Па ако веќе земаме луѓе што се бавеле со филмска уметност, има подобри... Педро Алмодовар може ако не ги бива америте... Шварци барем има стадион со негово име...
Колку на шала го пишав тоа, толку и го мислам.
Мал осврт на дечките од Примавера: една од работите кои лани ги читав за младите, е дека во академијата на Интер првите лекции се за чесноста и спортското однесување. Ако ги погледнете сите деца кои поминале во академијата на Интер, без разлика каде играат сега и на какво ниво се, ќе забележите дека безмалку сите се фер-плеј играчи со вистински однос кон играта и кон противникот на терен. Исклучок е до некаде Балотели поради недостаток на акл ама неговите глупости секогаш се на негова штета, а не на противникот.
Мал осврт на академијата на Барселона: фантастична генерација на фудбалери и актери. Од мали нозе упатени во филмската индустрија и се тоа ставено во служба на резултатот по секоја цена.
Мал осврт на играчите кои доаѓаат во Барселона: Маскерано, anyone?
Заклучок: не ми е потребен тренер кој ќе ги учи фудбалерите на неспортско однесување, театар, глумење повреди за црвен картон и победување противници на нечесен начин. Тој е срам за спортот и ако по некоја лоша среќа дојде во Интер и го спроведе истото, јас ќе му се придружам на Думан, оти таков Интер нејќам да гледам. Имаме капитен кој е пример за спортист и спортсмен фор фак сејкс!
И пред да се залетаат запаленковците, за кои немам ни време ни желба за дискусија, да разграничиме: едно е глумење фаул, нема фудбалер кој не одглумил. Сосема друго е организирање театарска претстава во која играч фаулиран во нога се држи за лице и се превиткува на терен, 5 играчи со се капитенот го тегнат судијата, клупата влегува на терен и сите глумат лудило, се со цел да се игра 11 vs 10... Токва стратегија сум гледал во општинска лига и таму треба да си остане, таму е местото за такви работи.
Затоа, не за Гвардиола во Интер!
Затоа, на 28-ми кога ќе играат Machester United и Team Hollywood, јас ќе си навивам за Манчестер, иако сум модератор на Филм и ТВ.