Скопје се гради. Добро ли е тоа?

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.033
Знаеш кој има корист од бикот и шмизлата? Фото студијата. Другарка ми работи во фото студио и ми кажува дека редовно и носат луѓе слики за вадење, сликани качени на бикoт. :pos:
Поздрави ја Елена :) Патем за Шмизлата важи реченицата од говорот на Ѕинго. Тоа е уникатно овде во балканот а и пошироко. Кога и да поминам од таму некој се фотографира со нејзе. Странски туристи ја фотографираат од сите агли :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Работава тргна по патот коа на парижаните им ја стаија ајфеловата кула. Прво прдеа не е профитна пари се трошат бла бла па сеа попрво би се убиле отколку да се сруши.
Да, и јас така сум чул и прочитал. Ама, Ајфеловата кула тогаш била грандиозен потфат, чудо чија градба претставувала вистински предизвик. Нејзината вредност е повеќекратно исплатена, не само преку посети и сркање кафе и фоткање на некој нејзин кат, туку и преку многу филмови, реклами, уметнички слики и фотографии.
А кај нас такви нешта се` уште не се градат. Бараат визија, смелост, оригиналност...и логика. Ние играме на ситно (не мислам на парите :) . Наместо нешто навистина уметнички вредно, кое што, иако мноогу скапо за реализација, можеби ќе биде исплатливо, ние градиме мал милион објекти, кои ќе ни значат само нам (ако ни значат). Половината од она што се прави веќе е некаде направено, и тоа многу одамна, и многу поубаво и поголемо. А тоа што не е, има многу добри причини зошто не е изградено, извајано, истопено.
Она што би требало да загрижува е што многу од овие градби, на овој или оној начин се поврзани со нашето минато. Не се стопански објекти кои би се рушеле поради недостаток на исплатливост. Тие, како своевиден симбол, мошне бргу стануваат дел од колективната национална свест, независно од тоа колку вредат како уметнички израз. Да речеме, големиот крст на Водно, освен по своите димензии, не е впечатлив по ништо друго, и многумина не беа за негова изградба, но да го видам тој курназ кој би го „отштрафил“ денес или утре. Така ќе биде и со новиве споменици и градби. На народот ќе му се блиски и тој со време ќе ги засака. И на тој начин, сакале или не, ќе го градиме својот вкус и смисла за естетика.
 
H

HITCH

Гостин
Работава тргна по патот коа на парижаните им ја стаија ајфеловата кула. Прво прдеа не е профитна пари се трошат бла бла па сеа попрво би се убиле отколку да се сруши.
ОоО, демек сега се бунам, ама откако ќе ја направат триумфалната ќе ми се бендиса??? Дарлинг, само што ќе помислам на триумфалната капија ми иде да си ги искинам сите дипломи и признанија.

Те молам објасни ми од каде триумфална порта во Македонија и кажи ми што и е заедничко со новиот камен мост???
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.833
Поени од реакции
12.334

ќе послужат за венчавки. Низ триумфална па низ камен мост и назад...церемонија. Само не ги спомнувајте пречесто Ајфел и Париз, ќе им текне и тоа...и банџи од горе, како атракција.
 
H

HITCH

Гостин
ќе послужат за венчавки. Низ триумфална па низ камен мост и назад...церемонија. Само не ги спомнувајте пречесто Ајфел и Париз, ќе им текне и тоа...и банџи од горе, како атракција.
Под триумфалната порта нека го стават споменикот на Мисирков, за да не поминуваат коли. :pos:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.833
Поени од реакции
12.334
Пази да не те бележат као непатриот :)

Има деца кои сакаат да живеат, а имаат здравствен проблем и државата
ех, 40 милиони биле ништо...а колку животи ќе се спасеа, колку операции кои чекаат у темата за хуманитарни. Ич не помислувај на сериозност во овие потези.
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Бикот и кравата не се градат драг мој,туку се крадат. Ете тој дел ти фали од совршениот мозаик кој овде го претстави.За разлика од тебе јас ги гледам и нив, го чекав времето кога ќе прекинете да ги гледате.Чинат неколку милионки.
Јас сум убеден дека еден ден ќе сфатиш дека ова што го тврдиш дека не е така.
Еве и покрај тоа што констатиравме дека биокот и кравата не се дел од градењето на Скопје, сеуште не можам да сфатам што лошо гледаш ти во нив.

Зарем не мислиш дека штом констатиравме дека се интересни и популарни за минувачите, тоа е еден вид оправданост на проектот? или ти заклучуваш само врз основа на твоето лично обедување?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас сум убеден дека еден ден ќе сфатиш дека ова што го тврдиш дека не е така.
Еве и покрај тоа што констатиравме дека биокот и кравата не се дел од градењето на Скопје, сеуште не можам да сфатам што лошо гледаш ти во нив.

