Која е вистинската поента на врските?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
"We are all a little weird and life’s a little weird, and when we find someone whose weirdness is compatible with ours, we join up with them and fall in mutual weirdness and call it love."
Темава е дури weirder, а вие луѓенца мои, очигледно имате премногу слободно време штом барате поента во љубовните врски.

А мене уште по weirder weirder ми е кога ќе се најде некоја личност која цел човечки род го става под себе, без некој посебен факт, кој и никогаш не може да го има.
Но добро, што е тука е. Муабетот ми беше дека често поента на една врска е секој еден пример даден во воведот и подолу. Индивидуално е тоа и секој различно го сфаќа тоа заедништво. За мене една врска претставува поинтимно дружење со човекот со кого одлучувам дека сакам да го имам тоа. Никогаш причина за врска не ми се навиката, стабилноста, самотијата и слични некои себични потреби.
 
Да видиш колку си спремен да направиш нешто убаво за некој друг... ваљда. :toe:
 
Секс на сигнал.
 
Ај да тргниме прво од терминот. Значи Врска, relation, однос, поврзаност... зборовиве гледајте ги како термини за да стани појасно. Според мене, многу погрешно се перцепира поимот врска, па и донекаде се злоупотребува. Значи не е тоа некаква титула што ја делат двајца, не е статус на фејсбук, не е ништо друго освен ...хм...хемија, поврзаност, компактибилност.
Многу се нервирам, некое девојче ко че ми речи, нема шанса, јас сакам врска. А бе чекај малку. Шо е то врска? Демек обрврзан сум да бидам со тебе и само со тебе? - Дека то треба да ме спречи мене, ако не чуствувам поврзаност јас со тебе, да не заминам со друга?
Треба да излегуваме, и да те држам за рака? Треба да ти звонам по 3 пати денот? Па не можи да ми речи некој, денеска прв пат се запознаваме, или прв пат стапуваме во муабет, и тууп од утре одма почнуваме да имаме таква потреба да бидиме заедно. Не можи мене еден поим да ме обврзува и ограничува!

Ahhh, fuck it...не можам да се искажам....
 
Целата приказна е во кодот а, реакциите во чипот.
Ако го промениме чипот се менува и кодот. Она што го вреднуваме денес не го вреднуваме утре. Врските се успешни кога гедаме во ист правец, но се повозбудливи кога се разминуваме...

Прашање е што бараме? Бурна врска која носи возбуда и солзи, или мирна врска која носи спокојство и сигурност?
Обично сите сакаме се да поминеме, но малкумина од нас имаат храброст да видат се.
 
Според мене поентата е да имаш до себе човек кој ќе биде тука за да ти даде целосна подршка,доверба,љубов,внимание,трпение,спасение,секс,нервоза,план,насока,мотив,идеа,пари,крв,сида и слично. Односно да имаш цел пакет претставено во една личност. Од сите останати добиваш делумно.
Е сега можеш да ги имаш сите тие работи во многу личности но вака е поефективно,помалку трошиш за телефон.
 
За да „се забавуваш“ немораш да бидеш во врска, right?
Значи чим си со некој, имаш посериозни намери со него/неа.
Под намери подразбирам проба за тоа како би изгледал заеднички живот со некој, а не намери „да те однесам во кревет, ваљда ако се фатиме ќе ми даеш“ -.-

Врската си ја сфаќам ко некој вид на тест. Во смисол: Are you really my soul mate? ^.-
Ако си, те мажам и крај. Ако не си, 4ao pozdrav, ќе си најдам друг, иако те љубам.
Си иам некои небесни стандарди за тоа што е врска и односот измеѓу двајца.
 
Потрага по чувство на сигурност ништо повеќе.....
Може да те ослободи од некакваси осаменост, а тоа е еден од факторите што може да те направи посигурна у смисла понасочена кон непроблематичните аспекти на својот живот, да. Но нема да те промени на подобро, освен ако ти сама не посакаш и го направиш тоа ЗА СЕБЕ.
Поента на врските, да стигнеш до момент кога не знаеш дали си ТИ или ВИЕ, и да одлучиш како да се понашаш од таа точка натаму...
 
dobro be luge, nekoj od vas planira da stapi vo brak nekogas vo zivotov...i da ima semejstvo so 2 deca(momce i devojce)?
- eventualno
 
Што мислите вие, која е вистинската цел и поента на врските и дали тие воопшто имаат поента? :)

Една од најголемите поенти на животот е остварувањето, оформувањето врски и нивно одржување. Ние сме социјални суштества.

Јас - како голем поборник - на безусловната љубов, сметам дека основата на врските е дарување љубов, те во врските споделување љубов (љубов во различна форма и интензитет)

Најзначајна за мене е љубовта кон самиот себе, кон семејството, партнерот, децата, пријателите, колегите, татковината и општо кон човештвото

Јас не би можела да го замислам животот без љубов. Планетава би била пуста и хаотична.
 
Настрана ова промодерно време што донесе комплетен хаос во секој аспект, па одговориве на прашањево се јајце на јајце слични: И ја као морам да и/му се јавувам, да го/ја држам за рака, да/го ја трпам... Трагикомедија.
Имам чувство дека денес е срамота да кажеш дека бараш љубов, ќе те направат луд, ова не е време на љубов туку на пополнување време.
Јас си ја прифаќам таа етикета ако оди следствено на таков идеал. Во суштина луѓето бегаат од љубовта предвреме, во мнозинството случаи неверувајќи дека е возможно да се случи или зашто нејќат да се изгорат. Нападот е најдобра одбрана (јас би рекла најлесна).
Да индивидуализирам. Не знам дали поента е вистинскиот збор, ама нејсе. Да го применам прашањето на себе.
Врската е надополнување на она што не сум и она што ми треба портретирано во еден човек. Тој никогаш нема да биде совршен но неговите мани ќе бидат комплетно прифатливи за мене.

Е сега ако ги читате нови истражувања, на кои никогаш не им верувам и мислам дека единствена намена е да пополнат прoстор во женски магазин, луѓето имаат толеранција еден за друг дури три години по што раскинуваат заради ситници како сечење нокти во купатило на плочки или јадење кифла во кревет. Денес љубовта т.е врските дбоија баш нова димензија. Само чудното е следново, човек денес може секого да го истрпи повеќе од својот партнер, на него ги фрла сите фрустрации кои ги собира во текот на денот. Можеш да го истрпиш колегата кој нема никакви манири, но трошките во кревет кој ги направил партнерот се грев од највисок ранг. И така поентата на повеќето врски е во попoлнувањето на време. Од пусти страв да не се биде сам некое подолго време. Со нула толеранција и играње пинг-понг со човечките емоции резултатот е очаен пост во Љубовни проблеми или кукaње по пријатели дека љубовниот живот на лицето X e катастрофа. You do say?
 
Нема потреба од врски бракот треба да го договорат родителите.
 
Поентата на врските е да не си сам.
Не секој е доволно силен за да издржи во грдиов свет.
 
Според мене поентата е да имаш до себе човек кој ќе биде тука за да ти даде целосна подршка,доверба,љубов,внимание,трпение,спасение,секс,нервоза,план,насока,мотив,идеа,пари,крв,сида и слично. Односно да имаш цел пакет претставено во една личност. Од сите останати добиваш делумно.
Е сега можеш да ги имаш сите тие работи во многу личности но вака е поефективно,помалку трошиш за телефон.


ова мене како научна фантастика ми доаѓа :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom