Зошто атеистите му се лутат на Бог

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
>Силните можат и треба да ги уништат слабите („Смрт за слабакот, богатство за силниот!“)
Не е точно, во Сатанската библија се посочува дека тврдењата од типот "благословени се бедните", е глупост и затоа овие цитати се прикажани од сатанска перспектива каде се вели:

Сатанска библија - Книга на Сатаната V
1. Блажени се силните, нивна ќе биде земјата - Проколнати се слабите, тие ќе го наследат јаремот.
2. Блажени се моќните, тие ќе бидат величени помеѓу човекот - Прокалните се млитавите, тие ќе бидат потиснати.
3. Блажени се бесрамните, тие ќе бидат господари на светот - Проколнати се покорните, тие ќе бидат прегазени од расцепеното копито.
4. Блажени се победниците, бидејќи победата е основ за право - Проколнати се поразените, бидејќи ќе бидат поданици завек!
Итн, итн...има 13 аналогии спротивни на оние во библијата, и целта е да се укаже на тоа дека слабите, бедните кој по своја воља решиле да бидат такви, се проколнати со самиот свој избор кој го направиле! Во никој случај не е како што ти го претстрави, т.е. како повик да се уништат слабите. Кога би било така, Сатанизмот не би бил легален, затоа што ниеден демократски закон не дозволува повикување кон насилство и убиства!
>Сатанистите во целост ја одрекуваат грижата на совест поради своите сторени дела, без разлика какви биле
Грижа на совест е широк поим, некој има грижа на совест и ако изеде торта! :toe: Во сатанските правила на земјата, јасно е посочено, не повредувај никого ако не си нападнат, почитувај ги правилата на туѓ терен итн!
>Сатанистите имаат врховен бог Луцифер и го именуваат со различни имиња
Не е точно! Сатанистите не признаваат и неверуваат во никаков бог! Луцифер во сатанизмот на Лавеј е едно од пеколните имиња на Сатаната, а што претставува Сатаната е објаснето во 9-те Сатански изјави.
>Сатанистите ги повикуваат " легија на пеколот " и мртвите од куката на мртвите како би завладеале со овој свет
Уште една лага! Ништо вакво нема врска со реалноста!
>Жртвување луѓе на олтарот во верска работа во некои случаи е дозволена
Абре какво жртвување луѓе, кога во Сатанизмот ни животно несмееш да убиеш освен за храна или во самоодбрана!? Како може легална организација, призната од сите демократски закони да дозволува жртвување на луѓе?!
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Имаш повеќе видови на сатанизам и овој не е тој. Мислам дека за овој се работи.

А зарем и Сатаната се подели меѓу себе? И тие се делат на секташи и оргинални сатанисти. Сатанист е тој кој го сака и верува на Сатаната. Другото е „мижи Митро, толумби паѓат“.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Зошто воопшто се мешат сатанистите со атеистите. Сатанистите се на еден начин теисти кои не веруват во Бог, туку во Сатаната. Штом веруваат, му се покоруваат... нема разлика од теистите. Тој што е атеист, ако е против Бог, ќе биде и против Сатаната. Сатанистие и атеистите ги поистоветуват само оние кои очајно сакат да ги задржат народните маси околу црквата.
Друго, прашањево на темава е апсурд... Зошто атеистите би се лутеле на нешто што не постои? Или пак, прашањево е наменто исклучиво за теистите, за да ја опсервираат психата на атеитот? Навистина, ниту еден атеист неможе да даде одговор на ова прашање....
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
А зарем и Сатаната се подели меѓу себе? И тие се делат на секташи и оргинални сатанисти. Сатанист е тој кој го сака и верува на Сатаната. Другото е „мижи Митро, толумби паѓат“.
Ххххмммм, на колку секти е поделено христијанството? Исус се изделкал, а? Ама ајде ти се молам...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зошто воопшто се мешат сатанистите со атеистите. Сатанистите се на еден начин теисти кои не веруват во Бог, туку во Сатаната. Штом веруваат, му се покоруваат... нема разлика од теистите. Тој што е атеист, ако е против Бог, ќе биде и против Сатаната. Сатанистие и атеистите ги поистоветуват само оние кои очајно сакат да ги задржат народните маси околу црквата.
Друго, прашањево на темава е апсурд... Зошто атеистите би се лутеле на нешто што не постои? Или пак, прашањево е наменто исклучиво за теистите, за да ја опсервираат психата на атеитот? Навистина, ниту еден атеист неможе да даде одговор на ова прашање....
Апсолутно не си во право со болдот! Првата официјална сатанска организација е онаа основана од Антон Лавеј, и во оваа идеологија нема антропоморфно суштество кое се обожава! За Сатанистот тој самиот е бог.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
................................. Навистина, ниту еден атеист неможе да даде одговор на ова прашање....
Тука си во право. Не може да даде одговор. А зошто? Одговорот од тип „не верувам во Бог, или Бог не постои“ не се разумни од едноставна причина што нивните дела го тврдат спротивното. Што е тоа што ги мачи атеистите, а немат одговор, и апсурдноста на ограниченоста: понудениот одговор и вистина, како беше априори, без разум ја отфралат. Не сакат воопшто да размислуват за тоа. Не сакат да постават ни теоретска можност дека е можно да постои Бог.
Па затоа и ова прашање има логика, но не само логика, туку тоа е извлечено од практичниот живот на атеститие.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ххххмммм, на колку секти е поделено христијанството? Исус се изделкал, а? Ама ајде ти се молам...
На над 38.000 (со букви: триесетиосум илјади)
 
F

Frankie Yale

Гостин
Тука си во право. Не може да даде одговор. А зошто? Одговорот од тип „не верувам во Бог, или Бог не постои“ не се разумни од едноставна причина што нивните дела го тврдат спротивното. Што е тоа што ги мачи атеистите, а немат одговор, и апсурдноста на ограниченоста: понудениот одговор и вистина, како беше априори, без разум ја отфралат. Не сакат воопшто да размислуват за тоа. Не сакат да постават ни теоретска можност дека е можно да постои Бог.
Па затоа и ова прашање има логика, но не само логика, туку тоа е извлечено од практичниот живот на атеститие.
Моментално ја читам The God Delusion од Ричард Докинс и убаво ги објаснува нелогичностите на a priori и a posteriori аргументите. Има можност дека постои господ, јас не го негирам тоа. Проблемот е што исто така постои можност дека постојат еднорози или леприкони. Сакам да кажам дека можноста за постоењето на Господ е толку мала што сум приморан да не верувам. Исто така тука ги додавам контрадикторностите кои секоја религија и света книга ги има, самиот развој на религии и нивниот огромен број, немањето никакви докази и едноставниот факт дека се се сведува на тоа дека постои можност дека тој постои, викам јас, да постои можност дека господ постои ама таа веројатност е еднаква на таа за еднорози, леприкони, летачката шпагета итн.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Тука си во право. Не може да даде одговор. А зошто? Одговорот од тип „не верувам во Бог, или Бог не постои“ не се разумни од едноставна причина што нивните дела го тврдат спротивното. Што е тоа што ги мачи атеистите, а немат одговор, и апсурдноста на ограниченоста: понудениот одговор и вистина, како беше априори, без разум ја отфралат. Не сакат воопшто да размислуват за тоа. Не сакат да постават ни теоретска можност дека е можно да постои Бог.
Па затоа и ова прашање има логика, но не само логика, туку тоа е извлечено од практичниот живот на атеститие.
Какви се тие дела што го покажуваат спротивното?!?

Каква ти е таа глупост на крајот од постот? Каков проктичен живот на атеистите? Што дрога зимаш ти па што пишуваш овакви постови?
 
Воопшто не е логично да се одговори на нешто што се коси со разумот. Ако атеистот смета дека Бог не постои како може да одговори зошто му се лути? Не знам за вас, ама ние атеистите не се лутиме на работи што не постојат во реалниот свет :toe:

--- надополнето ---

Апсолутно не си во право со болдот! Првата официјална сатанска организација е онаа основана од Антон Лавеј, и во оваа идеологија нема антропоморфно суштество кое се обожава! За Сатанистот тој самиот е бог.
Зошто тогаш сатан-изам?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зошто тогаш сатан-изам?
Затоа што Сатанистот не го смета христијанството и нему сличните религии само како фантазија и бесмислица, туку и како кочница за напредокот на човештвото, како лицемерност која проповеда вредности кој се против основните човечки особини! Како манупулација која наметнува вредности врз основа на дефектни и глупи правила!
За Сатанистот овие религии се олицетворение на злото, злостор против човекот. Самиот збор "SATAN" на еврејски значи противник и обвинувач, и Сатанизмот е токму тоа! Противник и обвинувач на трите организирани, монотеистички религии!
Театраланоста како називите, симболите, ритуалите и слично, се со цел да пркосат, како еден вид сарказам на глупоста кај религиите.
 
Член од
21 март 2011
Мислења
9
Поени од реакции
0

Јудаизмот и христијанството не се фантазија, далеку од тоа. Јудаизмот се темели на долга историја и историски настани, нешто кое го нема во другите религии.
Христијанството се темели на јудаизмот т.е. Исус Христос, ветеното Потомство (1.Мојсеева 22:18 - Галатјаните 3:16) го исполнува Законот (Матеј 5:17, Лука 16:16) и потоа нема потреба од следење на Мојсеевите закони. (Има уште многу стихови во кои се потврдува дека Исус не основал секта)
Тоа дека христијанството го кочи напредокот и науката е една голема лага, баш во христијанството има најдобри услови за напредок бидејќи те фокусира кон здрав живот и да се размислува за она што е вредно. (2.Тимотеј 3:16,17 ; Филипјаните 4:8)
Во Проповедник 3:11 се вели и дека науката никогаш нема да престане да открива нови работи и дека човекот никогаш нема да ја сфати во потполност природата, дури и кога би живееле вечно.
Што придонесува сатанизмот за напредокот на човечкиот вид? Дали според сатанизмот човекот не треба биде ограничен, туку да има апсолутна слобода, која веќе ја има ова развратно општество?
Христијаните имаат релативна слобода, која никогаш не е штетна.

P.S. Насловот на темата е апсурден. Како можеш да се лутиш на некој кого не го познаваш?
 
-Можеби за тебе змии што зборуваат, луѓе од кал, жени од ребро, дрвен брод од 137 метри со по неколку примероци од сите неколку милиони видови, вода која се претвора во вино, човек што излегува од уста на кит по три дена, лавови што пасат, еднорози, левијанти....итн, итн! не се фантазија, но за мене се!

-Дека другите религии немале историја и традиција исто така е фантазија! Далеку пред јудеизмот постоеле религии со долга традиција. Хиндуизмот на пример е барем 6000 години стара религија.

-Во христијанството имало најдобри услови за напредок?! Ако мислиш на западните земји, во заблуда си! Тие се секуларни општества а не христијански. Погледни во историјата и ќе видиш дека цел еден милениум отишол во мрак поради него! Христијанството ја негира науката, промовира вредности од типот дека било "блажено" да си понизен и беден, а од друга страна е очигледен пример за лицемерие. Самите тие кој го проповедаат тоа живеат спротивно. Плус, на луѓето им наметнува грижа на совест дека биле грешни и дека треба да се искупат за своите гревови, посебно од првобитниот кој е всушност спосзнавањето на доброто и злото!

Што придонесува сатанизмот за напредокот на човечкиот вид? Дали според сатанизмот човекот не треба биде ограничен, туку да има апсолутна слобода, која веќе ја има ова развратно општество?
Христијаните имаат релативна слобода, која никогаш не е штетна.
Сатанизмот е ориентиран кон индивидуата, според него човекот треба да си ги задоволува своите потреби, да ги практикува своите особини и да не се лишува ништо што му носи задоволство. Тоа што за вас е "разврат" за сатанистите е само уште еден начин за задоволство.
За релативната слобода на христијаните не би имал ништо против доколку беше лично убедување а не општествен феномен кој диктира моралност, начин на живот и однесување.
P.S. Насловот на темата е апсурден. Како можеш да се лутиш на некој кого не го познаваш?
И јас тоа се прашувам! Изгледа само на отворачот на темава не му е јасно колку апсурдна и глупа му е темава.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Какви се тие дела што го покажуваат спротивното?!?

Каква ти е таа глупост на крајот од постот? Каков проктичен живот на атеистите? Што дрога зимаш ти па што пишуваш овакви постови?

--- надополнето ---

Воопшто не е логично да се одговори на нешто што се коси со разумот. Ако атеистот смета дека Бог не постои како може да одговори зошто му се лути? Не знам за вас, ама ние атеистите не се лутиме на работи што не постојат во реалниот свет :toe:...

Мислам дека доста долго е дискутирано, иако не е доволно. Не е доволно бидејќи се работи за живот или смрт.
Но еве, ќе бидам краток. Атеистите навистина се лутат на Бога. Во светото Евангелие по Матеј, Исус вели:

Евангелие по Матеј 10. 38-39

38. и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.

39. Кој ќе ја запази душата своја, ќе ја загуби, а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, ќе ја зачува.

Токму поради ова. Атеистите, но и некои кои се нарекуваат христијани, НЕ САКАТ ДА ГО НОСАТ СВОЈОТ КРСТ. Бегаат од крстот. Носењето на крстот за нив претставува лудост. Но не знам дали е доволно јасно. Јасно во смисла што е КРСТ. Крст е место каде се умира. На крстот се умира. Кој е твојот крст? Што е тоа што не можеш да го поднесеш? Жената, непланираната бременост на девојката, децата, родителите... И кој може да ги трпи? Кој може да поднесува неподносливи старци, болни - хендикепирани деца? Не пријателе. Старите во дом, јас треба да работам, развод ако жената прави нешто што јас не поднесувам, какво бебе, немаме за живот а не за бебе итн. И зошто да ги поднесувам овие работи кои ме мачат. Не, ќе ги решам на свој начи.

Е, пријателе, ова се вика: не сакам да го носам својот крст. Не го сакам крстот. Со противењето на носењето на сопствениот крст, се лутите на Бог. Сакате да ја запазете својата душа, но без крстот ќе ја загубите. Еве затоа атеистие, а исто така и некои христијани се лутат на Бога.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724

Но еве, ќе бидам краток. Атеистите навистина се лутат на Бога. Во светото Евангелие по Матеј, Исус вели:

Атеистите се лутат на Бог од гледна точка на теист, но од сопствена гледна точка, нема на што да се лутиш. Затоа прашањето е бессмислено. Наменето е исклучиво само за теистите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom