Скопје се гради. Добро ли е тоа?

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
^^^^^^^^^^^^^

Kратко само.. Па капијата не е некој споменик кој треба да буди некои национални чувства..капијата е скулптура.. во ранк со бикот и шмизлата.. Во свет има разно-разни скулптури, па не сите пренесуваат некое одбележје на народот.. пример пирамидата пред Лувр, дали пирамида како форма има некоја врска со Француската култура и историја..НЕ .. во Србија на Брус Ли споменик му направија, он сигурно не е Србин..

Второ, не се форсира античка култура, ни па историја,погледни ги спомениците и ќе видиш дека само Александар е од тој период, никој друг ! Сите други се кој од среден век, кој од Илинден, кој после Илинден... А ни барокот не е антички стил на градба, мада тоа не е барок,повеќе е нео-класицизам, ама некои упорно трубат барок па барок..

Се слагам дека Скопје е несреден град, со многу контрасти и има уште мнооооогу да се средува.. И ме радува што се градат здради со современ стил,т.е. стакло..убаво е да се остави белег на денешното време.. Стубовите што ги викаш апла Партенон, нема баш врска..тој стил на градба се применува сеуште многу низ светот..па види ја белата куќа на Обама..личи ли на Партенон ?

И не се баш слагам дека народов е толку против, мислам дека повеќе е народов ЗА.., други се За ама сметаат дека сега не е време криза е ова - она.. Ја мислам дека редно време беше
Чекај бе сега едно нешто не ми е јасно , Кумановец ме убедува дека тоа што градат во мојот град треба да ме радува !? Ало што ти направија тебе во куманово ? ти дигнаа ли некоја споменик таму ? И ти нема што да сметаш дали било крајно време или невреме иди седни си у коперацију и там да ги продаваш тие муабети не овде. Или можеби барок ке ставаат и по средорек па се надеваш дека и на тебе ке ти сменат фасаду а ?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Нејќам да звучам локал-патриотски ама морам: уште од самиот старт на проектот Скопје 2014 бев убеден дека е добар и корисен за Скопје, заради тоа што конечно после xy години, центарот на градот (не цел град, но сепак приоритет е центарот) ќе заличи на центар на метропола, а не на некоја паланка/село.
Јас имам една „мала“ забелешка: кога истите пари што влегоа/ќе влезат во Скопје 2014 (200 милиони евра) би се насочиле кон еден Охрид, повратниот ефект за државата би бил долгорочно поисплатлив, а за општината (дури и за регионот околу општината) тоа би била вистинска преродба, вистинска ренесанса.
Значи, добро е што се инвестираа парите во Скопје, мораше нели, не смее „центарот на центарот на Македонија“ да биде запоставен, сега на ред е Охрид, да се инвестира за да се поврати.
Ќе посочам еден „лаички пример“: 30 млн. евра во современ (авто)пат Охрид-Свети Наум-Поградец, на долгорочен план би генерирале десетпати повеќе пари, кога имаш современ пат за источното (најпосетено) крајбрежје имаш инвеститори, имаш (елитни) хотели, казина, станбени комплекси, рекреативни центри, цели населби...
Државата би инвестирала (навидум) неповратни средства, но на долг рок истата инвестиција е економско-финансиски оправдана и може да го полни буџетот на државата, а општината би имала дури и вишок на средства.
Апсолутна вистина. Само што, градењето во Скопје има за цел да собере гласачки ливчиња, не да донесе корист на граѓаните. Ако веќе имавме разумни луѓе во власта и толку многу пари на располагање, сигурно тие ќе беа насочени кон многу попаметни цели, ама кога би било така, тогаш „немаше да има толку пари“, зашто во време на светска рецесија кога сите се стискаат со парите, ако бевме разумни, и ние ќе се стискавме за граѓаните да издржат и цените да не отидат sky high како што отидоа, а платите само на вести на мтв да изнесуваат 20 илјади во просек.

Власта со градењето користи едноставен модел, проверен... и се вика маркетинг. Не е битно што продаваш, туку каков продавач си. Александар Македонски којшто власта толку многу го сака, да се исерел пред војниците му, ќе ги убедел дека тоа е свето гомно и ќе им помогне да победат во следната битка. Дури и ќе ги натерал да го бацат за среќа. Тоа се вика успешен маркетинг.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Чекај бе сега едно нешто не ми е јасно , Кумановец ме убедува дека тоа што градат во мојот град треба да ме радува !? Ало што ти направија тебе во куманово ? ти дигнаа ли некоја споменик таму ? И ти нема што да сметаш дали било крајно време или невреме иди седни си у коперацију и там да ги продаваш тие муабети не овде. Или можеби барок ке ставаат и по средорек па се надеваш дека и на тебе ке ти сменат фасаду а ?
Ако не сум од Скопје, немам право да коментирам..а? Немам право да кажам што мислам,или тебе треба да те прашам ? Скопје и плоштадот не е на дедо ти нива, па да е само твое лично право,него колку е на некој од Скопје,толку е и мое, толку е и на некој од Берово..И не туку дроби ај гитла, од такви паметњаковичи како тебе, бабурата ми отече.. Ние имаме толку неспособен градоначалник, што за 2 мандата само има исфарбано зебра на улица,ништо друго... после 10 години едвај го убедија споменик на бранителите да стави..http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=74458
Бараше бадентер за да постави споменик,додека во секое албанско село у Кумановско има споменици од УЧК..
 
