За рационализмот, како убиец на вечноста.

Член од
7 мај 2010
Мислења
10
Поени од реакции
3
За рационализмот, како убиец на вечноста.

Рационализмот како камен темелник на денешното современо општество открива многу слабости и вистини за неговата несовршеност; за неговиот острастен паднат облик. Иако рационализмот, со својата примамливост, вешто ја придобива наивноста на современиот човек, сепак не се работи за дисциплина од онтолошки карактер т.е за дисциплина која ги урива бариерите на оваа падната природа.

Рационалното никогаш нема да го достигне онтолошкото, бидејќи не е совршено, како онтолошкото туку потпаѓа под природните законитости на овој свет – емпиризмот. Емпиризмот го роди рационализмот, свој нов војник, кој е длабоко решен на човекот да му го одземе правото на вечно постоење и воопшто таа вечна перцепција да ја, што е можно повеќе потисне.Нивната сродност е отров за човечката душа. Опиум за срцето. Смрт за човекот.

Сепак во рамките на овоземското, рационалното е неопходно, но во рамките на вечноста тоа е смртно, бидејќи самата природа ја наложува таа контрадикторност, со помош на природните сетилата да се осознае духовното.

Но за човекот доволно е да му се „докаже“ нешто природно со што би го негирал духовното, за да после тоа да го постави како критериум, кој патем е несовршен и не ѕирка во вечноста.

Критериумското во рационалното е како што кажавме несовршено, но не е само тоа пречка тој да биде отфрлен.

Имено неговата идеја се темели да вооспостави целосна контрола над се, се да спознае, над се да е господар. Цел свет да го претвори во марионета со која би владеел и гордо, преку неа, би ги остварувал своите острастени цели. Значи поставување на себеси над се, владеење со материјата, а не нејзино онтолошко трансформирање.

Па затоа идеата на рационализмот се темели на убивање на секоја онтолошка надеж во човекот, потчинување под нозете на владарот, а со тоа се добиваат само овоземски задоволства кои никогаш не можат да им парираат на онтолошките бидејќи нивниот животен век е кус, додека на онтолошките вечно усовршлив.

Потчинувањето под рационализмот, ќе го платиме со смрт, но ако погледнеме малце пошироко, ќе го видеме Вечниот Критериум со отворена прегратка полна со Љубов како чека на нашето ДА, со кое би ја купиле вечноста.

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Одличен пост, има многу смисла. Пред рационализмот ја имавме вечноста во љубовните прегратки на Инквизицијата, супер беше...

Инаку рационализмот е пред се епистемолошко учење, кое нема онтолошки препоставки.

Значи поставување на себеси над се, владеење со материјата, а не нејзино онтолошко трансформирање.

За вакви реченици се добива чврга во секое пристојно филозофско училиште.

Онтолошко трансформирање на материјата...:vozbud: Чиста алхемија, yes baby...
 
Инквизацијата е мутација на религиозната „ревност“ на Католочките свештеници. Вечноста никогаш своето место не го прнајде во нивната ревност. Потчинувањето под нивна власт никако не би ги довело тогашните луѓе до вечноста.

Бидејќи ги нема онтолошка перспектива е убиец на вечноста, но тоа незначи дека неможе да ја има.

Бидете љубезни па останатото објаснете ми го подетално.

Позз !
 
А

Антоние

Гостин
Види, кога некој (парафразирано) аргументира против логика и рационализам,дека тие се на било каков начин штетни или лажни, се создава ситуација каде што фигуративно (тој) си ја сече гранката од дрвото на која што седи. Употребувајќи го токму тоа што го негира, за да конструира аргумент против него.

Е сега, читајќи го воведниот пост, добив впечаток дека авторот е ... теист (ставајќи голема буква на апстрактни поими) и тоа е кул. Но ако правиме муабет за рационализмот историски, мотив за неговата појава е потребата да се сотрат размислувањата и начините на донесување одлуки и заклучоци врз основа на факти и околности кои што не се во согласност со реалноста (религиските учења, мистичноста итн). Логиката и разумот се како антиподи на религијата и мистиката.

Што значи дека ако авторот на текстот е некој кој што (делумно) го засновува својот концепт за реалноста на паранормални, псеудонаучни и натприродни ... ете да кажеме верувања... само природно е да не му се допаѓаат нивните антиподи, во овој случај логиката, разумот и рационалноста.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Рационалното е убиец на ирационалното, каква што е вечноста...
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Рационалното е убиец на ирационалното, каква што е вечноста...
Ако овој светски рационализам што го негира духовното, душата и Бог е вистински.
Тогаш
КАКО ТОА од 1945 год па наваму, на отворено се извршени повеќе од 2000 нуклеарни тестирања, нашата планета се бори да
преживее од рационалното човечко однесување во сите аспекти, илијадници животински и растителни видови се исчезнати,
тогаш можеби овој наш рационализам можеби и не е толку рационален.
Ако го запоставиме Духовното ги запоставуваме и духовните квалитети кои не прават да бидеме луѓе,
затоа што луѓето кои се уверени дека животот е само хемиски процес немаат цел и причина да се однесуваа хумано и со Љубов кон
секоја креација на планетата.
Овој светски рационализам води кон сурово самоуништување на секоја човечка душа која живее без духовното односно
без она што е дел од нас. Без тоа ќе бидеме само ѕверови а ние не сме тоа ние сме Светлина.
 
А кој рече дека тие нуклеарни тестирања се рационална работа? A животот е хемиски процес, нашата "духовност" произлегува од мозокот и не е нематеријална а тоа барем за мене не претставува причина да престанам да бидам хуман, пред некој ден донирав мала сума на пари за операција на човек кој не го познавам, имам донирано и претходно, секој втор ден им фрлам храна на мачките пред мојата зграда од некој ирационален страв дека ќе умрат од глад, на просјаци знам да им дадам по 10 денари и сето тоа е еден вид хуманост без разлика колку е ситна.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Хахахах и јас на тебе како просјак би ти дал нешто ама џабе....ти си бетер од оние што просат за 5 денари.
Они барем имаат надеж ти немаш ништо.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Хахахах и јас на тебе како просјак би ти дал нешто ама џабе....ти си бетер од оние што просат за 5 денари.
Они барем имаат надеж ти немаш ништо.
Хахахаха знаев знаев знаев дека ќе реплицираш на постов. Хаха ама си предвидлив. Ебате наркоманот :)
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Хахахаха знаев знаев знаев дека ќе реплицираш на постов. Хаха ама си предвидлив. Ебате наркоманот :)
А од кај знаеше ?
Дали нешто со совеста имаше врска, или нешто слично.
Што кур донираш пари ако животот е хемија на крај сите ке умрат, што ќар од сето тоа.
Земи скрати си ги маките на време....или па не е така просто како што викаш а ?
 
Знаев зошто јас сум спремен на сите можни ситуации уште пред да се десат :pos::pos::pos:
Донирам зошто добро се осеќам кога помагам а не ми треба на мене Ошо да ми кажува што како треба во животот.

Баш зошто животот е еден и нема друг нема да си ги скратам маките, а зошто ти не си ги скратиш па се реинкранираш во некој попаметен кога веќе веруваш во реинкарнација? Убивај се додека не станеш паметен, зошто да не?

:smeshko::smeshko::smeshko:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Без навреди. Keep it civil.
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Дур зависи од некакви си поставени параметри и мозочни норми , а не од ‘слободна перцепција , тогаш ќе остане убиец на духот.
 
Член од
7 мај 2010
Мислења
10
Поени од реакции
3
За ољуботворениот рационализам

Идеата рационализмот да се сведе на емпиризам е само уште еден показател за безизлезноста на просветителството* во XVIII век. Во претходниот текст ја опфативме негативната страна на рационализмот со цел да го објасниме промашувањето кое е неминовно, ако е засновано на таков принцип. Но сега ќе се осврнеме на другата страна, која не води до Вечниот Критериум.

