Диего беше во Јуве лани, тоа што Адри беше со години за нас пред калчополи. Единствен што може да направи нешто. Ова сезона го продадоа само поради тоа што беа толку многу убедени дека Дел Нери со својата 4-4-2 ке направи нешто.
Кваљјарела, Аквилани и уште некој чат-пат (баш ме интересира кои се овие чат пат

), овие двајцата не дека се лоши, ама не се за да направат некоја разлика, добри се, онака солидни ама не се Ето, Чави, материал. Така да, за добри играчи имаме и ние добри, знам дека си свесен за да играт во Интер мора да ги бива малце, ама екипа со 2 Супер Играчи, 3 Добри, и другите онака below-average не се прави. Затоа и ги спомнав тие што ги спомнав -Сахин, кој изгледа во Реал ке оди. Така да на негово место Хамшик додади го.
Чудно вака што не спомнуваш имиња, и само 60 милиони евра викаш. Еден Хамшик само глуп би го продал под 18 милиони, Санчез под 22 милиони ако го земеме - сме го украле, тој олраунд бек што викаш, баш ме интересира на каков тип на играч мислиш, и колку стар, оти ако се продолжи политикава не се чуди и ако тоа биде Агуирегарај.
Ето, Пацини и Кастањос ако се доволни, јас главата ке си ја сечам. Една повреда од 1 месец на Ето... Остај тоа, Кастањос како ке игра во Сериа А никој не знае, досега сите гола му се во стил на Пацини, тргнувајќи од тоа дека сакаме во иднина све повеке италијанци да имаме во тимот, и десет пати подобар од Пацини да е, нема шанса да добие толку многу шанси за прва сезона.
Напаѓач мора да се донесе, дали Нејмар или Бензема не знам, ама мора еден, Пандев и Милито не се за во Интер, ни за Пацини не се сложувам дека е, ама ајде џабе да се уморам да пишам против него, добар бил со глава.
Ако за Кутињо сум хард-кор против тоа да се позајми/продаде, за купување на Робен сум 100000 повеке против. Стаклара не ќе отвараме.
100 милиони, пола од парите на 2 докажани играчи, другите 50 на играчи како Санчез, Нејмар, Гансо (хелоу Милан), Тевез, итн.