Фан Клуб: Интер

Реално шансите се минимални, но најразочарувачи е да се предадеме уште од почеток. Подобро да се простиме со уште еден пораз но да се обидеме со една офанзивна формација да го направиме и невозможното...
Што и да се случи, никој не смее да биде незадоволен од една сезона без трофеј после она што го направи Интер последниве 5 сезони...

Aма ланската сезона освоивме 5 трофеи, разочарувачки ќе биди оваа година ако останиме со .!. во раце, а по се изгледа и така ќе биди(единствена шанса ни е купот на Италија)..тимот кој освоил 5 трофеи лани, оваа година го нема никаде, малце глупо е.
..утре од „стручњакот“ Лео очекувам офанзивна тактика, со тројца во напад, секако нема што да се загуби.
 
За разлика од вас, јас сакам да се мачиме, и онака нерешено да заврши или да изгубиме, small sacrifice for greater good.
 
Aма ланската сезона освоивме 5 трофеи, разочарувачки ќе биди оваа година ако останиме со .!. во раце, а по се изгледа и така ќе биди(единствена шанса ни е купот на Италија)..тимот кој освоил 5 трофеи лани, оваа година го нема никаде, малце глупо е.
..утре од „стручњакот“ Лео очекувам офанзивна тактика, со тројца во напад, секако нема што да се загуби.
Токму затоа... После тоа што го постигнавме не можеме да бидеме разочарани од овој Интер. Го нема Мурињо, дел од играчите веќе не се за прв тим па потребни се неколку нови засилувања.
Значи, за наредна сезона ке мора и Морати да го одврзе кесето. Тимот е стар, и Станкович, Занети, Милито време е да се преселат на клупа.
 
Токму затоа... После тоа што го постигнавме не можеме да бидеме разочарани од овој Интер. Го нема Мурињо, дел од играчите веќе не се за прв тим па потребни се неколку нови засилувања.
Значи, за наредна сезона ке мора и Морати да го одврзе кесето. Тимот е стар, и Станкович, Занети, Милито време е да се преселат на клупа.

Се согласувам. После онаква сезона, неможеме да сме разочарани. Ама од Морати и компанијата, и тоа како можеме.
 
Па да не беа Морати и компанија, таква сезона ни у сон немаше да видиме, немаше ни 5 скудета по ред да осетиме, нит Мурињо да го видиме во Интер ...
Да не засукаше рукави Морати, нит Калчополи некад ќе се десеше и начинот на функционирање на Јуве ќе продолжеше да се повторува.

Во ниту 1 спорт не е можно да си горе на врвот перманентно ( ниту пак да не се прават одредени пропусти и грешки ), проблемот е што многу фанови на Интер изникнаа во 2006 ( или па тогаш решија да го гледаат Интер асално ) па навикнати се само на победи, ама кога ќе ми текне дека има фанови на Јунајтед низ интернетов што удирале на тежок хејт кон Ферги, тогаш па зашто ова би ме изненадило.

Кога подобро ќе размислиш, се што е најголем успех во историјата на Интер е поврзано со едно презиме, а тоа е Морати.
 
^ Син за тебе не е срамна оваа сезона?
-Да примиш 5 гола од Шалке (просечна екипа) на домашен терен, од таа иста екипа и ќе биде елиминиран Интер.
-Да се бориш за второ/трето место во очајната Серија А

Никој не ги оспорува вложувањата на Морати во Интер, ама не смееше послем таква сезона во која бевме доминантни на сите полиња, после тоа да те нема никаде т.е да се врати тимот на нивото на кое беше до пред 5-6 години или во времето на Заморано, Џоркаеф и компанија.

П.С не сум симпатизер на Интер од 2006 :icon_lol:
 
Ја кажав кога Интер почна да тоне, кога Мурињо реши да ' им го сврти грбот ' и кога во тимот дојде еден од најлошите тренери у последниве 15 години што ги воделе Интер ...
Е сеа прикаските дека ако Интер вложувал поинаку ќе било на друг да му ги зборите од проста причина што ако се реализираа желбите на дебелиот, во тимот ќе дојдеа Кајт и Маскерано, една разлика што ќе беше у пм, може само Бреша дома ќе паднеше ...

