За тоа се учи школо и се чита. Не се бара џвакање. Све што ти било преџвакано - си го оспорил - ама на друга тема.
Те научив више и на вакви повторени барања НЕ ТИ ПРЕОБЈАСНУВАМ ПОВТОРНО.
Ти давам места каде можеш самиот да се дообразуваш.
Добро де, објасни. Секојпат кога влегуваш во полемика даваш линкови на кои треба да им верувам и кои треба да ги филтрирам за да најдам нешто. наместо линкови, може малку твои сознанија за дрвјата..секогаш муабетот завршува со -види, прочитај, научи...зашто всушност влегуваш во полемика ако ништо не објаснуваш ами се служиш постојано со туѓи уки и објаснувања? Дали можеш да ги објасниш? Јас не можам, па ако ти се одоброволиш истите да ги претставиш накратко...
--- надополнето ---
...е, за тоа, Лурц, треба да читаш истражувања и новини. Еве ти еден сајт каде има све што е ново во науката:
http://www.reddit.com/r/science/
Еве, на пример што е во моментов најчитано:
http://www.engadget.com/2011/03/28/mit-professor-touts-first-practical-artificial-leaf-signs-dea/
Вештачки лист кој е 10 пати подобар во фотосинтеза од вистински.
Слободно прокликај подоле.
--- надополнето ---
Срамота е више муабетов за Ајнштајн. Катаљон пати тебе ти постирав ризница од цитати и писма од Ајнштајн за неговата позиција према АНТРОПОМОРФНИ БОГОВИ, а особено кон РЕЛИГИЈА.
Пак го правиш истото. Затворени и објаснети работи ги отвораш „како да не ти е баш јасно“
Сакаш пак линк до неговите лични зборови? ...или тогаш не кликна?
Оф леле, начитаниот тој. А видеото за Ајнштајн од една друга тема не ти пасуваше, а? двојни стандарди се најтерсене за човекот.
--- надополнето ---
Јас не сум негирал ништо за него, за другите незнам!
[/B]
Другите ќутат...нема везе. Има и други цитати и реченици, има и на темава каде кажува некои спротивности на овие твои цитати.
Алберт Ајнштајн е можеби најголемиот гениј којшто било кога живеел на земјата. Веројатно најпознатиот евреин, придонесе премногу за науката, а во последните децении од неговиот живот беше и вистинска ѕвезда на тлото на Америка.
-
Имагинацијата е поважна од едукацијата.
-
Би сакал да ги знам мислите на Бог. Се друго се детали.
- Најтешка работа на светот за сфаќање е данокот на добивка.
-
Реалноста е само илузија, но е упорна илузија.
- Човек почнува да живее кога ќе успее да се надживее себе си.
-
Сигурен сум дека Тој (Бог) не игра со коцки.
-
Господ е многу комплексен, но не е злобен.
- Никогаш не размислувам за иднината. И онака доволно брзо доаѓа.
- Слабост во ставовите претставува слаб карактер.
-
Науката без религија е бесмислена, религијата без наука е слепа.
- Секој којшто не згрешил ништо, никогаш не пробал нешто ново.
-
Големите души често наидувале на агресивност од страна на малите умови.
- Постојат два начини да го живеете својот живот:
Едниот е да верувате во чуда, другиот, да не верувате во чуда.
- Здравиот разум е збир на предрасуди кои ги формираме до осумнаесеттата година.
- Тајната на креативноста е во тоа да знаете како успешно да ги сокриете своите извори.
- Единствената работа којашто ми пречи во учењето, е моето образование.
-
Технолошкиот напредок е како секира во рацете на патолошки криминалец.
- Мирот не може да се постигне преку сила. Единствено преку разбирање.
- За решавање на проблемите не можеме да го користиме истиот начин на размислување како кога сме ги создале.
- Ако А е успех во животот, тогаш А=X+Y+Z. Во равенката, X е работа, Y е забава, а Z е да ја држите устата затворена.
- Две работи се бесконечни. Универзумот и човечката глупавост. Иако, не сум сигурен за универзумот.
- Не знам со какви оружја ќе се води третата светска војна. Но знам дека четвртата ќе се води со дрва и камења.
- Стравот од смртта е најнеоправданиот од сите стравови, бидејќи, не постои ризик од несреќа кога сте мртов.
- Хероизам на повик, бесчувствително насилство и сета таа грозна бесмисленост наречен патриотизам, ох колку ги мразам.
- Единствено живот проживеан за другите е живот вреден за живеење.
-
Најубавите работи во животот не се оние кои ги добиваме со пари.
- Оној кој ги цени вредностите на културата, не може да не биде пацифист.
-
Национализмот е инфантилна болест. Тоа се сипаници на човештвото.
- Трагедија на животот е она што умира во човека додека е жив.