ајде освежување на темава. денеска се стигнати уште бајаги нови автобуси мислам дека се околу 20 ама да не лупам на памет така слушнав а за гледање ги видов лично. од новите видов дека има 22 23 57 65 и уште многу други ама не ми текнува. епа ај со среќа да ни служат и се надевам целосни ке останат подолг период
--- надополнето ---
Промовирани 17 нови нископодни и еден двокатен градски автобус
18 нови нископодни автобуси од утре ќе сообраќаат на скопските улици.
17 еднокатни и 1 двокатен автобус кој ќе се движи на релација Ново Лисиче – Карпош 4 ќе станат дел од новиот возен парк на ЈСП. Новите автобуси ќе ја подобрат сликата за градот, а граѓаните ќе добијат ефикасен превоз каков што заслужуваат вели министерот Јанакиески.
Тој најави дека до крајот на јуни ќе пристигнат уште 48 еднокатни а до септември 68 двокатни автобуси.
Според директорот на ЈСП, ова е досега најголема обнова на возниот парк на претпријатието.
Според градоначалникот Трајановски со новите автобуси ќе се намалат трошоците на ЈСП за гориво, резервни делови и одржување, а на граѓаните ќе им гарантираат удобност, поголема безбедност.
ИЗВОР
Новите автобуси кои во моментот сообраќаат на скопските улици достигна 32, или повеќе од 10 отсто од возниот парк на ЈСП е обновен.
Државата до 2013 ќе набави вкупно 80 нископодни и 202 двокатни автобуси.
Антонио Крстевски