Незнам вие што очекувавте по заминувањето на Мур, кажано е веќе, тренерот е пола екипа, кој и да дојдеше, Интер од коњ на магаре прејдуваше и тоа е тоа, срамно е што изгубија од Шалке ама па што тука Морати бил крив ? Не е ваљда крив што еден Занети наместо да игра џогираше на терен, али нејсе и тоа, имам разбирање за моменталниов Интер, 6те месеци на уништување на она што ги изгради Мурињо тука сакал некој или не ќе има дестртуктивен одраз врз Интер.

Како и да е, реков, Морати индиректно е една од причините зашто навиваме за Интер, го донесе Роналдо што е и најголема причина што надвор од Италија се избација бајаги фанови на Интер, а и кажав, му пукна филм па истото резултираше и со Калчополи каде Јуве завршија во втора лига а Моџи беше избркан од фудбалот у Италија, години покасно освоија нешто што ниту една екипа во Италија не го направила а само сети се како дојде Мурињо во Интер и какви услови му овозможи Морати за да он функционира во екипата.

Пак ќе се повторам, џабе и Маскерано и Кајт да му ги донесеа на дебелиот кога он ја уништи цела атмосфера во тимот ( нешто што се случичо по 5то коло во Италија ) и смени СЕ што беше градено изминатиот период.
'' Интелигентен човек во ваков тим ништо не треба да менува '' - Мурињо.

Тоа е тоа, мада налед и таа изјава кога и он си замина на педерски начин и на некој начин го остави тимот на цедило.
 
не бидете ко миланезите бе не се брукајте .... 5 години молеа берлускони да го продаде тимот ( за оние кои не научиле историја оној кој од просечни второлигаши ги направи најдоминантен тим во европа ) сега пркнаа малце и статута ќе му дигнат на плоштад. не го обвинувајте морати , едноставно сплет на околности ( повреди, некомпетентен тренер , тренер почетник , ужасна одбрана , импотентни милито и пандев итн итн ) доведоа до ваква сезона.
да не се лажеме овој тим е кроен само за мурињо и никој друг .... за да функционира треба ето да ора по лева страна , пандев да корне по цел терен и да игра пресинг , милито да влезе во 2 шанси и два гола да даде а не да влезе во 10 шанси по натпревар и 4 гола во цела сеззона да има , со мајкон да не си прават кариера играчи ко хурадо и бејл , занети да не си трчка по терен и да се влече , камбијасо да не ги шири рацете тука пресече некоја акција за промена ( верувајте ни лусио ни самуел не не спасуваат ако немаат подршка од занети и камбијасо ). и тако даље и тако даље
 
Yuuup, тоа е муабетот, затоа, Мур ако веќе се решеше да го прекрши договорот и ветувањето дека останува во Интер до крајот на истиот, можеше бар да седне на еден ден со цела управа и да им посочи негов наследник и да им ги објасни причините за истото ...
Ко Ферги што ќе го бира неговиот налседник, така требаше и Мурињо да постапи, односно, прво да дојде со тимот у Милано за да ја прослави титулата ( он веднаш по финалето отиде кај Перез ) и второ, нареден ден да седне на еден асален муабет со Морати и Бранка па потоа и да си замине.
 
Уморни се играчите бе уморни се.
Најстар тим во цела Европа имаат, ви текна?

Занети како што знам има непуни 38 години, што уште очекувате од него???
 
Уморни се играчите бе уморни се.
Најстар тим во цела Европа имаат, ви текна?

Занети како што знам има непуни 38 години, што уште очекувате од него???

Па Занети е најдобар во тимот моментално
 
Добро де, јас не реков дека Морати не вложувал или го мразам или сакам да си ојт од Интер. Реков дека разочара затоа што не донесе играчи, после онаква сезона и после заминувањето на Мурињо. Колку шо е заслужен Морати за петте титули лани, толку е и виновен за ова шо му се дешават на Интер денес, факт.
 
Новите играчи ќе беа Кајт и Маскерано, среќен ќе беше со нив ? Пиши пропало инвестици, поготово ванаби звонарот од Нотер Дам, Кајт, добро е што не му беа исполнети желбите на Рафа, зашто истите ќе коштаа 40 милиони евра бидејќи Ливерпул не попуштаа со своите барања.

Башка, Интер освоија Се што можеше да се освои до 22ри Мај 2010, до почеток на сезона имаше само 3 месеци а не 5 години па играчите така наеднаш да остарат, после тие 3 месеци се случи следново, секој натпревар повреден играч ( наводно Рафа не бил крив за тоа, сеа вториов дел од сезонава стигна онаа спротивна потврда ), нарушена атмосфера у тим по 5 кола, Киево против Интер изгледаше ко Барселона и тн и тн, значи после 3 месеци од освојувањето на она ебано СЕ, Интер станаа тим кој се бореше за влез у Лига Европа ...
Убаво му рече на Рафа 1 од асистентите на Мурињо, играчите не се портокали па да се цедат, постојат соодветни подготовки кои во тие моменти не беа карактеристични за Интер, од старт на сезона па низ сезоната, а ова се однесуваше на сите оние изјави во кои Рафа се правдаше дека не е он крив за повредите, туку дека играчите биле исцедени, потрошени и слично ( чудно како Барселона, која лани стигна до полуфинале и имаше меч помалку од Интер, и чии 7 првотимци стигнаа до финале на СП го немаа овој проблем )...

За Рафа не требаше да се носат 2-3 нови играчи, требаше да се донесе цел нов втор тим, 11 играчи кои ќе бидат адекватни замени за оној прв тим, те ради повредите ( во еден дел од сезоната беа повредени 12 играчи, 80% од нив првотимци ) те ради тоа што голем дел од првотимците кои беа дел од Интер и лани едноставно не го поднесуваа Рафа ( поготово Снајдер и Милито ).

Како и да ја вртите, све тргна удоле кога Мурињо сепак се реши да го напушти тимот ( у пакет со продолжувањето на договорот на Капело со Англија ), нешто за кое и Морати и фановите до последен момент веруваа дека нема да се случи.
 
Интер освоија Се што можеше да се освои до 22ри Мај 2010, до почеток на сезона имаше само 3 месеци а не 5 години па играчите така наеднаш да остарат,

Глеј сега на бенч јас кревам 110 кила, кога ќе додам макар 1 кило шипката веќе ми паѓа од раце.
Дали тоа е поради 1-то кило кое сум го додал или е поради тоа што мојот лимит е 110 кила?

Играчите минатата година го достигнаа својот лимит, се потрошија, прегореа.
Секако, да останеше Мурињо неминовно беше освојувањето на Скудетото, но да го повтореа успехот во Лига на Шамиони тешко, не верувам.
 
Навистина онака, кога ке седнеш да размислуваш, како може да се потрошат? Не се единствени кои играа фудбал, додуша колку што памтам на секој натпревар Интер имаше трчано помалку од своите противници (за времето на Мур) и имаше помал посед на токата. Да се уморат, сфаќам, ама да се потрошат и исцедат па и прегорат? Како? Не знам како го сфаќате ова, ама според тоа што го пишувате, еден играч може да има само една сјајна сезона, така? Затоа што автоматски другата е истрошен и потрошен и изгорен и изцеден... Немојте само да пишете дека Интер играл финале на ова на она... се на се тоа се 20/25 км повеке од другите тимови, и што, многу е тоа?

--- надополнето ---

Глеј сега на бенч јас кревам 110 кила, кога ќе додам макар 1 кило шипката веќе ми паѓа од раце.
Дали тоа е поради 1-то кило кое сум го додал или е поради тоа што мојот лимит е 110 кила?

Играчите минатата година го достигнаа својот лимит, се потрошија, прегореа.
Секако, да останеше Мурињо неминовно беше освојувањето на Скудетото, но да го повтореа успехот во Лига на Шамиони тешко, не верувам.

Примеров ти е...

Еве денеска ке кренеш 110, така? Лимитот ти е толку, сам рече. После 2 дена ке кренеш пак 110, така? Океј све тоа, ама после 1 месец пак ке си на 110 кила или сега ке си на 115/120? Значи колку повеке си го туркаш телото, толку посилен стануваш, нели?

Затоа и примерот ти е...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom