Фан Клуб: Интер

Играчите минатата година го достигнаа својот лимит, се потрошија, прегореа.
Секако, да останеше Мурињо неминовно беше освојувањето на Скудетото, но да го повтореа успехот во Лига на Шамиони тешко, не верувам.
Toa со бенчот не го коментирам, нема смисла такви споредби да правиме ...
Нејсе тоа, тоа е де, Мурињо, Мурињо да останеШЕ играчите немаше да бидат потрошени, немаше да бидат стари, бар ретко ова второво кој ќе го приметеше ради резултатите на тимот и слично јес да после оваа сезона започнувањето на ремонотот е неминовно.
За ЛШ е потребно многу повеќе од добар тим, ко што вика Мурињо, од старт на сезона секоја екипа ( од фаворитите ) има 10% шанси да го освои тој трофеј, па со секој понатамошен прогрес у нокаут фаза тие шанси се зголемуваат се дур не дојдат до 50ката во финалето.

Ко што рече и Чекич погоре, тимот беше склопен за Мурињо, тоа ти е исто ко сега Ферги наеднаш да крене раце од Јунајтед без А да каже, тоа хаос ќе е таму, али тоа никад нема да се случи, не со Фергунсон.

Во тимот прво и основно од старт не требаше да се менува ништо, зборам од аспект на тренинг систем и тактички пристап во натпреварите, баш поради фактот што тимот веќе имаше најдено формула за успехот, Рафа не само што промени буквално СЕ, ги тргна и сликите на Мур со тимот од Апијано Џентиле, и тоа дури му сметаше, едноставно сакаше со тимот да има успех али истовремено да го потисне она што Мур го направи во екипата ( тоа е она што најмногу го уништи Интер оваа сезона, затоа оние кои ги водат приказните дека Морати бил најголем кривец истите нека му ги тераат или на фан на Милан, Јуве, или на некој трет кој нема апсолутно никакви познавања со она што се случува во тимов години и години наназад ), а такво нешто по една таква сезона лани беше невозможно.

Играчите што ги бараше дебелиот беа Кајт и Маскерано, 40 ебани милиони евра, ма и повеќе, Маскерано 25м евра, Кајт од 15 до 20, а со нив, и со неговите методи, дупло поголема ќе беше штетата во тимот, односно, дебаклот у полусезоната ќе беше зачинет со 40 милионски засилувања, профил на играчи од кои Интер немаше никаква потреба.
 
Уморни се играчите бе уморни се.
Најстар тим во цела Европа имаат, ви текна?

Занети како што знам има непуни 38 години, што уште очекувате од него???

Па Гигс има 37 години и виде како изигра?
 
Дечки гледам прерано почнавме да правиме анализа за сезоната,, јас само ке ви кажам дека не е готово додека е готово. Постојат многу кривици за оваа сезона , но сепак навивач на Интер кој и пред Пандев и пред многуте титули минативе години не е само навикнат на победи туку и на неуспеси.Поразот од Шалке ми ги врати горчливите мемории од времето на Гулиелменпретро (:pos:) така да кој било навивач го доживува истото во моментов или пак го горчи минатото. Подетална анализа ке направиме одкако ке заврши сезонава,а тоа не е денес. Како и да е никогаш не губи верба во овој луд тим :)
 
Еве денеска ке кренеш 110, така? Лимитот ти е толку, сам рече. После 2 дена ке кренеш пак 110, така? Океј све тоа, ама после 1 месец пак ке си на 110 кила или сега ке си на 115/120? Значи колку повеке си го туркаш телото, толку посилен стануваш, нели?

Буквално ги рабираш работиве.
Бројката од 110 килограми беше земена фигуративно, чисто да го означам мојот фигуративен максимум.

Играчите се стари и истрошени
-Милито има непуни 32 години
-Лусио (одбранбен играч екстремно битна позиција за тим како Интер) има 33 години
-Занети (клучниот одбранбен играч) непуни 38 години
-Самуел 33 години
-Киву 31
-Камбиасо 31

овие дечки додека вие серете како имале лоши резултати до сега имаат десетици илјади километри претрчано, искомбинрај го тоа со напорната сезона(освоија се што можеше да се освои)= колапсиран тим(енергетски мислам).

Ова се фудбалери, не се гладијатори.
Стварно не знам што очекувате од нив.

Па Гигс има 37 години и виде како изигра?
Гигс е ненормален, исклучок е он.
 
^ Зашто си тогаш се држиш до ставот дека со Мурињо поинаква ќе беше приказната ...
Милито 3 месеци пред да доживее дигресија во својата кариера беше прогласен за најдобриот играч во ЛШ за сезоната 2009-2010, да не цртам што све направи он лани за Интер.
Затоа и за пример ти ја дадов Барселона, нивните играчи изиграа и повеќе утакмици од играчите на Интер зашто голем дел од нивните моментални првотимци беа во првиот тим на Шпанија низ целото Светско Првенство.

--- надополнето ---

овие дечки додека вие серете како имале лоши резултати до сега имаат десетици илјади километри претрчано, искомбинрај го тоа со напорната сезона(освоија се што можеше да се освои)= колапсиран тим(енергетски мислам).
За се ова даде објаснување човек кој беше дел од тимот околу Мурињо, и сеуште е дел од тој тим во Реал, фитнес тренер е, убаво му го спушти на Рафа а пишав што кажал, еве ќе се повторам, играчите не се портокали па да се цедат туку така, се е до начинот на подготовки и тренинг режимот, ти Рафа тоа го правиш погрешно, кратко и јасно. Интер ја имаа убедливо најголемата фрекфенција на повреди у последниве 12 години и повеќе години, од кога јас пратам фудбал, затоа само го начнувам овој период а не и периодите претходно иако не верувам дека и тогаш имале ваков хорор, а тоа дефинитивно не е случајност зашто еве, откако дебелиот замина, повторно се врати во нормала оној проблем со повредени играчи.
 
Затоа и за пример ти ја дадов Барселона, нивните играчи изиграа и повеќе утакмици од играчите на Интер зашто голем дел од нивните моментални првотимци беа во првиот тим на Шпанија низ целото Светско Првенство.

Во овој случај неможиш да ги споредиш играчите на Интер со играчите на Барселона..рачунај дека на Барселона играчите се каде каде повоиграни и технички понадарени од тие што го има во составот Леонардо...едноставно Барселона ги има во составот Чави,Иниеста,Бускетс,Пујол,Пике,Виља,Педро ..играчи кои беа дел од Шпанија на СП а всушност овие играчи+ Месси се костурот на Барселона каде играат одличен фудбал надохнаден со одлични резултати..поентата ми е дека Барселона и играчите да му се истрошени е дотолку преквалитетен тим што и нема премногу да се чсутвува во текот на сезоната бидејќи едноставно лесно ги мелат противниците,што во случајот не беше со нашите играчи каде и против киево и лече се мачевме да стигниме до победи и во времето на Мурињо и сето тоа си дојде до израз....плус тука е старосната граница на играчите кај двата тима..кај нив само чави(и тоа 30-31 година) е малку постар(или поистрошен играч)..а кај нас сите клучни играчи(освен Снајдер) се преку 30 години (што тука и не беа чудо повредите) и рачунај на тоа дека и не се којзнае колку квалитетни на офанзивен план....
 
Поентата ми беше со повредите, Рафа на тоа се вадеше, сезона на многу изиграни натпревари плус СП, тоа му беше објаснувањето и така одговараше на сите оние обвинувања на негова сметка.
Еве, сега Леонардо е тренер на крај краева во истиот тој тим, направете само една паралела на тема повреди и се ќе ви стане јасно, нема потреба слепи со сила да се правиме.
 
За повредите во тимот не знам што да кажам освен тоа дека беа дел од тренинг режимите на Крофната..мислам тоа беше премногу очигледно..колку и тој да демантираше и колку бенеамата да го бранеше едноставно тоа беше факт и се докажа тоа со доаѓањето на Леонардо каде во случајот ги немаше истите проблеми од есенската полусезона.....
 
А најубава шанса ни беше ова бе... да играме против Мур... ебати манекените во тимот ебати...
 
А најубава шанса ни беше ова бе... да играме против Мур... ебати манекените во тимот ебати...

А ти очекуваше да го елиминираме Манчестер?:pos2:
 
После Мурињо се знаеше кој тренер и да дојде, ќе е две класи подолу, дури и Капело дa дојдеше ќе беше исто донекаде. Можеби ќе освоевме со Капело скудето, ама во ЛШ ќе бевме пак исто срање, ако не испадневме од Шалке, ќе испадневме од Реал/Барса/Манчестер. Подобро шо нема да освоиме ова година скудето, бидејќи пак Морати ќе изјавуваше дека тимов може следната година да освои ЛШ и пак никој немаше да купит. Морати сигурно знаеше дека Мурињо ако освои тројна круна, ќе си заминит, не одат така тие работи во еден ден тренер да решит шо да прави.

Со тоа шо напишав после онаква сезона, мислев на мотивацијата на играчите, не староста. Не прави скоро никаква разлика тоа дали играчите биле една година помлади или постари, според мене. Рафа беше fail, никој неможеше да го предвиди тоа шо се деси на Интер со него, но дека ќе се бориме со очајниот Милан во Италија и дека ќе испадниме од некоја посаглам екипа во ЛШ, се знаеше тоа. Во случајов ќе испадниме од Шалке, шо е за мене, исти стап.

Дали ќе бев задоволен со Маскерано или Кајт? Па како не ќе бев задоволен, посебно да го гледам Маскерано на местото на Камбиасо, кој е ова сезона изгубен. Интер беше заинтересиран само за овие двајца, но тоа незначит дека немаше други на трансфер пазарот. Робињо, Касано, Пацини да се земеше на лето, Кавани, Силва, Озил, Коларов и куп други. Да ги купевме Озил, Кавани и Коларов пример, каква Барса, какви бакрачи, абе со Јонус ќе ги тепавме. :) Ќе не чинеше скапо, некаде 70милиони, ама тие пари ги направивме само со трансфери летото, (Мурињо, Балотели, Кварезма, Бурдисо) немаше потреба да се "чепкаат" парите од тројната круна...

Морати се реши да штеди на стадионот шо го гради и го стави на "ризик" Интер да е ова сезона со zero титули и тоа му се врати...
 
Треба ремонт на тимот.
Дали оваа сезона или наредната ремонтот е неизбежен.
 
Ако се носеа играчи за Рафа, тоа ќе беа Кајт и Маскерано, другите се само ваши желби од форум, реалноста друго говореше, а со нив а без нив исто ќе беше, т.е. не, единствената разлика ќе беше тоа што ќе потрошеа 40м евра.
А тоа дека со Капело пак сигурно ќе паѓале у ЛШ од јаките тимови искрено од денешна перспектива по она што се случи лани ми звучи смешно, зашто ? Па само нека ти текне кои беа ставовите на темава по групната фаза лани.

п.с. А и за 70м евра инвестирање, уште една форум желба која се коси со реалноста, доволно е само да се погледне трансфер политиката и инвестирањето у последниве сезони, да кажеш да се потрошат 70м евра звучи слично ко и муабетите на Спасо у фан клуб на Баерн за инвестиции од 150м евра, нешто што едноставно никогаш нит били нит ќе биде карактеристика за управата на Баерн.
 
Па затоа реков, Интер беше заинтресиран само за овие двајца, тоа не значи дека немаше други играчи. Едно е да имаш невозможна желба, друго е да имаш желба сосем реална. Не беше реално да очекуваме еден класа фудбалер од 20 милиончиња после минатата сезона? Беше, ама не се деси, поради Морати се реши да штедит. Јас не очеквев да го донесат Чави, Меси или Роналдо во Интер, ама очеквев барем еден од Хамшик, Пасторе и Озил да го земат. Пак пуста желба да, ама реална и пак ќе кажам, ако сакаше Морати ќе донесеше еден од нив.

За тоа во групната фаза, абер немам шо пишувале. Лани, знаев дека ќе освоиме ЛШ, ако ја испадниме Барса, само од нив се плашев. Морам да признам дека и малце бев загрижен против Динамо Киев, ама 10минути тоа беше само. :)

ps.
Тоа со 70милиони е желба, од оние нереалните шо ги спомнав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom