Не гледајте толку плитко, размислите малце подлабоко каде беа проблемите оваа сезона.
Поплитко од тебе на оваа тематика никој на форумов не гледа, Бенитез ја победи Парма ДОМА, ја победи Парма со друг тренер кој поради лошите резултати беше отпуштен и тн и тн ...
Ако одиме по
твоите логики, Леонардо е подобар тренер од Бенитез, ФАКТ,
било која паралела да ја правиме, Леонардо е подобар, убаво ти рече Талахасе, би мај гест зашто ко што велат, пред фактите и боговите молчат.
Незнам колку си свесен, али со изнесените работи тука, индиректно всушност, зашто ептен се испоплетка, призна дека човекот кој го нарекуваш скаут а не тренер, е подобар од човекот кој за тебе е сеуште добар тренер. :nesvest:
Па сеа види кој размислува плитко кој не ...
Каде беа проблемите оваа сезона ? Повреди еден куп, сите посочуваа на Рафа кон тоа, од експерти до Морати, ти мижеше пред истото, еве одговори ни тука на сите, бидејќи го бранеше Рафа и неговите фантастични методи, зашто сега тој проблем не егзистира кај Интер ? Точно е дека повредите беа
една од главните причини за лошите резултати, ама кој влијаеше врз истите ? Кој влијаеше врз тоа Интер за
прв пат по 10 години да има ваков проблем ?
Дури и човек кој работеше со Мурињо му кажа на Рафа да не се бламира со цедените играчи, да не звучи смешно и да смени режим на подготовки, НЕ, ни тогаш Рафа не беше крив ( според тебе ), Мурињо ги цедел али ги цедел до доаѓањето на Лео зашто откако дојде он проблемот повреди фамозно се изгуби.
Кој влијаеше да пукне атмосферата у тимот ? Кој беше во лоши односи со Снајдер, Киву, Милито и ред други фудбалери ? Ете ти уште една
главна причина плус зашто Интер имаа лоши резултати, ма не лоши, катастрофални, 3 победи од 11 последни меча до Лео не е лошо, преблаг збор е тоа.
Ете каде беше
главниот проблем сезонава, кај Рафа Бенитез, дури и ' скаутов ' да беше дел од Интер од старт на сезона сега
минимум 6 бодови повеќе ќе имаа на табела, што е доволно за да бидат
сеуште дел од трката за титулата, нешто што всушност не ни беше случај добри 4 месеци со Бенитез, бидејќи со него ко што знаеме сите, освен ти, Интер се
бореа за Лига Европа.
