Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Не е точно, во Сатанската библија се посочува дека тврдењата од типот "благословени се бедните", е глупост и затоа овие цитати се прикажани од сатанска перспектива каде се вели:>Силните можат и треба да ги уништат слабите („Смрт за слабакот, богатство за силниот!“)
Сатанска библија - Книга на Сатаната V
1. Блажени се силните, нивна ќе биде земјата - Проколнати се слабите, тие ќе го наследат јаремот.
2. Блажени се моќните, тие ќе бидат величени помеѓу човекот - Прокалните се млитавите, тие ќе бидат потиснати.
3. Блажени се бесрамните, тие ќе бидат господари на светот - Проколнати се покорните, тие ќе бидат прегазени од расцепеното копито.
4. Блажени се победниците, бидејќи победата е основ за право - Проколнати се поразените, бидејќи ќе бидат поданици завек!
Итн, итн...има 13 аналогии спротивни на оние во библијата, и целта е да се укаже на тоа дека слабите, бедните кој по своја воља решиле да бидат такви, се проколнати со самиот свој избор кој го направиле! Во никој случај не е како што ти го претстрави, т.е. како повик да се уништат слабите. Кога би било така, Сатанизмот не би бил легален, затоа што ниеден демократски закон не дозволува повикување кон насилство и убиства!
Грижа на совест е широк поим, некој има грижа на совест и ако изеде торта! Во сатанските правила на земјата, јасно е посочено, не повредувај никого ако не си нападнат, почитувај ги правилата на туѓ терен итн!>Сатанистите во целост ја одрекуваат грижата на совест поради своите сторени дела, без разлика какви биле
Не е точно! Сатанистите не признаваат и неверуваат во никаков бог! Луцифер во сатанизмот на Лавеј е едно од пеколните имиња на Сатаната, а што претставува Сатаната е објаснето во 9-те Сатански изјави.>Сатанистите имаат врховен бог Луцифер и го именуваат со различни имиња
Уште една лага! Ништо вакво нема врска со реалноста!>Сатанистите ги повикуваат " легија на пеколот " и мртвите од куката на мртвите како би завладеале со овој свет
Абре какво жртвување луѓе, кога во Сатанизмот ни животно несмееш да убиеш освен за храна или во самоодбрана!? Како може легална организација, призната од сите демократски закони да дозволува жртвување на луѓе?!>Жртвување луѓе на олтарот во верска работа во некои случаи е дозволена