Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
сега на ладново има да собираш и раце да ти паднат... ама со мерак !
 
Мерџан, конечно дома :)

165388_187032981323533_100000504979882_620193_3299655_n.jpg


168755_187033037990194_100000504979882_620194_5641231_n.jpg


Сега, имам полни раце работа да го соберам.... :)

п.с. фаровите и маската ги наместив кај мајсторот за да можи да ја наштелува хаубата и крилата правилно.

Супер е уште малце и регистрација
 
сега на ладново има да собираш и раце да ти паднат... ама со мерак !
Ќути, уште осеќам последици од местењето на фаројте и маската... ми требаа 2 и пол сати, ојдов од 8 сабајлето, до 10 и пол ги местев... замрзнав.

Мада дома си е дома, како ќе имам време, ќе си чачкам полека полека. Башка ќе затопли времето, нема да биди -100 цело време :)

Супер е уште малце и регистрација
Ах, има уште доста работа за до регистрација... вратите комплетно се растурени, маската внатре сакам да ја променам треба да ја извадам од белиот пошто е 100% здрава и да ја монтирам на овај, а за тоа треба да го растурам и белиот речиси цел... Не се брзам, Ескордот ми е тука за возење, па како ќе стигнам така.

Џиш...eine kleine perversion!
Danke, па ајде и твојот болид да го видиме наскоро во ваква состојба :)
 
вреди, а верувам дека ако се ценкаш ке пушти нешто. но вреди како основа, има многу работа на него за да заличи на тоа што треба да личи
 

да да... добра цена.. 300 евра е добра цена за него... побрзај земи го додека не слушнал и он за терминот “олд тајмери“ или додека не видел некоја серија на ТВ за реставрација на стари коли па да му опне цена 2.300 евра... а па уште и ако му стави малку кит и го префарба може и до кај 5.000 евра да појде со барањата
 
Мал апдејт :)

Времето ми се погоди викендов, па надворешниот дел горе долу е до некоја финална фаза склопен... наместени сите хромирани лајсни на вратите, наместени ретровизорите, наместени сите рачки (со напомена дека предната десна треба да ја носам на клучар бидејќи не сака да отклучва на клучот), наместени гумиците на вратите и багажникот да не ми влегува вода :)

dsc00504c.jpg


dsc00503d.jpg


dsc00505yd.jpg


Уште лајсните, браниците и бришачите па надворешниот дел е комплетно среден.


п.с. мојот главен помошник (мачката Цуфка) шо ми спие на кола редовно... па е однадвор цела со шепи, незнам колку се приметува

163119_189778787715619_100000504979882_640705_5279960_n.jpg
 
склопвај склопвај, како што си тргнал Мерџан за месец дена ке се тркала по улици
 
Ако не врни снег.... можеби. Со оглед дека треба да ја сменам маската, (а донаторот ми е комплетен) имам прилично многу работа во тоа срање... Цел треба да се растури, ај на овај немам уште многу (километражот и воланот да го извадам за да ја извадам маската), ама другиот... треба 1 ден да го растурам. А згора на тоа моментално ми служи како магацин (читај 2 во 1) се што фали на овај е прибрано во другиот, па треба прво да поднаредам и да го ослободам па да го растурам.
 
Супер испадна. Еве еден ваков мерцедес педантно среден
woerthersee_2006_4_173_fhdr.jpg
 
Некаде околу стариот скопски пазар (?!) се наоѓал овој отпадот и видете што има

Сликано Ноември 2010


skopje_car_yard_by_chaylock-d32lu0q.png



За оние што не се разбираат.

(VW TYP 3 FASTBACK околу 65-67 година, немам повеќе слики точно да ви кажам)

1967_volkswagen_1600_fastback-pic-33374.jpeg


Opel Olympia (1950-51 отпрлика)
414701.jpg
 
Мал апдејт :)

Времето ми се погоди викендов, па надворешниот дел горе долу е до некоја финална фаза склопен... наместени сите хромирани лајсни на вратите, наместени ретровизорите, наместени сите рачки (со напомена дека предната десна треба да ја носам на клучар бидејќи не сака да отклучва на клучот), наместени гумиците на вратите и багажникот да не ми влегува вода :)

dsc00504c.jpg


dsc00503d.jpg


dsc00505yd.jpg


Уште лајсните, браниците и бришачите па надворешниот дел е комплетно среден.


п.с. мојот главен помошник (мачката Цуфка) шо ми спие на кола редовно... па е однадвор цела со шепи, незнам колку се приметува

163119_189778787715619_100000504979882_640705_5279960_n.jpg

Браво бе Dzish! Многу ми е мерак кога некој со ќеиф завршува ваква работа!
 
Некаде околу стариот скопски пазар (?!) се наоѓал овој отпадот и видете што има

Сликано Ноември 2010


skopje_car_yard_by_chaylock-d32lu0q.png



За оние што не се разбираат.

(VW TYP 3 FASTBACK околу 65-67 година, немам повеќе слики точно да ви кажам)

1967_volkswagen_1600_fastback-pic-33374.jpeg


Opel Olympia (1950-51 отпрлика)
414701.jpg

Ваков ист VW и тоа во далеку подобра состојба е има на излезот од Прилеп, кај Лук-Оил бензиската, во дворот од еден автомеханичар така стои. Каросериски изгледа добро сочуван, незнам каков е ентериерот, а моторот сигурно не го бива.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom