Што бараат атеисти на форум за религија?

С

сашенко

Гостин
Е ова ти се вика одговор. Па останав без зборови, но со крајни напори еве уште еднаш ќе се потрудам да ти биде јасно:

Јасни разлики во верите - јасно објаснети:
Уште еднаш прави Разлика помегу припадниците на верите, зошто јас сум Православен и Православниот е Католик, додека Православен - Католик се разликува од Римокатолик, издвојувајќи ја Верата од Католик башка од Православен ме навредуваш мене што се чуствувам Православен.
Мислам дека од ова повеќе не може да биде појасно.
Да, скроз на скроз си забегал.Појасно неможе да биде од ова.Иначе те поздрави оној професорон од скопската гимназија што ги повикувал учениците да продолжат со него на небото....одлетавте со умот сите вие
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Е ова ти се вика одговор. Па останав без зборови, но со крајни напори еве уште еднаш ќе се потрудам да ти биде јасно:

Јасни разлики во верите - јасно објаснети:
Уште еднаш прави Разлика помегу припадниците на верите, зошто јас сум Православен и Православниот е Католик, додека Православен - Католик се разликува од Римокатолик, издвојувајќи ја Верата од Католик башка од Православен ме навредуваш мене што се чуствувам Православен.

Мислам дека од ова повеќе не може да биде појасно.
Значи:
ти си Православен (1) - ќе ги бележам различните припадници со бројки, оти стварно не знам што сакаш да кажиш
Православниот(1) е Католик(2) 1=2
додека Православен - Католик (3 ваљда) се разликува од Римокатолик(4) wow - јас сум 1, 1 е 2, а 3 се разликува од 4... ок, до негде е логично
издвојувајќи ја верата од Католик (2) башка од православен (1) нели 1 и 2 беа исто?!
ме навредуваш мене што се чуствувам православен(1)

So basically, we're down to:

јас сум 1, 1 е 2, а 3 се разликува од 4 (во случајот небитно), издвојувајќи ја верата од 2 башка од 1 ме навредуваш мене што сум 1

јас ова го разбирам едноставно дека Православниот е Католик а ти се вреѓаш од равенството што сам си го дефинира.

Има смисла? :)
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Атеистите немаат задоволителен одговор на ниедно прашање кое природно самото битие на човекот му го наложува, а го земаат како одговор само поради храна на егото , па тоа и те како им фрчи наоколу по форумиве, од желбата за себедокажување си патат не за друго. Макар тоа ги коштало и по цена на вистината. Тие велат се е едно големо ништо , и убаво им е да веруваат во ништо.. Верници се тие и то какви, што им велите да не дискутираат? Не не! тоа не е во чест на слободата. Та бог неа за ваквите како нив ја даде :) Поздрав атеисти и многу ве сакам! :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Затоа што не интересира религијата како појава, длабоко е навлезена во нашето општество и се рефлектира во еден куп сегменти од животот. Можеме да дискутираме за религиите од многу аспекти, и за позитивни и за негативните работи, и не засегаат сите нас, било да сме верници или атеисти. Иако се согласувам дека ова е најтврдоглав подфорум (не сум видел некој да смени став неколку години) и дека секоја дискусија заглавува во ќорсокак.

Иначе, прашањево на темава е како: што бара фан на Интер во фан-клуб Јувентус. Ама нормално е, на верниците им смета секое различно мислење, го доживуваат како навреда и за нив би било најдобро да зборуваат сами со себе. Кога би имало подфорум „Атеизам“, на ни еден атеист не би му пречело да дискутира со верник.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеистите немаат задоволителен одговор на ниедно прашање кое природно самото битие на човекот му го наложува, а го земаат како одговор само поради храна на егото , па тоа и те како им фрчи наоколу по форумиве, од желбата за себедокажување си патат не за друго. Макар тоа ги коштало и по цена на вистината. Тие велат се е едно големо ништо , и убаво им е да веруваат во ништо.. Верници се тие и то какви, што им велите да не дискутираат? Не не! тоа не е во чест на слободата. Та бог неа за ваквите како нив ја даде :) Поздрав атеисти и многу ве сакам! :)
Атеистите и немаат задоволителни одговори, затоа и продолжуваат во потрага по вистината, кога би имало одговори и вашата вера ќе престане, верување во нешто непостоечко и ирационално. Вие во меѓувреме се сте предале, за вас е задоволителна вистина, прикаска која е стара колку и човештвото.

Да, да, знам колку не сакате погледни го постот бр. 131 од темава.

Но тоа не е причина и ние тебе да не те сакаме. Те сакаме и тоа многу. :smir:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Ох, Љубовџике, колку е некако невозбудлив сарказмов, а проѕирен презирот... шо не си кажеш директно што си мислиш? Јахве ионака не пази на формата него на содржината, нели? ;)

1. ТЕ МОЛАМ, да ни предочиш ЕДНО „прашање кое природно самото битие на човекот му го наложува“, за кое „патиме, не за друго“. (?!?). Потоа,

2. ТЕ МОЛАМ, прочитај нешто за тоа што е атеист, пошто некако ми се чини дека не го разбираш терминот, и

3. Дрзни се, ТЕ МОЛАМ, да пробаш да ја објасниш, во кратки црти, својата магична вештина да манифестираш слободна воља во рамките на однапред детерминираниот исход на судбината зацртана од пред 6000 години од твојот семоќен, сезнаен и милозлив Бог. ТЕ МОЛАМ!
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Атеистите и немаат задоволителни одговори, затоа и продолжуваат во потрага по вистината, кога би имало одговори и вашата вера ќе престане, верување во нешто непостоечко и ирационално. Вие во меѓувреме се сте предале, за вас е задоволителна вистина, прикаска која е стара колку и човештвото.

Да, да, знам колку не сакате погледни го постот бр. 131 од темава.

Но тоа не е причина и ние тебе да не те сакаме. Те сакаме и тоа многу. :smir:

копирам постаро мислење
зошто мислам дека соодејствува одговорот:
За да го доведеш твоето мислење во некаков општ заклучок на тоа истото треба да му претходи некаква анализа, проучување или размислување убаво е да почиташ малку Расправа за методата на Декарт или пак Спиноза. Ке парафразирам: Нештата е возможно рационално и логички да се осознаат, рационално може да се осознае и Бог , преку човековото несовршено битие извлекуваме заклучок дека постои битие кое во себе ги содржи сите совршенства на егзистенцијата.
Немој да мешаш религија и вера, верба тука има разлика можеш да не припагаш официјално на ниедна религија а сепак да веруваш.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Немој да мешаш религија и вера, верба тука има разлика можеш да не припагаш официјално на ниедна религија а сепак да веруваш.
Колку убаво кажано.

Ако официјалчно не припаѓаш на ниту една религија, ВО ШТО ТОА ТИ ВСУШНОСТ ВЕРУВАШ, тогаш?

Во минатиот пост имаше најразлични стилски фигури, но во овој нема. Овде најискрено те прашувам. Ако не припаѓаш на христијанството, исламот, јудеизмот, хиндуизмот, таоизмот, кирибати, зороастранизммот, маздаизмот или кој-к*р-измот, тогаш:

ВО ШТО ВЕРУВАШ, кога викаш: „верувам?“

Накратко, кој е тој твој бог, кој е вонинституционален и вонрелигиски? Накратко.
 
За жал ме претекна, само што се решив да ти одговорам на претходните прашања од претходниот пост па ке напишам пак дека се дрзнувам што те посочувам како тебе за пример на слободната волја :) Јас слободно му пристапувам на Бог како што и ти слободно се одалечуваш од него.
Јас не реков за мене конкретно, последната реченица не вади ја од контекст,тоа беше воопштен пример. Мојата верба е индивидуална но со самото тоа јас и припагам и на нејзината општествена форма како институција, не го негирав тоа, институциата е земна и човечка што значи дека таму не се исклучени грешки во однос кога ги критикувате поповите или свештените лица.. Верувам во Господ Исус Христос. Под господ ја подрзбирам неговата троичност и како господ и како син и како свет дух. Свето тојство.
 
:( ...баш ми е жал... мислев дека ќе можеме да се разбереме...

Ништо, тогаш, би те замолил, доколку за тоа имаш спремност, да се обидеш да се навратиш на некое (или „дајбоже“ на сите од) трите точки од претходниот пост.

Особено сум заинтересиран за она „па ке напишам пак дека се дрзнувам што те посочувам како тебе за пример на слободната волја“. Ова стварно ме копка.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Стварно бе........што бараат атеисти на подфорум религија :)
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
го бараат бога :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom