- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
На една адреса 375 Македонци во Ќустендил
Вкупно 375 Македонци со бугарско државјанство биле регистрирани на иста адреса во пограничниот бугарски град Ќустендил. Оваа фрапантна бројка на формално пријавени наши граѓани е откриена случајно при референдумот за изградба на здравствено-бањски комплекс во оваа општина, спроведен во неделата. Информацијата ја пренесе националниот веб-портал „Дарик њуз“, кој истакнува дека Македонците фигурирале и во избирачкиот список, но ниту еден од нив не гласал.
Сите 375 Македонци биле запишани на улица Ивајло бр.12. Станува збор за мала четирикатна зграда со осум стана во кои реално имало само 19 станари. Според „Дарик њуз“, услугата за пријавување фиктивно место на живеење на македонските граѓани им ја вршела домоуправителката, пензионерката В.Г., од патриотски побуди. Жената никогаш не ги видела своите „цимери“ од Македонија, а изјавила дека врската ~ бил некојси Благо. Тој ~ ги носел документите, а таа само ги потпишувала. Пензионерката изјавила дека била наивна и мисли оти се работи „само за стотина“, а некои од нив биле нечесни, земале заеми од банки, па сега постојано ги барале на нејзината адреса.
Фиктивните адреси на македонските граѓани во Бугарија не се нешто непознато и невообичаено. Тоа и досега беше пракса при обезбедувањето документи за добивање бугарско државјанство. Но овој пат станува збор за фрапантна измама, иако познавачите велат дека случајот сигурно не е единствен. Секој Македонец што поднесува барање за бугарски документи мора да наведе адреса за престој во соседната држава и доказ дека има обезбедено живеалиште.
- Обично сите Македонци преку посредници добиваат фиктивна адреса, а за услугата плаќаат по 10-15 евра за Ќустендил, а тарифата за поголемите градови е повисока. На пријавената адреса потоа стигнува потврда за почнување на процедурата со архивски број. Подоцна се прави фиктивен договор за наем, заверен кај нотар, кој чини речиси исто толку - објаснуваат посредниците во овој бизнис.
Тие посочуваат дека и по либерализацијата на визниот режим интересот на Македонците за вадење бугарски пасоши не е смален. Велат дека секојдневно по 50-60 Македонци поднесуваат документи за бугарско државјанство, зашто со бугарскиот пасош многу полесно заминуваат во европските на работа, а со македонскиот пасош им се овозможува само туристички престој од најмногу 90 дена. Во последно време повеќе интересенти има за бугарски лични карти отколку за пасоши.
- Само со бугарска лична карта нашите граѓани може да одат во многу европски земји. Таа се добива лесно, само за дваесетина дена, чини 10-15 лева, а за сто евра се добива веднаш. Со личната карта се поминува без проблем и нема посебни контроли, додека со македонскиот пасош границата се минува многу потешко - треба да докажуваш дека имаш пари на сметка или во кеш, а граничните служби секогаш на Македонците гледаат како на потенцијални азиланти - раскажуваат граѓаните.
Посредниците велат дека бугарски документи бараат жители од речиси сите поголеми градови во Македонија, а не како досега само од источниот дел на земјата. Времето на чекање пасош и понатаму е околу 2 години, а услугата чини 250 евра. Македонците остануваат рекордери во барањето на бугарски пасоши, со Молдавците и Русите. Според статистичките податоци, од 2001 до 2007 година од вкупно 31.958 лица што добиле бугарско државјанство, половина се Македонци.
Жаклина Цветковска
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A884B5FF12984A45ABBFEF8CAB1DDC21
Веќе позната работа, но не е лошо да се подсетиме на Европските вредности на комшиите и лицемерието на Европа која свесно го дозволува овој обид на Бугарија за асимилација на македонското население.