Малку е претерана споредбата со згради во бугарската провинција
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Исто така, мислам дека во одржување на фасадаите во Скопје се нема уложено денар (освен нешто малце во времето на Пенов, колку да се рече).
Ај замисли вака, да речеме дека ти не им се допаѓаш на твоите комшии, сметаат дека не си убав, некако им стоиш блед, не можат да те гледаат со таа фризура... Но, ти си Заратустра, токму заради фризурата, облеката што ја носиш, бледилото што ти дава некаков шарм (заради кое, ти си знаеш, имаш повеќе успех кај девојките
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
) И сеа, замисли, твоите комшии фатиле врска кај твоите родители и тие (бидејќи се посилни од тебе и бидејќи зависиш од нив) почнат да те облекуваат за да им бидеш подопадлив, да ти ставаат пудра и малку руменило, да те тераат да пуштиш локни (ако ништо друго, барем да личиш на синот на комшиите). Дали ќе бидеш тоа ти или нешто што некој го измислил од чисто себични причини, при тоа не осврнувајќи се на тебе и твојата суштина, на тоа кој всушност си?
Ме сфаќаш, нели? Не се работи за тоа колку се грди некои објекти. Прашањето е дали ние ја сфаќаме нивната суштина, дали ги препознаваме (и признаваме) како белег на едно време, како дел од нас самите, дел од Скопје...На страна маскирање на постојни објекти и практикување на травестија. Не знам каде во светот денес сеуште се актуелни нео-стиловите? Далеку зад нас, далеку години и градетелско искуство. "Барокот" не смее да биде дел од современо Скопје.