тончи, сите автобуси поеднечно ќе ги претставуваат и ќе се возат во нив?
и панделки ствари?
Може е ова нова кампања, панделка за секој автобус.
Нема веќе панделки и слични работи. Ова беше бидејќи е прв од двокатните автобуси.
Тончи , во улога на портпарол
Си го рекламирам сајтот бе. Сеа кај и да е ќе ми стигне порака од Мистичен со Алек (основачот на cOoLTuRa.mk) да им однесеме гајба пиво и кикирики и да ги гледаме Алек и Серпико како се контраат на политички теми додека сите останати пиеме пиво и грицкамеме кирики во одаите на Кајгана Медиа
Кажи повише ..како што..удобен ли е..се возеше ли на вториот кат.. се превртува ли на кривини,удира ли у надвожњаци.. како што сакаа некои зли јазици да оцрнат :tv:
Има една српска поговорка „Не куди коња којег ниси јахао“.
Прво пуштија нова линија 15-а, сега го путија катниот да кружи покрај влада. Ајде, чекам да видам јас со своите 2 метра како ќе се снајдам на спрат
Паа, ќе се снајдеш. Уствари може ако се наведнеш
Висината на горниот кат беше 170 и некој сантим. И онака горниот кат е предвиден само за седење, не и за стоење. Кај скалите има сензори кои бројат колку патници има горе и веднаш до сензорот има индикатор за тоа колку слободни места има горе. Доколку покажува 0 тогаш ќе си стоиш на долниот кат.
Детска радост беше за сите на горниот кат. Имаше еден новинар висок скоро 2 метри, не се сеќавам дали беше од Телма или од Алфа кој кажа: Абе џабе јадат гомна овие, горниов кат е ТоБ.
За време на обиколката учениците од ЈБТ кои седеа во Пјаца му аплаудираа на бусот