Зарем не мислиш дека штом констатиравме дека се интересни и популарни за минувачите, тоа е еден вид оправданост на проектот? или ти заклучуваш само врз основа на твоето лично обедување?
Јас сум убедена дека вие работите во државна администрација,чим не ви е јасен зборот приоритет.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.833
Поени од реакции
12.334
Руле Турс ја правеше? Како тоа? Дај линк, информација....
проект уште од јапанците, после земјотресот, проект според текстот на Балкан консалтинг
Автобуската станица е дел од проектот на Кензо Танге за нов Транспортен центар , во Скопје - изработен по земјотресот во 1963 год . Со главниот проект се предвидени 25 перони за меѓуградски и меѓународен сообраќај како и простор за приградски сообраќај . Сообраќајот ќе се одвива еднонасочно и контролирано со влез од булевар Кузман Јосифовски Питу , а излез на улица Никола Карев .
Овде има некои информации за градбените активности (2006 година)
Во саботата, на 26 јули, по повод четириесет години од катастрофалниот земјотрес што го зафати Скопје, беше поставен камен-темелник на Транспортниот центар. Стартот на градежните работи, симболично го означи премиерот Бранко Црвенковски, како и министерот за транспорт и врски Милаим Ајдини и градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов. Со тоа, конечно, ќе се реализира долгонајавуваниот проект за транспортен центар, во чии рамки требаше да се гради и меѓуградска автобуска станица.

Новата автобуска станица ќе ги задоволува потребите на градот за наредните сто години. Планирано е дневно да опслужува 40.000 патници. Проектот за автобуската станица е изработен од тим архитекти од проектантското биро ?Балкан консалтинг°, на чие чело е архитект Лилјана Кик. Новата автобуска ќе се гради на простор од 13.000 квадратни метри, а габаритот на објектот ќе опфаќа 1.600 квадратни метри.
Градежните работи ќе ги изведува градежната компанија ?Гранит°, а изградбата ќе се одвива во три фази. За изградбата на првата фаза Градот ќе инвестира околу 20 милиони денари, а парите за реализирањето на втората и третата фаза допрва треба да се обезбедат. За потребите на Транспортниот центар ќе бидат изградени 24 перони, нов паркинг-простор, нови улици и нов мост на реката Вардар, кој би претставувал поблиска врска со Скопски саем. Проектот ќе биде завршен до крајот на годинава, а објектот ќе биде ставен во функција идната пролет. Симболично првиот автобуски билет за релација Скопје - Охрид им беше доделен на децата од Детското село, кои ќе бидат првите патници на новата автобуска станица кои ќе отпатуваат на екскурзија.
море ќутете, може да биде и полошо
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.373
Поени од реакции
30.792
ОоО, демек сега се бунам, ама откако ќе ја направат триумфалната ќе ми се бендиса??? Дарлинг, само што ќе помислам на триумфалната капија ми иде да си ги искинам сите дипломи и признанија.

Те молам објасни ми од каде триумфална порта во Македонија и кажи ми што и е заедничко со новиот камен мост???
Ај, џиџе!

Инаку постоела капија и се викала порта Македонија, ама бизарното е тоа шо е градена како копија на онаа римската до колосеумот.
Дали сеа ќе ги искинеш сите признанија? :smir:
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Триумфалната капија си има своја улога ,на митинзи полесно да се жигосуваат овците....вака многу раштркано се движат..
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.373
Поени од реакции
30.792
Богами Бикон ја незнам шо бара.
Страм да им е на римјаните шо ставаат вакви работи кај Фонтана ди Треви и Шпанските скали.

Незнам шо сте запнале се крадело та се крадело, ко да не навикнавме веќе.
Од кога постојат владетели има крадење, сеа сме фанале да исправаме криви дрини.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.497
Поени од реакции
8.033
Леандра најмила на свет, дај кандидирај се за нешо, пратеник, градоначалник, со две раце ќе гласам за тебе. Љубопитен сум да видам што ќе направиш, и што нема да направиш за време на својот мандат.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Знам и Цитро редовно седи на бикот,ги пробува роговите дали се издржливи.
Да, тачно, а ти не си го јавала бикот до сега..? Ај ќе те качам некогаш, убаво се седи на него ќе ти годи

--- надополнето ---

Леандра најмила на свет, дај кандидирај се за нешо, пратеник, градоначалник, со две раце ќе гласам за тебе. Љубопитен сум да видам што ќе направиш, и што нема да направиш за време на својот мандат.
Знаеш како се вика..куче што лае не каса.. така ми се чини и за неа.. Редовно она е најпаметната тука, а две овци да и дадеш ќе ги изгуби
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.833
Поени од реакции
12.334
Ај, џиџе!
Инаку постоела капија и се викала порта Македонија, ама бизарното е тоа шо е градена како копија на онаа римската до колосеумот.
Дали сеа ќе ги искинеш сите признанија? :smir:
Тогаш да се врати ат пазарот, да се разработи тетовска трошарина...ќе доаѓа султанот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom