Зад барокната фасада...
Однадвор барок, одвнатре мирис на фекалии. Станарите на зградата над „Пелистер“, чија фасада за 240 000 евра ќе се преслече во класичен стил, се жалат дека постојано им се затнува канализацијата. Токму одводот бил и еден од условите поради кои се согласиле Градоначалникот на Скопје да го смени надворешниот лик на нивната зграда. Но, сега се чувстуваат изиграни, бидејќи додека им се копа под прозорците за естетика, во ходниците им остана смрдеата.
- „ Нажалост, фасадата почна да се гради а еве една година од тие разговори како течат, ништо не е почнато да се прави таа канализација со која ние имаме голем проблем... Што би правеле ние понатаму, ние све легално сме барале, сите документи. Кое време сме, само со штрајкови, само со собири. До кога со тие методи ќе се занимаваме кога постојат тие процеси и процедури.“- изјави меѓу другото претстедателот на заедницата на сопственици на зградите, Душан Шамаковски.
Решавање на комуналниот проблем, жителите на оваа зграда барале со години. Градоначалникот на Скопје смета дека ја исполниле обврската кон нив. Одговорноста за постојаното затнување на цевките го префрли на кафеаната по која е позната зградата.
- „ Прво би сакал да кажам дека не е точно дека ништо не е сторено, напротив преку Водовод и Канализација...ја поправи канализационата мрежа. Проблемот е што ние треба од страна на ресторанот „Фуфо“ да има одмастувачи на она што се фрла во канализацијата од страна на „Фуфо“. Во разговор се и тие и ние како Град Скопје да тој одмастувач биде направен и се надевам дека и тој проблем ќе се реши“- објасни Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Градежните работи на зградата над „Пелистер“ почнаа вчера. Поради реконструкцијата три месеци ќе им се работи под прозор на жителите, но и пред врата на фирмите и рестораните. За разлика од вчерашната бучава, денеска беше мирно, барем додека претстедателот Иванов имаше средба со амбасадорите во ресторанот „Пелистер“.
Александар Димитриевски
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=36427
Имаат проблем со приоритетите.
--- надополнето ---
Заборавени од сите, потонати во сиромаштија
Безмалку е урнатина, но луѓето кои живеат во неа, се уште си ја викаат куќа. Овие скали водат нагоре кон паднатиот кров, урнатие ѕидови кои се чини како секој момент може да ви паднат на глава... Вака живее семејството Салиу од кичевското село Горани. Домаќинот Реџеп, домаќинката Миде и нивната 16 годишна ќерка, не знаат што значи да се згазне на тепих, живеат како на отворено, без прозорци, без покрив, ноќе в темница, оти немаат струја, па и жедни оти во куѓата нема вода... Сопственикот на оваа трошна куќа не знае кога е изградена. Вели, можеби пред 100 години, како штосе гледа и од градбата која е од од глина и прачки.
Семејството Салиу има само едно богатство - еден коњ, со кој товарат и продаваат дрва ...
"Премногу е тешко! Немам работа ... Само со дрва ... товараме по малку, продаваме ... Продавам само за да преживеам... Другите услови, видете ги сами... Немаме ништо. Јас сакам да работам, но работа нема. Државата не ми помогна ....' Реџеп Салиу, домаќин
Домаќинката, Миде, три пати на ден поминува повеќе од еден километар за да полни вода за миење садови и да ги исчисти трошките што паднале на подот од кал
" 20 години и повеќе живееме така. И порано вака живеевме... Мажот, не работи никаде. Социјална помош не примаме. "
Заборавено од општеството, семејството Салиу потонато во сиромаштија живее речиси изолирано од светот. Но сакаат повторно да се интегрираат.
За нивните маки слушнале и од хуманитарната организација 'Милост“ која се нафати да им изгради нов дом.
Очекуваме во рок од 6 недели да заврши изградбата на куќата. Имаме мал фонд, но со помош на фирми од Кичево и пријателите кои ни помагаат ќе му помогнеме на ова семејство. " Хаки Луштаку / хуманитарна организации "Милост '
Но, повикот за помош на семејството Салиу е упатен пред се до властите кои до денес не се обиделе да им помогнат. Семејството, кое се чини дека е заборавено од сите, живее во надеж дека ќе им се смилуваат дарежливите луѓе!
Башким Исмаили
Погледнете во видеото во каква беда живеат луѓето, тука е вистинскиот барок и класицизам , куќи стари 100 години.
http://alsat-m.tv/lajme/vendi/62429.html
Јас постојано велам , нека се прашаа граѓаните , сакате Скопје 2014 , или нешто друго. Мадињата на само еден лав, ќе го решеа проблемот на оваа семејство , а со триумфалната порта (4.5 милион евра) на уште стотина други. Имаат ли совест, дали знаат кај живеат.