Вечниот критериум не е безличен, напротив Тој е таа личност кон која стремиме. Тој не откупи и ќе не направи синови негови, но не сега и овде, туку духовно кога најрационалната дисциплина ќе ја сватиме како наша натсушна потреба. Бидејќи тој има Личност, ние можеме кон него да тежнееме, и со тоа да станеме совршени како Него.

Зачетокот на негативниот рационализам, поттикнува од злоупотребувањето на истиот во емпириските граници, т.е додавање на емпиристички особини на рационализмот, а со тоа неговата добра страна се злоупотребува и негативната доаѓа до израз.

За добрата страна е потребно вечната онтолошка дисциплина Љубовта да се разлее врз рационализмот. Љубовта како најрационална дисциплина, е темел на човечката личност. За личноста Љубовта претставува натсушна потреба, без која неможе да се замисли нејзината егзистенција во рамките на духовното. Запчаникот е Личноста, Љубовта силата која го покренува да врши некоја работа, да егзистира, во овај случај духовно. Поради негативното перцепирање на рационализмот ние сме скоро духовно мртви. Станавме тапи, за перцепирање на Љубовта, и со тоа нашата личноста полека но сигурно `рѓосува. Силата која го покренува запчаникот нема да исчезне, ќе исчезне запчаникот и на негово место ќе дојде нов, можеби способен вечно да егзистира.

Смислата на рационализмот (овде се мисли на единствениот вистински рационализам, не на овоземскиот опфатен во другиот текст), односно неговата цел, се темели на тоа, со помош на Љубовта да ја потикнеме Личноста да облече ново руво, исткаено врз основа на соочувањето со нашата несовршеност и прифаќање на нашите грешки, отфрлување на истите и нивно неповторување, а тоа се остварува кога ќе му речеме ДА на Вечниот Критериум.

Ова звучи многу тешко, но тоа е процес кој се прекинува со смрта, некогаш среќно а некогаш очајно. На нас е да одлучиме како тој ќе се заврши. Најрационално е да стремиме кон совршенството, бидејќи тогаш сигурно нема да умреме на пола пат, а во Совршенството нема смрт само живот вечен. Секој од нас неможе да не ја сака совршеноста, која во овај случај му е понудена. Понудена за вечно, но откако човековата личност е целосно испитана, за да преку неа да ја исполни целта на сопственото егзистирање.
Кога рационализмот нема да му содејствува на епмиризмот, и кога неговата идеа ќе биде идеата на Љубовта, тогаш тој ќе ја оствари својата цел. Ќе егзистира на цврст темел кој не познава никакви граници, а секогаш вечно се усовршува. Затоа нашиот рационализам нема да ги признава границите на овој свет, погубните страсти, него смело ќе и отфрли и ќе се бори за вечно да ги надмине.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

*Во текот на XVIII век, во Европа се разви посебна културна, критичка и педагошка активност наречена Просветителство која се темелеше на рационализмот претставен во претходниот текст „За рационализмот, како убиец на вечноста“
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Постојат многу перцепции и учења за Бог и секое од нив е Светлина затоа што со својата вистина ги осветлува сите лаги и се што
е темно односно дамка.
Јас исто видов дека има вистини во секоја голема религија и дека сите водат кон Љубовта.
Од ова што погоре е напишано ми укажува дека тој што го пишувал овој текст има големо и вистинско духовно знаење.
И многу јасно укажува на верувањето во Христос и откупувањето на целото човештво преку Него.
Сигурен сум дека секој вистински духовник кој бил благословен со духовни спознанија, и му припаѓа на било која религија е свесен за Него.

И нашиот духовен развој можеме да го разбереме како превоспитување на нашите страсти.
Така кон се што е ниска страст, задоволство, блудство и сл во нас се раѓа одбивност кон тоа.
И кон духовниот и вистински живот ќе се роди вистинска Љубов која што е најубаво чуство во сите Нејзини облици .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom