Пред еден пост пишуваш дека ти е последен и дека станало заморно, а со оваа реченица кажуваш дека соговорникот не знае да води дискусија. Со тоа губиш секаков кредибилитет, ама ајде, ме испровоцира со муабетите и ставовите па ќе ти реплицирам јас.
Напиша некаде дека не се разбираш од архитектура. Вистина е по последнава реченица. Ама и не мора да се разбираш за да знаеш дека не треба да кажеш ваква глупост како ова со Охрид, Битола, Велес и неколкуте планински гратчиња. Скопје (бидејќи за него се расправаме на темава) ја има Турската чаршија, која што е постара од сите оние муабети коишто проба да ги пласираш за Америка и нивните обелискси. Така што, на страна твојата фрустрација од наводната грдотија на Скопје, тресеш глупости со партиски размери.
А пошто рече не те инересира политика, што бараш воопшто на темава. Ова е политичка тема. Рече и Скопје дека не те интересира. Што К*р бараш на темава бе брат, отвори си тема колку ти е гад од Скопје, па да ти се смееме сите заедно. Преку долниов ми е од вас, wanna be некој и нешто сељачишта коишто доаѓаат од други градови на форумов, мислат дека имаат некаков воопшто коефициент на интелигенција и ќе ми објаснуваат какво Скопје треба да биде, уште гледајќи ме од високо. Ебате психопатите. Идете на доктор, нека ви постават дијагноза, лечете се од љубомора, или шо и да е тоа.
На темава, а како реакција на твоите бљувотини.
Проектот 2014 е политички проект. Се работи за перење пари, што во основа е политика. Дебатите за тоа дали се градбите во ред, се второстепени, ама кога веќе ги зборуваме, морам да признаам, по малку иронично додуша, уште они ни фалеа. Земјотресот на Скопје му даде еден лик, а тој лик никој ниту може, ниту смее да го менува. Нормално, моменталната власт е баш Александар Македонски, се замислува дека е Бог. Исто така, она што ти никогаш нема да можеш очигледно да го разбереш, воопшто за светот, така и за Скопје, а и за твоето родно место, е дека секое место на живеење не го прават градбите, туку луѓето во нив.
Земјотресот е нешто со кое Скопје треба да се гордее, ама не, оние коишто сметаш дека се прави со својата одлука, решија тоа да го уништат. Не се создава историја со сила, таа се изборува со време. Ама што разбираш ти, линијата село - Лидс е права и директна.