Сакаш одма трампа да праиме ? Коце о газдава на тинекс ви ги даваме и тоа плус си го добиваш и тонџи у пакет а за возрат немора ништо да даваш, не ни треба. И да јас се прашувам за скопје не некој од средорек.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Сакаш одма трампа да праиме ? Коце о газдава на тинекс ви ги даваме и тоа плус си го добиваш и тонџи у пакет а за возрат немора ништо да даваш, не ни треба. И да јас се прашувам за скопје не некој од средорек.[/QUOTE]

Tи само си фантазираш дека тебе некој те прашува..ако не е лошо
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
Единствени што заслужуваат споменик се К-15. Единствени кои го расположиа народот овие 20 год.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.033
The awkward moment кога дечко од Сушица ме предлага за градоначалник на Куманово :pos:

Гледам тука се предлага инвестирање во Охрид. Ќе прашам, дали државата има инвестирано нешто во Гевгелија, еве на пример? Гевгеличани сами, додуша со помош на грците си го претворија градот во град со најмала невработеност и највисоки плати во Македонија.

Пред 10 години на плоштадот се збираа џанаци од цело Скопје и на крукче и клупи пиеја смедеревка, а на травата кај телеком пушеа трава.
За разлика од тогаш сега центарот се повеќе наликува на центар на една метропола, и ќе биде уште поубав кога ќе биде завршен.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Нејќам да звучам локал-патриотски ама морам: уште од самиот старт на проектот Скопје 2014 бев убеден дека е добар и корисен за Скопје, заради тоа што конечно после xy години, центарот на градот (не цел град, но сепак приоритет е центарот) ќе заличи на центар на метропола, а не на некоја паланка/село.
Јас имам една „мала“ забелешка: кога истите пари што влегоа/ќе влезат во Скопје 2014 (200 милиони евра) би се насочиле кон еден Охрид, повратниот ефект за државата би бил долгорочно поисплатлив, а за општината (дури и за регионот околу општината) тоа би била вистинска преродба, вистинска ренесанса.
Значи, добро е што се инвестираа парите во Скопје, мораше нели, не смее „центарот на центарот на Македонија“ да биде запоставен, сега на ред е Охрид, да се инвестира за да се поврати.
Ќе посочам еден „лаички пример“: 30 млн. евра во современ (авто)пат Охрид-Свети Наум-Поградец, на долгорочен план би генерирале десетпати повеќе пари, кога имаш современ пат за источното (најпосетено) крајбрежје имаш инвеститори, имаш (елитни) хотели, казина, станбени комплекси, рекреативни центри, цели населби...
Државата би инвестирала (навидум) неповратни средства, но на долг рок истата инвестиција е економско-финансиски оправдана и може да го полни буџетот на државата, а општината би имала дури и вишок на средства.
кој е економскиот бенифит на народот од проектот Скопје 2014 година за што се поторшени 200 милиони евра а економијата ни е во колапс
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Зад барокната фасада...

Однадвор барок, одвнатре мирис на фекалии. Станарите на зградата над „Пелистер“, чија фасада за 240 000 евра ќе се преслече во класичен стил, се жалат дека постојано им се затнува канализацијата. Токму одводот бил и еден од условите поради кои се согласиле Градоначалникот на Скопје да го смени надворешниот лик на нивната зграда. Но, сега се чувстуваат изиграни, бидејќи додека им се копа под прозорците за естетика, во ходниците им остана смрдеата.

- „ Нажалост, фасадата почна да се гради а еве една година од тие разговори како течат, ништо не е почнато да се прави таа канализација со која ние имаме голем проблем... Што би правеле ние понатаму, ние све легално сме барале, сите документи. Кое време сме, само со штрајкови, само со собири. До кога со тие методи ќе се занимаваме кога постојат тие процеси и процедури.“- изјави меѓу другото претстедателот на заедницата на сопственици на зградите, Душан Шамаковски.

Решавање на комуналниот проблем, жителите на оваа зграда барале со години. Градоначалникот на Скопје смета дека ја исполниле обврската кон нив. Одговорноста за постојаното затнување на цевките го префрли на кафеаната по која е позната зградата.

- „ Прво би сакал да кажам дека не е точно дека ништо не е сторено, напротив преку Водовод и Канализација...ја поправи канализационата мрежа. Проблемот е што ние треба од страна на ресторанот „Фуфо“ да има одмастувачи на она што се фрла во канализацијата од страна на „Фуфо“. Во разговор се и тие и ние како Град Скопје да тој одмастувач биде направен и се надевам дека и тој проблем ќе се реши“- објасни Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Градежните работи на зградата над „Пелистер“ почнаа вчера. Поради реконструкцијата три месеци ќе им се работи под прозор на жителите, но и пред врата на фирмите и рестораните. За разлика од вчерашната бучава, денеска беше мирно, барем додека претстедателот Иванов имаше средба со амбасадорите во ресторанот „Пелистер“.

Александар Димитриевски

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=36427

Имаат проблем со приоритетите.

--- надополнето ---

Заборавени од сите, потонати во сиромаштија

Безмалку е урнатина, но луѓето кои живеат во неа, се уште си ја викаат куќа. Овие скали водат нагоре кон паднатиот кров, урнатие ѕидови кои се чини како секој момент може да ви паднат на глава... Вака живее семејството Салиу од кичевското село Горани. Домаќинот Реџеп, домаќинката Миде и нивната 16 годишна ќерка, не знаат што значи да се згазне на тепих, живеат како на отворено, без прозорци, без покрив, ноќе в темница, оти немаат струја, па и жедни оти во куѓата нема вода... Сопственикот на оваа трошна куќа не знае кога е изградена. Вели, можеби пред 100 години, како штосе гледа и од градбата која е од од глина и прачки.
Семејството Салиу има само едно богатство - еден коњ, со кој товарат и продаваат дрва ...

"Премногу е тешко! Немам работа ... Само со дрва ... товараме по малку, продаваме ... Продавам само за да преживеам... Другите услови, видете ги сами... Немаме ништо. Јас сакам да работам, но работа нема. Државата не ми помогна ....' Реџеп Салиу, домаќин

Домаќинката, Миде, три пати на ден поминува повеќе од еден километар за да полни вода за миење садови и да ги исчисти трошките што паднале на подот од кал

" 20 години и повеќе живееме така. И порано вака живеевме... Мажот, не работи никаде. Социјална помош не примаме. "

Заборавено од општеството, семејството Салиу потонато во сиромаштија живее речиси изолирано од светот. Но сакаат повторно да се интегрираат.
За нивните маки слушнале и од хуманитарната организација 'Милост“ која се нафати да им изгради нов дом.

Очекуваме во рок од 6 недели да заврши изградбата на куќата. Имаме мал фонд, но со помош на фирми од Кичево и пријателите кои ни помагаат ќе му помогнеме на ова семејство. " Хаки Луштаку / хуманитарна организации "Милост '

Но, повикот за помош на семејството Салиу е упатен пред се до властите кои до денес не се обиделе да им помогнат. Семејството, кое се чини дека е заборавено од сите, живее во надеж дека ќе им се смилуваат дарежливите луѓе!
Башким Исмаили

Погледнете во видеото во каква беда живеат луѓето, тука е вистинскиот барок и класицизам , куќи стари 100 години.
http://alsat-m.tv/lajme/vendi/62429.html

Јас постојано велам , нека се прашаа граѓаните , сакате Скопје 2014 , или нешто друго. Мадињата на само еден лав, ќе го решеа проблемот на оваа семејство , а со триумфалната порта (4.5 милион евра) на уште стотина други. Имаат ли совест, дали знаат кај живеат.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
нормално дека е добро да се гради
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
The awkward moment кога дечко од Сушица ме предлага за градоначалник на Куманово :pos:

Гледам тука се предлага инвестирање во Охрид. Ќе прашам, дали државата има инвестирано нешто во Гевгелија, еве на пример? Гевгеличани сами, додуша со помош на грците си го претворија градот во град со најмала невработеност и највисоки плати во Македонија.

Пред 10 години на плоштадот се збираа џанаци од цело Скопје и на крукче и клупи пиеја смедеревка, а на травата кај телеком пушеа трава.
За разлика од тогаш сега центарот се повеќе наликува на центар на една метропола, и ќе биде уште поубав кога ќе биде завршен.
:vozbud:Не бе погрешно си сватил абе тони бе абе мислам јас за тебе прво куманово ти е поблиску одколку скопје, второ да не паразитираш на сметка на град скопје туку да го сликаш коце во куманово како градоначалник на куманово свати ли сега ?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
кој е економскиот бенифит на народот од проектот Скопје 2014 година за што се поторшени 200 милиони евра а економијата ни е во колапс
Сите градежни фирми се ангажирани..до последна.. Имаш ли ти претстава колку има градежници во оваа држава.. Секој без факултет, на кого му гори за работа,работи градежништво.. Башка и други компании од други профили што се ангажирани..абе пред да јадете бурек,распрашајте се , излезете од виртуелниот свет,па после дробете попара
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Сите градежни фирми се ангажирани..до последна.. Имаш ли ти претстава колку има градежници во оваа држава.. Секој без факултет, на кого му гори за работа,работи градежништво.. Башка и други компании од други профили што се ангажирани..абе пред да јадете бурек,распрашајте се , излезете од виртуелниот свет,па после дробете попара
Да бе затоа идат во Црна гора , по емиратине по дубаи ехееееееее од што отвори работа влиделот.Ај потсетиме преку која Австриска фирма идеа сите работи ? ај молим те не ми текнува?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Да бе затоа идат во Црна гора , по емиратине по дубаи ехееееееее од што отвори работа влиделот
Па и ти ќе идеш таму каде е поголема платата,кај даваат повеќе пари.. нели ти е логично тоа ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom