Се намалува невработеноста, 30,9% невработени

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Минатото лето работев како помошник конобар во еден кафич во Охрид, без разлика што (незнам од каде знаете) дека моите се сопственици на фирма, јас не осудувам било каква и да е работата.
Не знаев додека не прочитав од претходниот пост...без разлика, не сакам да навлегувам во состојбите и животите на форумџиите.

Зборот ми е погоре...секој гледа на нештата од свој аспект. Ако е сопственик ќе му дојдат многу пари за давање, ако е работник ќе му недостасуваат. Еден сосед се жали не може да најде продавачка, му бегаат...ќе му бегаат ако им дава 6-7 илјади и ако секоја грешка им ја наплаќа. Се работи за многу мали пари, со кои треба да се издржува семејство.
 
Medieval_Morons.jpg

We found a witch. May we burn her?
 
Kade? Vo drzavna administracija? lol pa tie se na tovar od stopanstvoto, ushte polosa situacija, baska tie 3% se stari luge sto gi zapisaa na fakultet kolku da se trgnat od spisok na nevraboteni, luge so izbegaa od drzavava, vraboteni vo drzavna administracija i kolku tolku procisten spisok od umreni i nepostoecki luge.


Епа за да се изработи сето то, треба кликер.

--- надополнето ---

Еве земји според бројот на невработени:

Авганистан : 35%
Албанија: 13%

Бангладеш: 5%

Бугарија 10%

Босна и Херцеговина 43% ??

Хрватска 11%

Грција 11%

Ирак 18%

Косово 40%

Либија 13%

Црна Гора 20%

Србија 19%

Турција 10%

Од 196 земји во светот само 18 земји имаат повисока невработеност од нас.

За болдираниве држави ти тврдам дека сме поим за нив у финансиска моќ, така да статистикаве се без везе!
 
Со ова темпо ќе ја намалиме невработеноста на солидни 10 % до 2032.Ураааа!!!!
 
Епа за да се изработи сето то, треба кликер.

--- надополнето ---



За болдираниве држави ти тврдам дека сме поим за нив у финансиска моќ, така да статистикаве се без везе!
Ако збориш за во периодот 1990-1999 да се сложувам со тебе.Со србите сме тука негде,од албанците сме подобри сеа за сеа ама мислам дека за некоја година и тие ке не пројдат имаат високо растечка економија и зголемување на нивниот буџет пред се од туризмот.Ама денес ние финансиски помоќни од бугарите?Абе ајде не ме смеј.Тие имаат странски инвестиции над 1 милијарда(ако не грешам,ама мислам дека имаат и повеќе).Ние со 2 милијарди буџед ке бидеме помоќни од нив???Колку и да ги мразиме тоа е вистината...
Иначе мило ми е што се слуша ваква убава вест во нашава држава.И мое мислење е дека оваа стапка е многу помала од проста причина што Македонија има исто така висока стапка на луѓе кој работат на црно т.е не се пријавени.
 
А каде се вработени тие проценти на луѓе што не се веќе од групата на невработени? Индустријата ја отфрламе, зошто не постои, значи администрација! Бинго, целиме кон пола милион административци :bravo:


Hint: Каде одат 99% од младите средношколци ?
 
Sega pred izbori se sto ce cuete ili procitate vakvi gluposti NE VERUVAJTE
 
Ама денес ние финансиски помоќни од бугарите?Абе ајде не ме смеј.Тие имаат странски инвестиции над 1 милијарда(ако не грешам,ама мислам дека имаат и повеќе).Ние со 2 милијарди буџед ке бидеме помоќни од нив???Колку и да ги мразиме тоа е вистината...
Иначе мило ми е што се слуша ваква убава вест во нашава држава.И мое мислење е дека оваа стапка е многу помала од проста причина што Македонија има исто така висока стапка на луѓе кој работат на црно т.е не се пријавени.

Инвестициите не значат поголема куповна моќ!
Платите во Бугарија се на исто ниво како и во Македонија, додека цените на продуктите кои се основни за живот во Бугарија се поскапи, единствено техниката во Бугарија е малку поевтина и тоа е заради поголемата побарувачка (генерирана од лесното давање на кредити од банките, пошто имаме нели 9% невработеност во БГ и повеќето граѓани се осигурани и "кредитноспособни" кое прави лажна илузија дека граѓаните во Бг имаат некаква куповна моќ)
 
Да конечно една добра вест за нашава мизерна држава али ипак 30% невработеност срамота е :kesa:
 
Инвестициите не значат поголема куповна моќ!
Платите во Бугарија се на исто ниво како и во Македонија, додека цените на продуктите кои се основни за живот во Бугарија се поскапи, единствено техниката во Бугарија е малку поевтина и тоа е заради поголемата побарувачка (генерирана од лесното давање на кредити од банките, пошто имаме нели 9% невработеност во БГ и повеќето граѓани се осигурани и "кредитноспособни" кое прави лажна илузија дека граѓаните во Бг имаат некаква куповна моќ)

Значат многу нови работни места.
 
Инаку, од тие 30%, барем солидни 10% се пријавуваат само за сини картони или од некоја друга банална причина, а не дека бараат работа, а да не ги земам в предвид оние кои се вработени на црно. Исто така, за да се види вистинскиот број на невработени, треба да се земат в предвид само оние кои вистински бараат работа, како што тоа се прави и во другите земји, а не секој што ќе се пријави во Агенцијата за вработување.
 
Секојдневно се иселуваат млади надежни кадри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom