avtor (Lav Sestov, izvorendno interesna pojava vo filozofijata) gi narekuva tie likovi lubok, odnosno nekoja vrsta na drveni rezbani igracki koi se prodavaat po panagurite vo Rusija...