- Член од
- 18 јануари 2009
- Мислења
- 1.407
- Поени од реакции
- 339
Премиера на “Ова не е американски филм“ во кино Милениумнема никакви информации за премиера.
Инаку, http://www.imdb.com/title/tt1562401/
Извор InPress
На 25-ти февруари во Скопје ќе се одржи свечена премиера на филмот “Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски.
По петочното премиерно прикажување, филмот ќе се најде на редовниот репертоар на киното.![]()
“Ова не е американски филм“ е дебитански филм на Сашо Павловски, според драмскиот текст на Сашо Миленковски. Павловски во соработка со чешкот сценарист Павеј Јех го преработија во филмско сценарио. Продуцент е Дејан Илиев, директор на фотографија Дејан Димески, арт директор Игор Тошевски. Во филмот играат познатите македонски актери: Сенко Велинов, Игор Ангелов, Славиша Каевски, Ѓорѓи Јолевски, Златко Митревски, Кај Еванс, Тони Наумовски, Никола Ристановски.
Филмот се снимаше минатото лето на локации во Скопје и Охрид.
Приказната говори за средовечен човек наречен Големиот шеф, водач на банда ситни криминалци, коишто живеат од ситен криминал. Нивниот живот е исполнет со беда и приказни за американските филмови. Со доаѓањето на нови ликови во приказната, бандата се подготвува за голем грабеж, а планот е да се преправаат дека се снима филм. (Крај)